ЗА ПРИВРЕМЕНИТЕ СУДИИ СО МНОГУ КОНСТАНТНО НИВО НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА И ЗНАЕЊЕ

Според Уставните судии

????????????????????????????????????

„Иницијативата е отфрлена бидејќи станува збор за темпорарен карактер односно привремен и судот нема правна снага да одлучува за тоа .Тоа не се прописи а дејството е веќе завршено за допрва да се одлучува. Иницијативата е отфрлена бидејќи имало рокови кои се дадени и сега веќе  истекле.“

Ова во превод значи:

 

Ете и јас така, за идните избори нема да можам да гласам, ама тоа е само привремено. Штом ќе поминат изборите ќе ми биде вратено правото на глас и можам колку што сакам да си го практикувам во периодот кога нема избори.

Можеби за некои други избори (по 11.12.2016) повторно ќе биде донесена таква темпорарна мерка со која повторно ќе ми биде одземено правото на глас, ама според ценетите судии тоа не е противуставно затоа што е привремено (важи само додека не завршат изборите).  Па потоа, повторно, ете така темпорарно нема да можам да гласам на локалните избори. Ама споре Уставниот суд тоа не значи дека е прекршн Уставот и не ми е одземено уставно гарантираното право на глас. Јас ќе си имам право на глас секогаш кога нема да има избори.

Или, уште попросто кажано, според уставните судии секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право, ама тоа може провремено да им биде одземено со темпорарна одлука за негово бришење од Избирачкиот список, со што не е повреден Уставот, затоа што е привремено.

Мислам дека судството треба да почне да се лекува од главата, или, привремено (на пример, на 10 години) да бидат отстранети од функцијата уставни судии сите горе насликаните.

КАКО ТОА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЈА РАЗРЕШАТ КРИЗАТА?

Груевски ни порача: “Доста беше, изборите се единствен излез од кризата чии заложници сме“

Никола ни вели: “Оваа двегодишна криза мора да заврши, а тоа може да се случи само со избори на кои граѓаните ќе изберат на кого ќе му ја дадат довербата да ја води државата.“

Прашањето е: што ќе сменат изборите? Една од причините за кризата е тоа што голем број граѓани не веруваат во демократичноста на изборите. Значи, избори во кои повторно голем број граѓани нема да веруваат нема да сменат ништо. Или, така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: Оваа криза мора да заврши. Зад неа не стојат никакви заложби за слобода на медиуми, ниту пак некаква демократизација и борба против корупцијата.

Прашањето е: како ќе бидат запрени оние кои мислат дека е загрозена слободата на медиумите, демократијата и дека власта е корумпирана? Со сила? Со закани? Со тортура? Или  така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

 Никола ни вели: Ова е слободна земја и овде народот одлучувал и ќе одлучи кој може да се справи со неговите реални предизвици и секојдневни потреби и проблеми.

Прашањето е: што ќе се случи со оние кои мислат дека народот не одлучува, дека власта не се бави со нивните потреби и проблеми, ако има избори во кои немаат доверба и на власт повторно дојдат тие во кои немаат доверба? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: Наша одговорност е да ги решаваме кризите, а не да ги креираме. Да решаваме проблеми, а не да бидеме дел од нив како што некој сака да не направи

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека во основата на кризата стои политиката на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: Избори мора да има и ќе има, а ние ќе ја понудиме најдобрата програма досега со многу нови проекти, реформи, мерки и цврсти гаранции за многу нови работни места.

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека овие програми се лажни, дека проектите не се во интерес на граѓаните, дека нема реформи и дека отворањето работни места е балон од сапуница? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: медиумите се слободни, судовите се независни, а за мешањето на државата и партијата не смее ни да се зборува.

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека медиумите не се слободни, дека судството не е независно и дека има мешање на партијата и државата? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

 Никола ни вели: Услови за избори има и избори ќе се одржат. Секој може да учествува на тие избори или да не учествува, и тоа е слобода, односно и негласањето или неучествувањето на избори е одлука и еден вид учество во демократија. Така функционира демократијата. Мнозинството одлучува

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека нема услови за фер и демократски избори? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели:  Ве повикувам да ни се придружите. Да го подигнете гласот за нашата кауза, за нашата цел и програма. Ве повикувам да работиме заедно за да заврши оваа криза. Да ни се приклучите во нашите идеи, за харбри и големи чекори.  

Прашањето е: штоќе се случи со луѓето кои не сакаат да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ, кои не сакаат да го дадат својот глас за каузата на ВМРО-ДПМНЕ за таа програма и за тие цели?  Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Што ако преку ноќ не им пукне пред очи на тие граѓани и не се осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале? Како тогаш ќе се справи Груевски со кризата? Или, едноставно ќе се справи со луѓето?

ЗОНА НА СОМРАКОТ – МАКЕДОНИЈА или ШТО МИСЛИ ГРУЕВСКИ ЗА НАРОДОТ

Обраќањето на Никола Груевски  по повод денот на независноста на Република Македонија, дава ново значење на поимот ЗОНА НА СОМРАКОТ и експериментот Филаделфија.

Што ни кажа Премиерот во своето обраќање на 8.09.2015 година?

Премиерот ни соопшти дека на овие простори од секогаш живеел еден народ, но и други граѓани од различни етнички заедници и религии за кои Бог одлучил да  живеат на овие простори. Тој народ имал една мисла, да формира своја држава, која ја формирал во 1991 година, после формирањето на сопствена држава по Втората светска војна

Премиерот не поучи дека во 1991 година Македонија се ослободила од повеќеилјадигодишното ропство  кое настапило по пропаѓањето на империјата на Александар Македонски, а која низ вековите останува синоним со кој се поврзуваат   и идентификуваат луѓето кои живеат на овој простор.

По признавањето на државноста која била остварена по Втората светска војна, како резултат на борбата предводена од комунистите,  следела мачна борба за сопствена државност во која народот морал да се да се избори со комунистите кои го признале постоењето на малите народи и ја признале државноста на Македонија.

Вистинските борци и маченици за слободна Македонија, се пратениците од првиот пратенички состав на Собранието на Република Македонија од 1991 година,  кои успеале по цена на невидени ризици, напори и маки да ни ја донесат слободата, а посебно место во борбата за слобода на Македонија има Јордан Мијалков како министер за внатрешни работи.

Конечната битка започнала со референдумот за нзависност во кој сите што живеат на овие простори го дале својот глас. Од тој момент Македонија континуирано напредува и реди успеси. На тој пат на успехот НАТО и ЕУ остануваат на врвот на нашите приоритети, а попатно ќе спроведуваме и реформи кои ни ги бараат.

Во натамошниот напредок се судираме со неколку помали проблеми:

Прв проблем е јужниот сосед (оној, чие име не се изговара). Според Премиерот, тој проблем може многу едноставно да се реши до компромис кој би се состоел во тоа што соседот чие име не се изговара ќе се согласи  да седне на маса, на еден искрен муабет после кој ќе признае колку грешел сите овие години.

Втор проблем е слабата и неспособна опозиција која не може да и парира на владеачката партија и која мора да биде зајакната. Оваа и ваква опозиција е виновна за лошиот успех на учениците и поттикнува лошо и неквалитетно образование, го стимулира незнаењето и ја гради својата политика врз незнаењето (посебно на математиката) и  ја упропастува светлата иднина на генерациите ученици со ветување дека нема да мораат да учат математика.

Трет проблем е марихуаната која не смее да се легализира затоа што ќе направи многу лоши работи.

Четврт проблем се сиромашните бегалци кои се спремаат да нагрнат на Македонија, а немаат пари за превоз и кои имаат различни култури, различен степен на образование, различни религии, обичаи и начини на размислување и делување (што ги прави посебно опасни).

Петти проблем е Охридскиот рамковен договор, кој ги уништил меѓучовечките односи, меѓутоа, за среќа се појавиле поплавите кои повтрно ги приближиле луѓето едни кон други.

Шести проблем се жените кои не внимаваат на својот фертилитет, меѓутоа Владата нашла успешни решенија и раѓањето деца го претворила во најмодерна и најкултурна работа.

Владата е исправена пред голем предизвик  заради тоа што треба да се справи со  народот кој нема основни морални вредности, кој има отпор кон учењето и знаењето; мора да се посвети на провлекување способни бизнисмени – странци, заради тоа што овие домашните се потполно неспосбни; има задача да ги среди   неспособните наставници кои не прават никакви проверки на знаењето, не спроведуваат никакви тестови освен кога државата ќе ги прсили да прават екстерно тестирање и  кои најчесто се корумпирани, необјективни, подмитливи; со луѓето кои печалат пари, а кои не ги сакаат своите деца, немаат време за нив и ги подмитуваат наставниците; со младите кои се здружуваат и искажуваат поинакво мислење од она на власта што е катастрофално за општетсвото; со администрацијата во која се до 2015 се вработувале неспособни незналици без никакви квалификации, заради тоа што се до тогаш знаењето воопшто не било критериум при вработувањето во државната администрација.

Свесна за огромниот политички ризик Владата сепак се решава да ја воведе математиката како испит во матурата заради тоа што без математика  луѓето се интелектуално инфериорни и во исто време  прави грандиозни чекори кон постигнување поголема правичност со интензивно и секојдневно менување на сите закони кои претходно ги донела таа самата.

ЗА СЕКОЕ ИСЕЧЕНО ДРВО, ЗА СЕКОЈА УНИШТЕНА РЕКА, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И ЗАГАДЕНАТА ВОДА, ЗА УНИШТЕНИТЕ ПЛАНИНИ, МОРА ДА ОДГОВАРААТ КОНКРЕТНИ ЛУЃЕ КОИ СЕГА СЕДАТ ВО МНОГУ КОНКРЕТНИ ФОТЕЉИ

Според член 118 од Уставот на Република Македонија:
Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се
дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Тоа значи дека ратификуваните меѓународни договори се на повисоко ниво од националните закони и доколку законите или подзаконските акти се спротивни на истите, ќе се примени меѓународниот договор.

Македонија ја има ратификувано “Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина“.

Според членот 1 од оваа конвенција: за да се придонесе кон заштита на правото на секој поединец од сегашните и идните генерации да живее во животна средина што е соодветна за неговото здравје и добросостојба секоја држава ќе гарантира учество на јавноста во одлучувањето кај прашања поврзани со животната средина.

Според оваа конвенција граѓаните треба да бидат информирани за сите активности кои ги презема власта а кои се одразуваат на животната средина и да учествува на сите нивоа и во текот на целокупната процедура на одлучување за преземање на одредени активности кои се одразуваат на животната средина.

Граѓаните мора да имаат можност да дадат свои мислења, забелешки, идеи, анализи за конкретните прашања.

Граѓаните имаат право да учествуваат во изработката на сите планови и програми кои на било каков начин имаат влијание врз животната средина.

Граѓаните имаат право непосредно да учествуваат во изготвувањето на законите и на подзаконските акти како и на одлуките кои се однесуваат на животната средина.

Според оваа конвенција граѓаните мора да имаат право на соодветна судска заштита (бесплатно или по многу ниска цена).

Picture1ДАЛИ БИЛО КОЈ ОД ВАС ОДЛУЧУВАШЕ ЗА СЕЧЕЊЕТО НА ДРВЈАТА, ЗА ГРАДЕЊЕТО НА ВОДНО, ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ДЕЈСТВИЈА КОИ ЈА СПРЕЧУВААТ ЦИРКУЛАЦИЈАТА НА ВОЗДУХ ВО ГРАДОВИТЕ, ЗА ДЕПОНИИТЕ, ЗА СОБИРАЊЕТО НА СМЕТОТ, ЗА ОТВОРАЊЕТО КАМЕНОЛОМИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР, ЗА ИСКОПИТЕ ВО РЕКИТЕ, ЗА ПРОМЕНАТА НА БРЕГОТ НА ЕЗЕРАТА, ЗА  …?

АКО Е ОДГОВОРОТ НЕ, ТОА Е ВАШ ПРОБЛЕМ. ВЛАСТОДРЖЦИТЕ ГО КОРИСТАТ ВАШЕТО НЕЗНАЕЊЕ, И ВАШАТА ГЛУПОСТ И ВАШАТА ИНЕРТНОСТ И ЈА УНИШТУВААТ ВАШАТА И ИДНИНАТА НА ВАШИТЕ ДЕЦА.

АНАЛИЗА НА ГОВОРОТ НА ГРУЕВСКИ од 15.03.2015 (втор дел)

Во својот говор Никола Груевски не зборува за одговорност, за отчетност, за давање рачун и за препознавање на грешките.

Во ситуација кога опозицијата бара одговорност за направени прекршувања на Уставот, на меѓународните договори и на националните закони, во 13-те страни од говорот на Никола Груевски одговорноста се спомнува два пати:

– Затоа што народот бара од политичарите да бидат одговорни
– ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија

Опозицијата обвинува дека владеачката структура предводена од ВМРО-ДПМНЕ го прекршила Уставот, ги прекршила меѓународните договори и ги прекршила националните закони за одредени многу конкретни прашања.

И Груевски свикува собир на кој сака да даде одговор. Тоа многу јасно го кажува уште на почетокот на својот говор:

– Нема избори, но ќе има одговор. Сериозен одговор!

Нормално е да се очекува неговиот говор да претставува одговор на обвиненијата истакнати од страна на опозицијата, говор кој е поттикнат од обвиненијата на опозицијата и кој нуди одговори на овие обвиненија.

Меѓутоа, во својот говор Груевски не зборува за обвиненијата на опозицијата.

Тој зборува за нешто сосема друго.

На пример, во својот говор Груевски ни соопштува дека:

Од 2006 до сега изградени се 45 основни и 5 средни школи

Во материјалите кои ги презентира опозицијата не станува збор за тоа дали се изградени основни и средни училишта или не. Колку што се сеќавам, никаде не беа спомнати основните и средните училишта. Не беа спомнати ни автопати или издвојувања за социјална заштита.

Меѓутоа, Груевски зборува за нив. Тоа значи дека Груевски одговара на прашања кои не се поставени. Дава податоци и отчет за нешто за што не му се побарани податоци и отчет. За што не е повикан на одговорност.

Во исто време, Груевски не одговара на поставените прашања. На пример: дали во министерството за внатрешни работи за време на изборите имало штаб на ВМРО-ДПМНЕ? Во целиот говор нема одговор ниту на ова ниту на некое друго прашање поставено од страна на опозицијата.

Тој си одговара на некои други, прашања кои никој не му ги поставил.

Тоа е исто како на суд, судијата да го праша обвинетиот дали го украл автомобилот, а тој да му објасни дека дома има градина во која одгледува зеленчук кој е со исклучително добар квалитет и сите комшии го фалат како многу добар градинар.

Всушност целиот говор на Никола Груевски претставува голема замена на теза, дефокусирање на вниманието од поставениот проблем. Избегнување да даде одговор и да преземе одговорност.

Што би рекол народот, не прави будали при здрав разум.

Amici-Aug-2013-1