МАКЕДОНИЈА

серијал за името, државноста, соседите …

ЗА ИМЕТО

Како што веќе неколку пати спомнав, мислам дека не може да  зборуваме  за развој на граѓанското општество и на демократијата без да ја прифатиме алтернативноста како принцип на делувањето и размислувањето. Ова подразбира отсуство на табу теми (теми кои не смеат да се коментираат, анализираат, поставуваат на дневен ред) и отсуство на еднозначност во решенијата што се нудат во било која област. Прашањето на името не е исклучок.

Јас припаѓам на луѓето кои мислат дека граѓаните може и треба да разговараат за името на  сопствената држава, за импликациите на спорот со името врз секојдневниот живот и за можните решенија кои би не извеле надвор од затворениот круг во кој се наоѓаме.

И покрај тврдењата на владеачките и невладеачките политички партии дека постои апсолутен консензус на граѓаните за тоа дека името на државата не треба да се менува, луѓето разговараат за тоа и нудат различни идеи.

Мене ми западнаа за око две можни решенија.

Првото (на кое јас лично му давам предност) е: Вардарска Македонија. Зошто?

  1. Вардар е симбол кој поврзува повеќе историски етапи од развојот на овие географски простори
  2. Тоа е симбол кој нема етнички предзнак
  3. Постоењето на Вардарска Македонија подразбира постоење и на други делови од географската целина Македонија (како: егејска, пиринска, горанска, преспанска)
  4. Името Вардарска Македонија фигурира во историјата во повеќе наврати и се поврзува конкретно со овие простори

Во прилог е интересна мапа од 1946 година на која се спомнува Вардарска Македонија.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Второто решение е Северна Македонија. Ова решение (и покрај интересните географски импликации) помалку ми се допаѓа заради отсуството на елементо на обединувачки симбол.

Мирјана

САМО КАКО РАЗМИСЛА

Историјата е многу интересно нешто. Таа може да биде искористена на најразлични начини. За добро и за лошо.

Може да послужи за градење на иднината (учиме од грешките, не ги повторуваме, напредуваме, се надградуваме).

Може да послужи како бајка за возрасни (која им се раскажува да не се плашат од мракот, и од чудовиштата под креветот, во која малиот Петре го победува моќниот џин и среќно живее во златниот дворец за секогаш).

Најлошо е кога се употребува  за замаглување на сегашноста. Се наоѓа некој кој цело време ги врти главите на луѓето наназад за да не видат  каде се, каде одат, што им се случува. Во оваа употреба воопшто не е важно што се случувало, во кој контекст, кои биле последиците.  Важно е да се убедиме дека сме биле големи (многу големи) и моќни (многу моќни) и дошле лошите, подли, примитивни (некои) и не зезнале. Да не било така, ќе сме си биле големи, и паметни, и немало да ни се случува ова што ни се случува и да бидеме овде каде што сме, туку кој знае каде.

Понекогаш седам и се прашувам: добро, што ако постоела Голема Албанија? Дали тоа ќе ги направело поинакви Албанците, дали ќе биле понапредни, подемократски, попаметни? Што ако имало голема Србија? Што ако имало голема Македонија? Ќе имавме некои други луѓе, други политички партии, други политичари на власта и веднаш до неа, друго ѓубре по улиците?

Што ќе промени утре Грција да рече: да вистина е, згрешивме, вие сте потомци на Александар Македонски и името Македонија е ваше и ничие друго? Дали тоа ќе обезбеди поголеми плати, помалку корупција, независно судство, слободни медиуми?


  Photobucket  Photobucket Photobucket

Зошто не можеме да имаме поголеми плати, помалку корупција, независно судство, слободни медиуми сега? Што не спречува? Името? Тоа што не сме во НАТО? Тоа што не сме во ЕУ?

Не сум за откажување од имиња (јас сум и против традицијата жените да го менуваат презимето кога стапуваат во брак затоа што мислам дека името/презимето е дел од идентитетот на човекот), меѓутоа, многу сум против да се замачкува вистината, дека покрај името и историјата има многу други работи кои зависат од нас самите овде и сега и кои нема потреба да ги одлагаме додека не утврдиме кои ни биле поблиските и подалечни претци.

Мирјана

ЗОШТО ИСТИТЕ ПРИНЦИПИ НЕ СЕ ПРИМЕНАТ НА КОСОВО?

За секоја од новите држави спроведена е посебна процедура и морале да бидат исполнети посебни услови. За исполнувањето на условите дава мислење специјално формирана комисија и дури после тоа следи и официјално признавање.

Declaration on the `Guidelines on the Recognition of New States in Eastern Europe and in the Soviet Union’ (16 December 1991)

In compliance with the European Council’s request, Ministers have assessed developments in Eastern Europe and the Soviet Union with a view to elaborating an approach regarding relations with new states.

In this connection they have adopted the following guidelines on the formal recognition of new states in Eastern Europe and in the Soviet Union:

The Community and its Member States confirm their attachment to the principles of the Helsinki Final Act and the Charter of Paris, in particular the principle of self-determination. They affirm their readiness to recognize, subject to the normal standards of international practice and the political realities in each case, those new States which, following the historic changes in the region, have constituted themselves on a democratic basis, have accepted the appropriate international obligations and have committed themselves in good faith to a peaceful process and to negotiations.

Therefore, they adopt a common position on the process of recognition of these new States, which requires:

– respect for the provisions of the Charter of the United Nations and the commitments subscribed to in the Final Act of Helsinki and in the Charter of Paris, especially with regard to the rule of law, democracy and human rights

– guarantees for the rights of ethnic and national groups and minorities in accordance with the commitments subscribed to in the framework of the CSCE

– respect for the inviolability of all frontiers which can only be changed by peaceful means and by common agreement

– acceptance of all relevant commitments with regard to disarmament and nuclear non-proliferation as well as to security and regional stability

– commitment to settle by agreement, including where appropriate by recourse to arbitration, all questions concerning State succession and regional disputes.

The Community and its Member States will not recognize entities which are the result of aggression. They would take account of the effects of recognition on neighbouring States.

The commitment to these principles opens the way to recognition by the Community and its Member States and to the establishment of diplomatic relations. It could be laid down in agreements.

Declaration on Yugoslavia (Extraordinary EPC Ministerial Meeting, Brussels, 16 December 1991)

The European Community and its Member States discussed the situation in Yugoslavia in the light of their Guidelines on the recognition of new states in Eastern Europe and in the Soviet Union. They adopted a common position with regard to the recognition of Yugoslav Republics. In this connection they concluded the following:

The Community and its Member States agree to recognize the independence of all the Yugoslav Republics fulfilling all the conditions set out below. The implementation of this decision will take place on 15 January 1992.

They are therefore inviting all Yugoslav Republics to state by 23 December whether:

– they wish to be recognized as independent States

– they accept the commitments contained in the above-mentioned Guidelines

– they accept the provisions laid down in the draft Convention – especially those in Chapter II on human rights and rights of national or ethnic groups – under consideration by the Conference on Yugoslavia

– they continue to support

– the efforts of the Secretary General and the Security Council of the United Nations, and

– the continuation of the Conference on Yugoslavia.

The applications of those Republics which reply positively will be submitted through the Chair of the Conference to the Arbitration Commission for advice before the implementation date.

In the meantime, the Community and its Member States request the UN Secretary General and the UN Security Council to continue their efforts to establish an effective cease-fire and promote a peaceful and negotiated outcome to the conflict. They continue to attach the greatest importance to the early deployment of a UN peace-keeping force referred to in UN Security Council Resolution 724.

The Community and its Member States also require a Yugoslav Republic to commit itself, prior to recognition, to adopt constitutional and political guarantees ensuring that it has no territorial claims towards a neighbouring Community State and that it will conduct no hostile propaganda activities versus a neighbouring Community State, including the use of a denomination which implies territorial claims.1

ПРОТИВ НЕЗАВИСНОСТ НА КОСОВО

Јас лично сум против едностраното прогласување на независноста на Косово заради тоа што:

1.      Со тоа се задава удар на можноста да постојат мултикултурни општетсва. Наспроти убедувањата кои доаѓаат од страна на западните демократии дека мултикултурноста треба да се одржува, заштитува и промовира, во случајот на Косово, истите тие држави подржуваат создавање моноетнички држави. Зошто Албанците не можат да останат во Српската држава и заедно со Србите да влезат во ЕУ каде што границите ќе станат ирелевантни. Ако тоа важи за нас зошто да не важи и за Албанците.

2.     Со тоа се негира значењето на меѓународните договори и значењето на ООН. Имено ООН имаат донесено резолуција која претставува своевидна договорна гаранција дадена на една држава, а која сега се негира и едноставно без да биде укината или заменета воопшто не се почитува.

3.     Со тоа се враќа тркалото на времето назад во далечната 1911/12 година кога во многу слична ситуација истото прашање под притисок на истите САД е решено на ист начин и потоа работите добиваат сосема друг тек и САД се повлекуваат, а Косово останува во Србија. Доколку се смета дека тогашп им била нанесена неправда на Албанците, тогаш да ги разгледаме сите неправди направени во овој период. Ако го враќаме времето назад, да се врати за сите, а не само за едни.

4.     Со тоа се покажува дека и распадот на СФРЈ може да е направен со цел постигнување такви географски преструктуирања кои ќе овозможат директно влијание на САД и создавање територии кои во секој момент може да послужат како американски бази во продорот на исток.

5.     Заради тоа што сето тоа нема врска со човековите права и слободи.

Мирјана

ЗА ИМЕТО

ВЕЌЕ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ИМЕТО ТУКУ ЗА ДЖАВАТА

Неофицијален превод на целосниот текст на предлогот (19.02.2008) од Нимиц со максимално неофицијална анализа:

Во продолжение на разговорите кои се одвиваат согласно со Членот 5. на Билатералната спогодба од 13-ти септeмври 1995, последователната обврска за разбирање се содржи во Страните (Првата страна застапувана од амбасадорот Василакис – „Прва страна“; и Втората страна застапувана од амбасадорот Димитров – „Втора страна“) како предлог за усогласување околу прашањето за „името“ и слично.

= Многу лош превод =

I – Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како меѓу двете земји, така и во регионот;

= ОВА Е МНОГУ лошо – ГО ВНЕСУВА ЕЛЕМЕНТОТ НА БЕЗБЕДНОСТ КАКО КЛУЧЕН И ПОКРАЈ ТОА ШТО ЗА ТОА НЕМА НИКАКВА ОСНОВА. УШТЕ ПОМАЛКУ ИМА ОСНОВА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ ВО КОНТЕКСТОТ НА ВОЈНА И МИР (ДАЛИ СО ТОА СЕ ПРИФАЌА ТВРДЕЊЕТО НА ГРЦИЈА ДЕКА МАКЕДОНИЈА БЕЗБЕДНОСНО ЈА ЗАГРОЗУВА И ДЕКА ПОДГОТВУВА ИНВАЗИЈА НА ГРЧКА ТЕРИТОРИЈА? ВО ОВАА СМИСЛА ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДА И НА  СПОМНУВАЊЕТО НА рЕЗОЛУЦИЈАТА 845

II – Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел, во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993).

1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

=МНОГУ ЛОШО. ОДЕДНАШ СЕ ПОАЈВУВААТ ТРИ ДЕЛА ВО РАМКИТЕ НА ГРЦИЈА И ЕДЕН ДЕЛ НАДВОР ОД НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ.

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија.

ОВА Е + ЗА МАКЕДОНИЈА

3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна кое што се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1).

= ЛОШО – УСТАВНОТО ИМЕ ВЕЌЕ НЕ Е ОФИЦИЈАЛНО ТУКУ ЗА ПРИВАТНА УПОТРЕБА.

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

4. (Веројатно: Со) Официјалното меѓународно име ќе се замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш.

= ЛОШО. СЕ ЗАКОПУВА КЛУЧНОТО – ДЕКА ТОА БИЛО РЕФЕРЕНЦА (А НЕ ИМЕ) И ДЕКА НИЕ ДО СЕГА НЕ СМЕ ИМАЛЕ „МЕЃУНАРОДНО ИМЕ“ (СИТЕ БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ ПОТПИШАНИ КАКО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПАЃААТ ВО ВОДА И СЕТА ДОСЕГАШНА БОРБА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ВАКОВ ВИД БИЛАТЕРАЛНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ)

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвеции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации.

= во корелација со т. III – СО ОВА СЕ МЕНУВА ЧЛ. 11/1 ОД ИНТЕРИМ АКОРДОТ(ОДНОСНО, ОД КОРЕН СЕ МЕНУВА ПРИСТАПОТ ЗА КОЈ ДО СЕГА СЕ ИЗБОРИ МАКЕДОНИЈА)

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

6. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува онаму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) согласно со востановената пракса која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса која што се применува генерално од државите, освен од страна на оние кои што се споменуваат во подолниот параграф 7.

= погледнати заедно 6 и 7 значи дека кратенките мк и мкд утврдени во исо (International standardization organization) ЌЕ ОТПАДНАТ, А ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ КОРИСТЕЛО fyrom КАКО ШТО Е СЛУЧАЈОТ СО ЕУ ЌЕ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ.

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

7. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава.

= ЛОШО. ЗБОРОТ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ТИПИЧНО И АТИПИЧНО ОД ПРВАТА СТРАНА (ГРЦИЈА).

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“ или „Македонски“.

=ЛОШО. ТОА ШТО СМЕ ПОСЕБНА ДРЖАВА И ПОСЕБЕН НАРОД НИКАДЕ НЕМА ДА ФИГУРИРА КАКО ПОСЕБНОСТ БИДЕЈКИ СЕКАДЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОКЛОПЕНО (ИЗМЕШАНО) СО ЗГОЛЕМЕНА УПОТРЕБА ОД СТРАНА НА ГРЦИЈА.

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

9. Имињата „Македонија“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните, или организирани групи, правно признати од двете Страни, но само согласно и субјекти во постоечката меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слични цел.

= ОВА Е ВЕЌЕ НАВЛЕГУВАЊЕ ВО СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ, ЗДРУЖУВАЊЕ И МИСЛЕЊЕ.

III – Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до оние кои што се видоизменети подолу.

IV – Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна.

=  ЕПТЕН ЛОШО – ПОВТОРНО СЕ ПОСТАВУВА КАКО прашање на војна (МЕЃУТОА САМО МАКЕДОНИЈА ГО ИМА СМЕНЕТО УСТАВОТ, НЕ И ГРЦИЈА)

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

V – Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување на мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да осигураат да го потврдат својот придонес за тесна соработка околу безбедносните прашања и еконосмскиот развој, како и останати прашања од заеднички интерес.

VI – Страните ќе го изразат својот предлог да отпочнат разговори со цел создавање една заедничка комисија која што ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што истите ќе доставуваат предлози до комисијата.

VII – Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората Страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт.

= ОВА, Е ПРАКТИЧНО ЕДИНСТВЕНА ОТСТАПКА НА ГРЦИЈА, А ВО ПОЛЗА НА МАКЕДОНИЈА.

VIII – Втората Страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата Страна.

= ЛОШО. НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ ЗА ВОЗНЕМИРЕНОСТА И ЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗАРАДИ НАЗИВОТ МАКЕДОНИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО СОЛУН. ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА МЕНУВА, НО НЕ И ГРЦИЈА?

ОВА Е + ЗА ГРЦИЈА

IX – Втората Страна ќе делува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која што се споменува во горе наведениот параграф II, за да се обезбеди согласно нејзината легислатива прифаќање на Официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со соодветната резолуција на Советот за безбедност.

= АКО СЕ ИМА ПРЕДВИД ДЕКА РЕЦИПРОЦИТЕТОТ Е ОСНОВНО ОРАДИЕ КОЕ ИМ СТОИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ ВО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА СВОЈОТ СТАТУС ВО ОДНОС НА ДРУГИТЕ ДРЖАВИ И АКО СЕ ПРЕБРОЈАТ ПРИДОБИВКИТЕ НА ГРЦИЈА И ПРИДОБИВКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ГОРНИОТ ДОКУМЕНТ, ТОГАШ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА НИШТО ДРУГО ОСВЕН ЗА КЛАСИЧНА КАПИТУЛАЦИЈА.

Доколку навистина сакаме договор за името, тогаш тој договор во себе мора да содржи отстапки и на двете страни. Ако од Македонија се бара клучната отстапка во однос на уставно признатото име, тогаш Грција треба да направи дебели отстапки по сите прашања. Тоа би било во духот на меѓународното јавно право.


1. Upon entry into force of this Interim Accord, The Party of the First Part agrees not to object to the application by or the membership of the Party of the Second Part in international, multilateral and regional organizations and institutions of which the Party of the First Part is a member; however, the Party of the First Part reserves the right to object to any membership referred to above if and to the extent of the Party of the Second Part is to be referred to in such organization or institution differently than in paragraph 2 of the United Nations Security Council resolution 817 (1993).

(изготвено во соработка со Маниту Велики)

ЗА ГРЦИТЕ, ЗА КОСОВО, И ЗА …

Ни претстои голем собир на кој ќе извикуваме Македонија – Македонија и по кој ќе си замине потполно среќни дома, исполнети со самозадоволство што на тие клети Грци, а море и на целиот свет им објаснивме бе – што има они таму да се занесуваат – они на нам ќе ни бирале име!

Исто така, ни претстои нова рунда преговори во Њујорк, свикана супер брзо што не исполнува со страв, јербо пак она нашине ќе оплескаат, а се’ што треба е да плеснат со бокс по маса и да му објаснат на тоа Нимицот дека ако треба … ќе да’еме ама името – ни да не’ колат ни да не’ бесат.

Во такви услови, извесно е, ќе ни побегнат некои сосема основни перцепции. На пример, како тоа до вчера Грците нејќеа да чујат за зборот Македонија во нашето име, а сега – одеднаш – сакале и тие решение што ќе го сочува нашиот дигнитет и ќе сме си живееле среќно/среќно; како добри соседи и уште подобри другарчиња. Зар сега веќе не е важно дека сме им ја „краделе“ и „фалсификувале“ историјата? И зошто веќе не инсистираат на својот ексклузивитет на брендот Македонија? Впрочем, тоа јасно произлегува од т. 8, погледната во контекст на т. 1 и 2 од оној мератен предлог на Нимиц. Елем, ниту една од страните нема да има ексклуизвни права (8), Првата страна ќе продолжи да си ги вика своите административни делови – Западна, Централна и Источна Македонија (1), а Втората страна – ќе продолжи во својот Устав да си се вика Македонија (2).

Ако веќе не е во прашање минатото, дали на овој начин, со тоа што уставно ќе си останеме Република Македонија, не им е загрозена иднината? Пред Европскиот суд на правдата, во постапката поведена од Европската комисија против Грција заради ембаргата против Македонија, тврдеа дека дури и самата употреба на името Македонија е доказ за нашиот иредентизам, всушност наша желба да ги анектираме териториите на Егејска Македонија. Судијата-известител, некој си г. Џејкобс од Велика Британија, соочен со нашата воена армада од два хеликоптера (обата на поправка) и хорди од над 2.000 војници (додуше регрути, ама гадни и до заби вооружени со опасачи и опртачи од бившата ЈНА) наспроти кутрата, сама Грција која од најнепознати причини добро знае дека НАТО никако нема да им притекне на помош кога „нашиве“ ќе тргнат да ја згазат Атина – се досети. Најумно констатираше дека добро, објективна опасност не постои, но затоа постои „субјективно чувство на загрозеност“. Илити, иако Грците добро знаат дека се „релативно мали шансите“ да им ја парчосаме Атина, кај нив (можеби генетски, а можеби уште од Првиот ни Илинден – 338 Херонеја) постои силен страв, слободно речи ја дамла, дека а не’ видат а гледаат како Грција пламнува и останува целата во рушевини.

Е, од тој силен уплав не можат баш преку ноќ да се ослободат, но, со помош на членовите I & IV од „мератниот Нимиц“ – некако ќе преболат. Имено, во име на „вишиот интерес за мир и безбедност“ (чл. I) ќе се откажеме од тоа постојано да им се закануваме и да ги п’ашиме (читај „…отфрла секакви територијални претензии и …иредентистички изјави“ (чл. IV).

Но, не се само Грците кај кои некои работи „препукнале“. Довчерашните ни најсилни поддржувачи, сега нагло го притиснаа својот Нимиц да закаже во две седмици две средби (до сега темпото беше или еднаш годишно или поретко), а драгата ни Кондолиза ја убеди другарка си секогаш кога ни соопштува ставови за името – широко да се насмее. Ако малку си играме „Велестратегија“ (игра инаку повеќе од популарна уште на времето во „Идадија“, а сега речиси во секоја кафеана како во Скопје така и пошироко во Македонија), се поставува можноста вака да ги корелираме работите: се’ додека се крчкаше Косово, на САД им одговараше „пропулзивна Македонија“, оптоварена со внатрешен и надворешен конфликт (со сите свои соседи, без исклучок) и отворена за секоја „сугестија“ што по некоја редовна грешка упорно се третираше како наредба – дури и кога доаѓаше од ситни чиновничиња во администрацијата на САД или на меѓународните организации, а при средба со нашите претседатели, премиери…

Арно ама, дојде време Косово да прогласи независност. Дали во такви услови не е подобро да се избегне непотребниот ризик? На пример, ако се каже уште едно „не“ за влезот во НАТО, нема да се досетат Турците, па да кажат – дедер ние да се свртиме кон нашите браќа Срби, а преку нив и кон (повампирената) ни мајка-Расија. Па, наместо елегантно да се „премости“ периодот додека Србија да си „легне на брашното“, со Македонија која ќе зграпчи некое килце кикиритки на Косово – одеднаш да почнаат да шетаат тнр. „руски воени советници“, компјутерите на граничните премини кон Косово да заглавуваат не почесто од два-три пати дневно… Не, сепак е поарно да се фрли ковче, на пример условна покана (доколку кутриот Нимиц не ја заврши работата до Букурешт – покана да, ама прво да средиме со Грција, па после „они“, као, ќе ратификуваат…) + супер-сложена ситуација околу името (а тоа, во наши услови значи дека нови 15 години ќе си „играме“, ќе се „забавуваме“, а најмногу ќе ги обвинуваме оние „другите“ дека токму „они“ ја оплескале; периодично ќе се собираме на јавни собири каде гласно и решително ќе извикуваме дека името не го даваме…).

Ако случајно не се фатиме на јадицата – нагло работите со ЕУ ќе ни зашкрипат, јербо Првата страна, во чл. VII од „мератниот Нимиц“ солидно се обезбедува – ќе не’ подржеле не само за прием во НАТО туку и во ЕУ, а богами – дури и во регионалните меѓународни организации… А, ако потенкиот крај од стапот не не’ вразуми, туку и подебелиот – Резолуцијата 845 (1993) спомната вововедната алинија од чл. II, а во која резолуција се зборува за Меѓународната конференција за поранешна Југославија!?! Ако треба – иако поодамна мртва – можеби ќе ја оживеат.

Ако дојдовме до некакви заклучоци од „Велестратегијата“, точни или не – се наметнува прашањето: што ние сакаме? Да се уплашиме како во 1999 година? Тогаш, наместо да побараме членство во НАТО како цена за единствениот вистински влез на Косово за копнените сили на НАТО, побаравме „заштита“ од агресивните Срби!?! И, со изјавата на Генералниот секретар на НАТО (тогаш Хавиер Солана, елем неизбежниот ни) од 08 април 1999 година – ја добивме. Ама, тоа значеше и дека ако ни треба заштита – не сме за во членство.

Дали и сега ќе се уплашиме и ќе побараме да ни остане што и да е од нашиот „идентитет“? Па, ако треба – и ќе се откажеме од можноста да ја тужиме Грција за кршење на Интерим акордот доколку стави вето на нашето членство во НАТО (в. чл. III & VII од „мератниот Нимиц“)?

Или е време да испоставиме „сметка“ за 17 години измачување од Грција по сите можни линии? 17 години протратени на долги политички беседи и бесмислени дипломатски маратони наместо на економски развој? 17 години на трасирање пат за федерална, бинационална Македонија наместо оаза на мирот и човековите права? Дотолку повеќе што ЕУ добро знае дека Косово е ентитет што не смее да биде признат. Барем тие така напишале на 16 декември 1991 година во Декларацијата за признавање нови држави: нема да се признае ентитет создаден по пат на агресија!

Ако веќе и тоа им го „гризнуваме“ нели е време да собереме храброст и да побараме не само покана за во НАТО и датум за преговори со ЕУ, туку и да ни се вратат териториите населени со Гораните што на мистериозен начин во периодот 1953-56 година од македонските се преселија во српските катастарски книги, Косово да се обврзе дека нема да поддржува иредентентизам во ниту еден облик, а посебно не во облик на Илирида, дека прифаќаат реадмисија на сите оние силни Косовари што овие години „по грешка“ удобно се сместија во Македонија и дека се подготвени наредните десет години да бидат меѓународно мониторирани во секој, вклучувајќи го и македонскиот поглед.

Тогаш кога тоа ќе го стават во Устав, копотпишан од САД и ЕУ, ќе имаме основа да го разгледаме признавањето на Косово. Вака, на жими мајка (читај дури и без устав), со Грција што ни дише во врат – ќе можеме само да се туфкаме и потсетуваме дека предлогот на Зелените (European Free Alliance) за нашето уставно име во Европскиот парламент за малку ќе поминеше: наспроти силните 139 гласа во наша полза, против беа скромни 398, а оние 26 воздржани стварно не менија ништо битно. И да се потсетуваме на увереноста на данскиот пратеник и поднесувач на предлогот, г. Anders Samuelsen дека за некоја година целиот свет ќе го употребува нашето уставно име: „Можеби за извесно време луѓето ќе ја нарекуваат вашата земја „Република Македонија – Скопје“ или „Нова Македонија“, но, на крај сиот свет ќе ја вика Македонија – по нејзиното уставно име – освен Грција која најверојатно ќе употребува некое друго име“.

Впрочем, со Првиот ни Устав од 1946 бевме Народна Република Македонија, па со наредниот од 1964 г. Социјалистичка, па со оној од 1991 г. Република…Македонците си останаа Македонци – плашливи и поводливи, упорно желни некој друг да ги води – било тоа Југославија било тоа да е ЕУ. А тек да може да ни се посреќи да станеме најнова ѕвездичка на американското знаме? Убавина, зар не?.

Маниту Велики

ИМЕТО, ГРЦИЈА – ИНВЕСТИЦИСКИ ДОГОВОР

Многу ми пречи кога, во целата оваа еуфорија за „името“, саде слушам „секој“ и „никој“. Секој е за задржување на името – никој не сака да ни се промени името. Јас не памтам кого и да е да имам овластено да зборува во мое име и оттука, речиси сум апсолутно сигурен дека сите оние што викаат „секој“ и “никој“ – не ја говорат вистината. Ама, од тоа силнно викање на „секој и никој“ се чини не забележуваме некои елементарни работи.

Еден перцептивен слушател на радио ток-шоу се повика на „референдумското прашање“. Отворив тефтерите и- гледај чудо. Ние, народот, и тоа не сите туку многу висок процент од нас, сме се определиле за САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, а не за Република Македонија. Дали тоа некој си игра со нас?

Веднаш ги слушам оние „секој и никој“ како врескаат дека тоа се подразбира, дека „република“ е ознака за политичкиот систем… Ми требаат огромни напори да ги слушнам оние, пак, што наспроти „секој и никој“, потсетуваат дека од 1991 година упорно нашите државни претставници не’ убедуваат дека токму „Република Македонија“ е нашето уставно име, а не МАКЕДОНИЈА. И чинам дека, од една страна, се во право – тоа Република ни било турено со Уставот од 17.11.1991 година. Но, тој Устав го донело Собранието – не е тоа она за што граѓаните гласале…

И потполно се согласувам дека тоа така треба да биде, но, некој веќе се дрзнал да ни тури додавка пред нашето име – МАКЕДОНИЈА. Значи, барам јас, не го врзувам својот идентитет со терминот „Републикомакедонец“, туку со Македонец. Илити, баш и не сакам кога некој, можеби најсвесно ги брка поимите име и идентитет, држава (како државен апарат) и општество (како заедница на сите нас што живееме во Македонија), „никој“ не смее да ни го менува името (освен, како што изгледа – нашето Собарание) и „секој“ се согласува дека Грците не смеат да ни го менуваат името… Е, со ова последново ептен се согласувам – Грците не смеат ниту да бидат дел од она што значи наш избор за тоа како ќе си се викаме ние самите.

Токму затоа, мислам дека договорот што го понуди „мератниот Нимиц“ – е противправен. Она што Грција може (речиси легитимно) е да бара од нас да направиме – разликување (како она што го направивме со Словенците – е не било ајвар туку било ајвер, како да не – ако го пробаш ајверот = оригинал ајвар). Оттука, Грците немаат што да се мешаат во тоа додавка ќе си тураме …

Дали турањето додавка е менувањето на името алиас продавање на идентитетот? Ако името ни е Македонија, а не Република Македонија, тогаш не ми е премногу јасно што „продаваме“ – името или ознаката на политичкиот систем? А, ако тоа, вака или онака е продавање на идентитетот, што е тогаш, како што еден мошне перцептивен граѓанин праша, кога странците можат и купуваат: имот, фабрики, рудници, енергетска дистрибуција, а богами и земјиште. Елем, може дури и земјата, заедно со подземието и надземието (читај: аеродромите) да им ги продаваме на странците, а со тоа ич да не чепкаме во неговото височество Идентитетот, но, „името“ …? Или тука нешто не чини или Н.В. Идентитетот е нешто многу повеќе од сиве овие „поединости“, како што забележа КитиКет?

Зошто ли се измачувам кога одговорот е јасен како ден. А, бе морону, тоа не е продавање – тоа е инвестирање! Е, ако е така, тогаш и јас предлагам да не склучуваме некакви си „купопродажни“ договори со Грција туку следниов

ИНВЕСТИЦИСКИ ДОГОВОР

Првата страна и Втората страна на Интерим акордот од 1995 година, се договорија за следново:

Член 1         Втората страна ќе си тури во името по сопствен избор една додавака што не го третира политичкиот систем на земјата, а за да се разликува од сите други држави, региони, градови, поголеми села и ненаселени подрачја.

Член 2         Првата страна, за возврат, ќе инвестирава на следниов начин:

1)    Ќе и’ се извини на Втората страна за сите маки воопшто, но посебно од 1991 година до денот на склучувањето на овој договор за ембаргата, компликациите, проблемите, изгубените пари и за изгубеното темпо за влегување во членство на Евроатлантските интеграции и ветува дека повеќе нема да и’ прави какви и да е проблеми;

2)    Ќе ги укине сите видови визи за граѓаните на Втората страна;

3)    Ќе го признае Македонското национално малцинство, како и другите малцинства (турското, ромското, влашкото, албанското) на својата територија и ќе им ги пружи сите права што им следуваат како на припадници на национални малцинства, едновремено укинувајќи ја употребата на концептот регионална припадност на административните единици на Првата страна што го носат името Македонија;

4)    Ќе им го поврати државјанството и сите имотно-материјални права на децата-бегалци од Граѓанската војна;

5)    Ќе обезбеди двојазичини натписи на грчки и македонски јазик на сите места каде има позначаен број припадници на Македонското национално малцинство, а посебно на градот Тесалоники / Солун, неговите улици и продавници (посебно на појасот Егнатиа – Цимиски);

6)    Ќе обезбеди привилегирани цени за летување на граѓаните на Втората страна на Егејскиот брег што е територија на Првата страна (брегот на Јонското море и посебно Крф нема да биде дел од овој Договор поради претходно преземени обврски на Првата страна спрема Републикосрбите, државјани на Република Србија претходно Заедница на Србија и Црна Гора претходно Сојузна Република Југославија претходно …)

7)    Секој пополнува по сопствено наоѓање).

Член 3         Овој Договор ќе го гарантираат Обединетите нации, НАТО и ЕУ и никакви нивни претходни врдања лево – десно нема да имаат правна сила.

Нека не ве секира како ќе ја избереме додавката. Има, белким, закони во оваа земја или не? Согласно Законот за избори, прво ќе бидат констатирани имињата-кандидати, потоа народот уредно ќе си излезе на гласање. Ако во првиот круг ниту еден кандидат не добие повеќе од 50% гласови, во вториот круг ќе се пласираат двата кандидати што добиле најмногу гласови во првиот круг, доколку имало излезност од над 50% од вкупниот број гласачи евидентирани во Единствениот список на гласачи.

За имињата-кандидати сум навистина уште пооптимист. Почнувајќи од оние на „мератниот Нимиц“, има и ред други:

–      Горна Македонија: ако се апстрахираме од непријатната конотација на Столе „К-77“ или Горно Дупени и Долно Дупени, извесно е дека на картите „нашава“ Македонија е погоре од онаа на Првата страна која е подоле. Научно докажан факт! Истото важи и за Северна Македонија;

–      Нова Македонија: извесно е дека нашите мајки и татковци, баби и дедовци, странични роднини и поблиски пријатели, во далечната 1944 година сонувале за Нова Македонија – не онаа старата каде српските пандури ги мавале по три пати дневно (пред и по јадење), каде се’ што вредело – имот, фабрики, рудници, енергетска дистрибуција, а, богами и земјиште – било поседувано од странци додека „нашиве“ биле наполичари, хигиеничари (не е културно да се вика чистачи), „старо купувам“, каде „нашата“ земја дури и не се викала Македонија

–      Европска Македонија: футуристичко – илузионистичкиот предлог на Жарко. Впрочем, зар не изгоревме да влеземе во ЕУ, па да почне да ни тече мед и млеко, ние да не мораме да работиме, а ова Европјаниве да ни праќаат пари без да доаѓаат …

–      Крушевска Уставна Република Македонија: супер духовитиот предлог на К-15, но без кратенката на првите три додавки од чисто педагошки причини;

–      Вардарска Македонија: мојот омилен. Ако, сосема со право, нашите браќа од Егејска Македонија ги викаме Егејци (и досега никој не оспори дека се Македонци иако цело време им тепаме – а бе Егејчишта), оние на исток можеме сосема слободно да ги викаме Пиринци, оние наспроти нив би можеле – Малопреспанци, а оние на север – Јужно Моравци и Горани Македонци, зошто ние да бегаме од научно докажаниот факт дека овој дел целиот е обвиткан околу Вардар? Од изворот, па се’ до она малку водичка што им ја пуштаме на Грците во форма на Аксиос?

–      Румелиска Македонија: малку во врска со минатото. Рум-милетот во време на Османската империја опфаќал многу голем простор населен со христијанско население (излегува надвор од  границите на географска Македонија, меѓутоа, луѓе сме, ќе се договориме).

Ако ви се допаѓа предлогот за ИНВЕСТИЦИСКИОТ ДОГОВОР, а вие пробајте да го пратите до Владата на Република Македонија. Ако успеете да најдете контакт Е/м адреса!

Маниту Велики

ИМЕТО-ЗАКЛУЧОЦИ

Прекрасно би било кога … Но, што ако не? Прекрасно би било кога добриот НАТО ќе и’ се закани на лошата Грција дека ако стави вето на нашиот влез – ќе ја испудат од членство на нејзе, а ќе не’ примат на нас! А што ако не? Што ако речат: ајде ќе и’ попуштиме на „несташната“ Грција уште овој, жими мајка, последен пат? Или, ако речат – добро, може членство, ама до ратификацијата во грчкиот парламент – да се „среди“ прашањето за името? И ние храбро и решително ќе речеме „НЕ“, ќе се изнавикаме на некој плоштад, ќе испереме раце од „вагабондите“ што ја каменувале грчката Канцеларија за врски во Скопје и мирно ќе заспиеме со сон на праведник. И така до членството во ЕУ. Тогаш повторно ќе ја вртиме истата плоча. Или, истото но како прашање: зар пак ќе ја вртиме истата плоча?

Во моментов се наоѓаме во класична ситуација кога политичкото хазардерство и политичката мудрост се на две, ама дибидус спротивни страни. Ако се решиме (тоа ние, Македонија) за првото и добиеме = СУПЕР! Кој е како нас? А што ако не? Тогаш, веројатно, Персеј ќе го залепи носот пред телевизорот, ќе им се воодушевува на Миленко и Мирка кои ќе не’ убедуваат дека за ’олку ни побегнало членството, дека криви се тие или оние (тие самите, се разбира, никако и ич), а сите ние, наместо да си ја акаме главата со економија – ќе арлаукаме политички пароли.

Политичката, пак, мудрост, меѓу другото, се базира и на замислување ситуации. Дали е можно Грција да биде испудена од НАТО/ЕУ? Дали кога и да е, би се дрзнале било едните било другите да се лишат себе си од најголемата капија на Европа спрема Северна Африка, од доминантниот брег на Медитеранот, од … Веројатноста, за разлика од желбеноста, вели дека е мршава таа работа. Ако е така, тогаш што би значеле за Македонија барем уште три години чекање, еве барем до идниот самит на НАТО?

Најверојатно би значело продолжување на квалитетите на слабост и ранливост. Слабост, јербо на внатрешен план ни виси бинационалноста, а во услови на 221 евро по вработен или вкупен приход пер капита од 184 евра месечно – извесно е дека барем дел од бројните економски фрустрации со леснотија ќе се канализираат како – етнички тензии, судири, конфликти… Ранливи, зошто со соседите никако не ни оди од рака. Дури и Иран и Ирак (кое беше правилно) најдоа сила да почнат нешто, ама ние не можеме со Грција да го расчистиме името, со Бугарија нацијата, а со Србија црквата. Ни се спомне ли Мара Бунева – во нејзе гледаме предавник на македонството, личност која, наводно, се изјаснила како Бугарка; а не ја гледаме како самоубиствен атентатор на еден од најбруталните пандур-шеф. Ни се спомне ли СПЦ, веднаш гледаме кон „предавникот“ Вранишковски; никако не го гледаме како сигнал дека нешто треба да се промени во одот кон меѓународното признавање на МПЦ. И тн. и тн.

Дали ќе бевме во денешната позиција доколку се досетеа Власите да склучиме цврст, обезбеден договор (значи договор што предвидува механизам на санкција за оној што нема да го испочитува) со Грција уште 1992/1993 година? Уште од тој период, па се’ до денес, се слуша слоганот дека која и да партија на власт што ќе го направи тоа – ќе ја изгуби власта. Незаборавајќи дека „викањето“ го заташкува аналитичкиот пристап, а со тоа и дека дури и не можело да се погледне двострано тоа прашање, тоа би значело дека на тас биле ставени: фотеља версус ризична одлука. Дали е прашање на политичка храброст? Сигурно. Но, како на страна на политичарите, така и на наша страна.

Имено, јас се прашувам што можеме и што сакаме? Дали можеме (тоа ние, Македонија) како внатрешно-политички слаба и надворешно-политички ранлива земја да се избориме како за подобра положба на деловите на македонскиот народ во соседните земји така и за, можеби и поважното – добрата позиционираност на Македонците во европски и светски рамки? И дали сакаме во економски нејаката Македонија да продолжи трендот изразен пред пет години како над 60% незадоволни луѓе кои доколку би имале шанса да се иселат од Македонија тоа веднаш би го сториле, а денес изразен како комај 70%? И можеби да стигне до 90-тина проценти наспроти кои неколку проценти „викачи“ со грди зборови и навреди нема да им дозволуваат ниту да мислат – а камо ли да го искажат своето мислење? И меѓусебно ќе си се жалиме како сме жртва на еден куп меѓународни заговори, додека во очите на светот ќе бидеме упорно и упорно „балкански проблем“ или бр. 1 или 2, но во секој случај трабл-мејкери?

Или ќе тргнеме по пат да ги решаваме прашањата, макар едно-по-едно. И да, на тој пат ќе мораме да правиме компромиси и отстапки. И кога ќе мислеме дека ги имаме направено сите отстапки на светот – ќе треба барем уште една. Но, на другата страна на виножитото стои една големо можеби. Да се стабилизираме, да влеземе во фаза на брз економски развој, па дури и да си повратиме дел од суверенитетот. Во моментов, благодарение на Бадентеровото мнозинство, нашиот суверенитет зависи од категорија луѓе кои себе прво се идентификуваат со Косово и/или Албанија, па дури после со Македонија. Значи, тој дел од суверенитетот (што станува се’ поголем и поголем), ни е во рацете на, условно речено, „странски фактор“…

Некако мислам дека токму тоа е вистински „патриотизам“, а не она меѓусебно етикетирање со предавништво, викање на плоштади и удирање по гради илити функционален „патриотизам“ – по партијска нарачка и за партијски цели, често срочени само и само да се против „оние другите“. А кога тој принцип ќе се превладее, се претвора во апсурд – гледаме обвинувања од типот: овој што оплеска е ваш – како наш кога тоа а вашето обезбедувањето… Јербо ако обата партијски блока беа за неменување на името – зошто беше потребно она плоштадско абење на гласот? Panem et circenses? Оддишка за се’ побројниот лумпенпролетеријат?

Кога сме веќе кај латинскиот, еве една што ’ногу ме бендиса: Timeo hominem unius libri: се плашам од човек што прочитал само една книга! И јас се плашам ако пред нас е перспектива од само една опција. Обично не завршува на арно. Затоа и не само затоа – би сакал да појдеме по пат на алтернативноста (не онаа на Цилето), решавање на проблемите, компромиси и отстапки, вистина и чесност, одлуки донесени врз ум и воља …

Маниту Велики

ЗАПРЕТЕ

Не знам за многубројните македонски патриоти, ама јас во моментов се чувствувам како да сум на продажба. Како кобила која ја нудат на некој селски пазар, па некој елоквентен џамбас им објаснува на сите: абе види ги овие заби – железо гризе, а нозете – планини гази. Не јаде, не пие, а трча, еј ветер ти претркува.

Платени реклами со кои ја нудиме нашата држава!!! Не сум слушнала за нешто попонижувачко. Земете, ефтино е , сега за 70% поевтино. Вау.

Што е пораката што ја испраќаме? Не знаете, не можете да си замислите колку сме добри! Земете не! Сакаме да не играте, ве моилиме! Само ова кругче!

Photobucket

Луѓе, во одредени структури треба да се влезе како рамноправен партнер. Рамноправен си ако така те доживува оној другиот (од другата страна на партнерството). Не си рамноправен ако се потпикнуваш, ако мољакаш, ако се лигавиш. Дајте бе луѓе малку гордост.

Photobucket

Не ни се потребни митинзи, не ни се потребни себерекламирања. Ајде да изградиме  држава која е добра за своите граѓани. За нас. Тогаш тие ќе не викаат да влеземе во играта, а ние ќе размислиме дали е тоа добро за граѓаните или не.

Никогаш во животот не сум молела (ни власт, ни Господ, никого).  И затоа, не ја признавам владата која мољака наоколу. Не ја признавам владата која ме понижува и ме деградира во очите на светската јавност. Не признавам и не прифаќам ниту една активност на оние кои ја раководат државата со која се нарушува моето достоинство. И барам отчет за моите пари кои се трошат на моето сопствено понижување.

Photobucket

Мирјана

ИМЕТО (5)

МЕЃУ СЦИЛАТА И ХАРИБДАТА

Благодарам за инспиративните коментари (со еден, единствен исклучок). Тоа и неколку муабети, но, и за жал сосема погрешно поставените прашања во денес објавеното испитување на јавното мнение и викањето во одбрана на референцата, ме поттикнаа да се обидам да ги систематизирам опциите што  стојат пред нас. Притоа, најдецидно да одговорам – не, не го препорачувам „името Горна Македонија“. Лично, за наше меѓународно име би преферирал Нова или Северна, но најмногу Вардарска. Но, сепак сметам дека треба да си ја пружиме приликата тоа да го направиме во целосно изборно-демократска постапка како што предложив, а поаѓајќи од следниве опции/сценарија:

1.       Единствено име: Република Македонија. – Тоа би значело да ги повлечеме актуелните апликации за членство во НАТО и ЕУ, да бараме да бидем примени како Република Македонија и да се соочиме со сите последици што тоа би значело.

Мој став: никако. Се граничи со своевиден мазохизам. Србите, како што наведов, само во транзициониот период го променија три пати името – никој не го доведе нивниот идентитет во прашање. Бугарија – никој не го чепна прашањето за име, но идентитетот им се потресе минатата година сосема сериозно во светло на неколку научни односно паранаучни теории. Грција – сеуште опстојува со двоен идентитет (Елада, Грција). Албанците со повеќекратен идентитет – Косовари, Илиридаши, Чемеријци и тн. Но, секој си пати од главата. Ако баш толку ни значи некаква си „гордост“…

2.       Уставно име – Меѓународна референца. – Инсистираме на Република Македонија како „уставно име“ (што и да значи тоа) и инсистираме да бидеме примени во НАТО/ЕУ под референцата?!!!

Мој став: можеби најлошото решение. Наместо меѓународно име, сега имаме „привремена референца“ (привременоста е на ниво на нашите на привремена работа во странство и на транзицијата како привременост). Но, ако и во НАТО/ЕУ бидеме така примени – дефинитивно сме ја скамениле референцата во какво-такво, условно речено „меѓународно име“. Тоа и не е најлошото. Во ЕУ, за жал, веќе е административно устоличена кратенката (како што во еден момент беше случај со Советот на Европа). Со помош на сите оние наши бројни новинари што никако не сакаат да ги разликуваат референцата и кратенката и упорно не’ лажат – имено упорно ја користат кратенката и тоа повторувајќи ја ненормален број пати независно дали странскиот репрезент ја употребил референцата или кратенката – се изложуваме на можеби единствената вистинска опасност по нашиот идентитет: Фајром, Фајромија, Фајромци.

3.       Уставно име – билатерално решение за меѓународното име. – Останува Република Македонија, а со Грција склучуваме договор за тоа кое ќе ни биде меѓународното име.

Мој став: вредноста варира во зависност од таквиот договор. Ако е тоа договор од типот на „мератниот Нимиц“ – многу лошо. Ако е тоа договор во кој нема да се „награди“ Грција за оспорувањето на нашето име + се вгради одредба со која НАТО/ЕУ го гарантираат спроведувањето на таквиот договор = штетата битно се намалува, а придобивките растат. Имено, доколку ги утужиме Грците за евентуално вето – спорот ќе се води, веројатно ќе го добиеме но по 5-7, а можеби и повеќе години. Само заради тоа – веќе не ни врши работа. Ако НАТО/ЕУ прифатат гаранторски статус – тогаш и само тогаш положбата на Грција во случај на неисполнување или дури и прекршување на договорот станува доволно ризична за да се воздржат. Сепак, останува фактот дека Македонија се обиде со оваа формула – токму тоа е склучувањето на Интерим акордот од 1995 година. Се покажа дека, за жал, ниту НАТО ниту ЕУ немаат сила решително да го надминат својот проблем на тнр. „двојни стандарди“ и јасно ни порачаа, дури и од овде, од Скопје дека Грција е нивна членка, а ние – не. За нас обврските важат, за Грција – не. А fact of life. А тука и сите други прашања што договорот со Грција нужно ги отвора (економско брендирање, јазикот, придавките…).

4.       Уставно име – билатерално решение за СПОРОТ ВО ВРСКА СО името. – Останува Република Македонија, а со Грција склучуваме договор од тип како мојот предлог за Инвестициски договор (надвор од неколкуте шеговите ’зачини’, всушност тоа е вистинскиот облик на договор со кој се адресираат спорностите утврдени во Р 817, а не се дозволува Грција да ни бира име!).

Мој став: тоа е она вистинското. Тоа е појдовната основа која треба да се преговара со Грција, ако сакаме најмали отстапки од наша страна, а најголем број отстапки од нивна страна.

5.       Уставно име – унилатерално решение за меѓународно име. – Останува Република Македонија и сами си бираме меѓународно име кое веќе не мора да биде географска додавка туку може да биде и политичка одредница (демократска, уставна, унитарна(!)…).

Мој став: ризично, но можеби може да проработи. Во тој случај се заблагодаруваме за ангажманот на Нимиц, и самите аплицираме пред ОН за заменување на референцата со новото меѓународно име. Од една страна, ги избегнуваме сите проблематични аспекти на латералните прашања што би биле опфатени со билатерален договор со Грција и им даваме шанса на оние држави од НАТО/ЕУ на кои очигледно им пречи политиката на „двојни стандарди“ да застанат решително на наша страна. На другата страна е можноста да не завршиме ама баш ништо. Имено, Македонија тоа веќе го направи и тоа во неколку наврати и тоа во форма на уставно амендирање: го промени знамето, го промени чл. 49 и тн., а за возврат – од Грција не добивме практично ништо. Значи, класична ситуација на „се’ или ништо“.

6.       Единствено име: некаква Македонија. – Ставаме додавки и ги унифицираме „уставното“ и меѓународното име.

Мој став: апсолутно неприфатливо. Една од мудростите на референцата е дека другите ни се обраќаат на нам, но ние си се претставуваме како Република Македонија, како Македонци (како гордо звучи тоа), со македонски јазик и унитарна држава. Тоа, во оваа опција, го губиме исто како и со прифаќање на членот IX од „мератниот Нимиц“. Го ставаме и под знак прашање фактичкиот правен континуитет не толку во однос на плуралистичка Македонија (1991) туку повеќе во однос на асномска Македонија (1944). Уште еднаш: апсолутно не, ако ништо друго – заради тоа што сегашноста е секогаш меѓу иднината-чекан и минатото-наковална.

За жал, промената на преговарачот (И. Тошевски > Н. Димитров) не донесе промена во методологијата. Имено, тоа остана некоја мистериозно-мистична задача на највисокиот државен врв, со повремена употреба на некој од „привилегираните експерти“. Мислам дека нашите не успеале да ја разберат разликата меѓу тајноста на преговарачкиот процес од една и тнр. „тајна дипломатија“ од друга страна. За разлика, Грција реализираше редица консултации со своите бројни „експерти“, но и јавноста. Уште пострашна разлика: редица ЕУ држави организираа јавни трибини, тркалезни маси и други видови дебата за македонско-грчкиот спор (името вклучително). Само ние – НЕ. Иако се почна добро, дури и со средби на македонски и грчки интелектуалци (1994 година), после упорните „пораки од Врвот“ дека не треба „секој“ да се баќка со „највисокото прашање = државна тајна“ – сите такви обиди згаснаа. А, македонското прашање лека полека стана „леб и игри“. Или, со други зборови – секогаш кога политичките елити, било нашите било грчките, ќе западнеа во економски проблеми – ќе ни го фрлеа како коска оваа прашање, а ние ќе заборавевме и на егзистенција и на се’ – за да викаме „не ја даваме Македонија“. Најголемиот дриблинг е токму последниот излив на такво викање, каде што всушност – македонската јавност ја бранеше РЕФЕРЕНЦАТА????

Оттука, како и од моето верување дека референцата треба и мора да биде преодност, мојата препорака беше – да се преиспитаме: што браниме, што сакаме и – како тоа да го реализираме. Во дадениве услови, верувам дека е најдобро Уставно име – билатерално решение за СПОРОТ ВО ВРСКА СО името, значи не Грција да ни го бира меѓународното име туку ние да си го изберме во навистина демократска постапка! Не два-тројца на „Врвот“ да ни го изберат, туку ние, македонското гласачко тело да предложиме повеќе опции – во првиот круг да избереме две – а во вториот круг да го избереме „победникот“. И тоа само и само ако Грција потпише однапред дека се согласува со тоа, а НАТО/ЕУ се потпишат како гарантори на таквиот договор.

Јербо, се’ додека и во нашето име и во нашиот меѓународен назив е содржан зборот Македонија – ние „мирисаме“ како и сме: МАКЕДОНЦИ.

Маниту Велики

ШТО АКО НЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО?

Јас навистина не можам да сфатам зошто е толку страшно да не се влезе во НАТО. Еве, нема да расправам за тоа зошто треба да влеземе во НАТО (иако би имала тука да кажам повеќе аргументи против), меѓуто ме интересира моменталната втренченост и психозата која што ја создаваат сите политички фактори околу можното невлегување.

Photobucket

Што ќе се случи ако не влеземе во НАТО?

1. Дали тоа ќе значи крај на нашата држава? – ако постоењето на Македонија зависи од тоа дали ќе пристапиме кон одреден меѓународен договор или не тогаш навистина не гледам основа воопшто да зборуваме за држава, државност, независност и самостојност.

2. Дали некој ќе не нападне? – Бугарија и Грција се членки на НАТО (значи по принципите на алијансата не би требало да очекуваме напад од нивна страна); Косово е и најверојатно во догледно време ќе биде под директен НАТО протекторат (значи повторно нема опасност по нас); Албанија се обидува да влезе во НАТО (значи не и одговара да преземе таква активност). Останува само Србија. Дали очекуваме воена агресија од Србија?

Photobucket

/>

3. Дали невлегувањето во НАТО значи дека не ги поддржуваме и прифаќаме стандардите на современата демократија и дека ќе престанеме со напорите да изградиме систем кој што ќе се базира врз нив? – доколку само влезот во НАТО е причина зошто ги прифаќаме овие пронципи  тогаш имаме голем проблем воопшто со заснованоста на нашата демократија и со иднината која наводно ја креираме.

4. Дали невлегувањето во НАТО ќе се одрази економски на Македонија? – НАТО дефинитивно нема врска со економијата. Напротив, влегувањето во алијансата подразбира одредени поголеми издвојувања кои државата треба да ги намени за градење на соодветен систем компатибилен со НАТО-структурите. Значи, доколку не влеземе во НАТО овие пари можеме посоодветно да ги искористиме?

5. Дали невлегувањето во НАТО ќе значи зголемување на внатрешните тензии? – Ако се има предвид дека НАТО не подразбира мешање во внатрешните работи, тогаш и внатрешните односи (посебно оние од етнички карактер) дефинитивно немаат апсолутно никаква врска со пристапувањето кон овој договор.

O    Ова ме бендиса на блогот на Вуна.

Photobucket

Наспроти пак на сето ова, останува фактот дека кога ќе се формулира одреден договор во интерес на тие што го формулирале е да привлечат кон него што е можно повеќе страни потписнички. Дури за одредени договори се прават и посебни кампањи и посебни организации кои одат наоколу и ги стимулираат државите да пристапат кон нив. Значи по редот на нештата би требало земјите членки на НАТО да не молат да се приклучиме кон нивниот договор со што ќе прифатиме почитување на одредени принципи на однесување и постапување. Ај малку нека не молат да влеземе во НАТО,  наместо ние да изигруваме шушумиги кои трчаат наоколу како муви без глави. Така би требало да биде, не обратно.

Јас лично мислам дека НАТО не ги задоволува нашите стандарди и дека треба уште доста да поработат пред да се согласиме да размислиме дали сакаме да ги дружиме или не.

Мирјана

НАТО, ИМЕТО, МАКЕДОНИЈА

Богата дискусија за НАТО, малку исфрлена од колосек со запаѓање во „шпанска серија“, за да повторно се врати на суштината – дали ни е НАТО императив или не? Дали ни претстои безперспективност доколку не влеземе во НАТО? И, во крајна линија дали сакаме или треба да влеземе во НАТО?

Релативно јасно од дискусијата се искристализира дека НАТО нема премногу врска со демократија, а на економски план – значи некој вид сигурност за странски инвестиции (башка од тоа дали се тие добри за националната економија или не). Во тој контекст беше посочена и Унгарија, која уште пред да влезе во НАТО, имаше најголем индекс на инвестиции од сите Балкански земји. Во 1993 година, на пример, поддршката на платниот промет од страна на комплексот на Светската банка за Унгарија изнесуваше 118 милиони, а за Македонија 18 милиони долари. Велат дека односот на овој вид владина инвестиција со приватните инвестиции е 1:100. Елем, не ќе да е членството во НАТО пресудниот фактор.

Заедничката одбрана во услови на надворешна агресија малку беше ставена како „извесност“. Ајде да се потсетиме дека македонското Собрание ја донесе одлуката за аплицирање за НАТО членство во крајно различни услови од денешните. Периодот 1992/93 значеше процут на воени дејствија во рамките на Дејтонските земји, Косово уште не беше дојдено на дневен ред, мирољубивото излегување на Македонија од СФРЈ – сеуште ровко, а односот со другите три соседи – под сериозен знак прашалник. Денес би требало да имаме верба дека воените ветришта на 90-тите се зад нас. Би требало да се случи чудо, од типот Русија, и тоа најекстремните сили, да решат да ги поддржат најекстремнните сили во Србија – па повторно да се слушнат воените тапани. Елем, самата перспектива дека би биле опкружени од членки на НАТО е доволна да веруваме дека воена опасност од друга држава – не ни чука на порти.

Размислувањата за НАТО како агресор сепак се однесуваат на некои „специфични“ држави во кои ние, помалку или повеќе, не спаѓаме. Впрочем, клучната разлика меѓу НАТО и Варшавскиот пакт беше тнр. „индивидуална одлука“. Членот 5 од Вашингтонскиот договор е многу интересен: да, нападот на една од членките ќе се смета за напад на сите, но – дали членките ќе преземат нешто во врска со тоа – секоја членка одлучува самостојно!!! Според некои теоретичари, токму отсуството на ваква одредба од Варшавскиот пакт била „формална можност“ силите на ВП да упаднат во Унгарија 1956 г. (само една година по склучување на Пактот) или подоцна во Чехословачка (1968). Елем, НАТО до сега, вака или онака, си нема дозволено такво нешто!

Но, НАТО не си дозволува и да влезе во расчистување на „внатрешните проблеми“ кои можат да бидат во тесна поврзаност со некоја негова членка. Можеби малку забораваме, но ако ништо друго со голема сигурност може да се претпостави дека силна поддршка (ако не повеќе од тоа) во времето на Македонската криза 2001 дојде од – Косово, инаку територија под директна и целосна воена контрола на НАТО, пардон КФОР. Впрочем многу копја се скршија околу тнр. нов стратешки концепт на НАТО усвоен на Самитот во Вашингтон 1999 година. Во него влегоа и заедничките воени капацитети и спречувањето конфликти и кризен менаџмент… но разрешувањето внатрешни проблеми – не. Елем, не гледам основа да веруваме дека во идна слична ситуација, значи не во услови на агресија туку во услови на поддршка, дури и да сме сите на Балканот членки на НАТО, дека НАТО би попречил „извоз“ на воена поддршка од Косово (или Албанија, или …).

Веројатно токму желбата за подобар живот (=кога ќе влеземе во ЕУ ние ќе си седиме и уживаме а ЕУ ќе не’ полни со пари) придонесува да ја земеме здраво за готово флоскулата дека членството во НАТО е услов за членство во ЕУ. Точно е дека Источно-европските земји влегоа и во НАТО и во ЕУ. Но, има дури шест земји што се членки на ЕУ, а не се членки на НАТО. Ајде да ги прескокнеме постарите Ирска (1973) и Австрија, Финска и Шведска (1995). Но што е со претпоследниот „бран“ од 2004 година – ниту Кипар ниту Малта не се членки на НАТО. На другата страна е – Норвешка: членка на НАТО, но не и членка на ЕУ. Најодзади, да го зголемиме купчето со Лихтенштајн и Швајцарија – не се членки ни на НАТО ни на ЕУ. Тука да се потсетиме и на мотото на „таткото“ на Европа – Робер Шуман: „Пред да стане воен сојуз или економска целина, Европа треба да биде културна заедница во вистинска смисла на зборот“. Елем, членството во НАТО никако не би требало да биде услов за ЕУ.

Јас сеуште мислам дека полека треба да се ослободиме од референцата Поранешна… И бев многу против оние кои есента 2006 година упорно убедуваа дека „не треба да брануваме“ и „не треба да ја иритираме Грција“ отворајќи вистинска дискусија за спорот околу името. Но, не сакам одлуката да ја донесеме под своевидна закана – ќе сме се распаднеле, ќе сме немале перспектива, ќе ни пропаднело влегувањето во ЕУ. Извесно е дека сите тие фактори треба да ги имаме предвид и постојано да ги преиспитуваме во светло на најновите настани. На пример, не видов некој да ја анализира играта на зборови на Саркози – дека застанува зад барањата на издавачот на книгата „Солун и Саркози“ во спорот со – МАКЕДОНИЈА!?! Не референцата, не кратенката – туку МАКЕДОНИЈА; јасно и гласно.

Или, дека САД ја донесоа одлуката за употреба на нашето уставно име во времето на Колин Пауел. Кондолиза Рајз, инаку декларирана пријателка со Дора Бакојани и во приватниот живот, номинално застана зад тоа. Но, интересно, силно застана и зад грчкото прекршување на Интерим акордот, и тоа во име на нашето членство во НАТО и пријателството со Македонија. Некако тоа ми зазвуче како „тројански коњ“. А впрочем, САД не ќе да се членка на ЕУ, колку и да се влијателни.

Многу ме бендиса предлогот на еден радио-јавувач: вика ајде да се викаме Слободна Република Македонија. Нели саде за тоа сме мечтаеле, да бидеме слободни. Колку сме слободни ако не сме вистински дел не од ЕУ или НАТО туку од Културната Зедница Европа или ако се чувствуваме толку мали што мораме цело време да ги слушаме „големите“?

Маниту Велики

САМОЗАЛАЖУВАЊЕ

Во медиумите ја слушнав фразата дека Македонија е во центарот на внимание на НАТО-средбата во Букурешт. Исто така слушнав дека е ова судбоносен момент за Македонија (да ја биде или не). И уште слушнав дека нема позначајно прашање со кое било кој политичар би требало да се бави во моментов.

Не е точно дека Македонија е во центарот на вниманието на оваа средба (Агенда на НАТО самитот во Букурешт). Ова е груба манипулација со јавното мнение со желба да се создаде впечаток дека или многу сме значајни (во светски размери) или дека нашите политичари успеале успешно да го свртат вниманието на светската јавност кон Македонија. Ниту едното, ниту другото не е ни блиску до вистината. На агендата на оваа средба се наоѓаат многу прашања, некои од нив поврзани и со проширувањето на НАТО, а меѓу овие последниве секако најпроблематично е прашањето на вклучување на Украина во НАТО и односите со Русија (во врска со ова и во врска со воспоставувањето на антиракетниот штит).

Македонија треба да престане да преживува судбоносни моменти, туку треба да почне да живее. Од 1991 година до сега минимум три пати годишно преживуваме “судбоносен“ момент кој што наводно ја решава нашата иднина, кој одредува дали ќе не биде или не и после кој се ќе биде поинаку. Тоа е еден од најстарите начини како да залажуваш народ кога немаш ништо друго да му понудиш освен чувството дека нешто големо “судбоносно“ му се случува.

На листата на приоритети јас би ги ставила: борба со сиромаштијата, квалитетна здравствена заштита, квалитетно образование, недискриминација и инклузија, одржливост на природната средина. Ниту едно од овие прашања не се решава во еден момент, не зависи од тоа дали сме или не сме во НАТО, а секое од нив посебно и сите заедно се дефинитивно судбоносни. За мене ова се прашањата со кои би требало да се бават нашите политичари.

мирјана

ПОСЛЕ НАТО

Кои правни и политички последици треба да следат по последните случувања околу НАТО:

Владата треба да поднесе оставка (не е доволно поднесување оставка на  министерот за надворешни работи). Основна цел и најважна работа која си ја постави пред себе оваа Влада беше добивањето покана за влез во НАТО. Бидејќи не ја оствари оваа цел покажа дека е неспособна (било во поставување на целта, било во нејзиното остварување) и нема капацитети за остварување на она што ќе си го постави пред себе.

Photobucket

2.    Прва работа што треба да направи новата Влада е поведување судска постапка пред Меѓународниот суд на правдата во ООН заради кршење на меѓународен договор од страна на Грција (која потпишала дека нема да го спречи/отежни влезот на Македонија во ниту една структура заради спорот со името). Во тужбата треба да се бара оштета со која ќе биде покриена штетата која ја претрпела Македонија од 1993 година наваму заради активното подготвување за влез во НАТО (сума од стотици милиони евра).

3.    Да се преиспитаат односите со сите земји што на овој или оној начин ја поддржаа Грција.

4.    Да се преиспита односот на државата кон грчкиот капитал кој се наоѓа на наша територија и да се преиспита визниот режим со Грција (односно да се воспостави визен режим идентичен и реципрочен на оној кој го има Грција за македонските граѓани).

5.    Треба да се распише референдум за тоа дали Македонија да продолжи со напорите да се влезе во НАТО и референдум за влезот во ЕУ (чии држави покажаа отворено неподдржување на Република Македонија).

6.    Да се вратат сите војници од мисиите на НАТО.

7.    Во ваква ситуација никако не смее да се смени името.

Мирјана

ВЛАДАТА ЗГРЕШИ НАРОДОТ ТРЕБА ДА ИЗДРЖИ

I Владата мора да даде оставка заради тоа што:

  1. Отчетноста претставува суштински елемент на одговорната власт (нашите  претставници во власта не даваа елементарни податоци во врска со преговорите, со предлозите на Нимиц и севкупните случувања. Народот не учествуваше во она што го правеше власта и заради тоа не  е  народот тој што треба да биде казнет, туку оние кои ги имале сите конци во своите раце)
  2. Кога некој ќе дојде на одредена позиција со одредена задача (која сам си ја поставил или му е поставена), а таа задача не ја изврши треба да отстапи место на некој што би можел да го направи тоа. На пример: доколку станува збор за фудбалски тим кој што не успеал да се квалификува за повисоко ниво во натпреварите, некој мора да биде сменет (или тренерот или дел од играчите, а најчесто смената се одвива на повеќе нивоа)
  3. Луѓето кои завземаат високи позиции во структурите на власта имаат моќ, имаат имунитет и имаат привилегии.  За да може да ја остваруваат својата функција во вршењето на своите задачи тие мора да бидат заштитени од вообичаените начини на контрола (судско гонење за искажано мислење, преземени активности и донесени решенија). Меѓутоа, токму заради тоа мора да постои можност за нивно сменување во моментот кога нешто не е направено како што треба, односно, не задоволуваат резултатите од нивната работа.
  4. Не е важно во времето на која владеачка структура се случува нешто. Важно е дека во моментот на случувањето таа е на власт. Во моментот на преземање тие биле апсолутно свесни за ситуацијата што ја затекнуваат, а во својата политичка програма ветуваат дека можат да ја сменат токму таа ситуација.

II Владата мора да ја прифати сопствената одгорност заради тоа што на тој начин ја манифестира зрелоста на целото општетсво и на Република Македонија како држава.

Имено, зрелоста на еден човек се мери токму со нивото на неговата одговорност. Потполна деловна способност човекот добива во моментот кога е во состојба да одговара за сопствените постапки.

Ова истотот може да се преслика (во една симплификувана верзија) и на зрелоста на еден народ. Во моментот кога еден народ е способен да ја прифати одговорноста за она што му се случува, и соодветно на тоа да ги развива сопствените стратегии и активности, можеме да кажеме дека тој народ станал деловно способен.

Карактеристика на македонскиот народ е неприфаќањето на одговорноста за она што му се случува. Синдром на учебниците на историја, која понатаму се проширува и во секојдневното живеење е сопствената исправност и барање на грешките за неуспехот кај “другите“. Photobucket

Ваквиот пристап доведува до ирационално толкување на сопствената положба и на односот со околината, а кривицата за направените пропусти, грешки и недоследности секогаш е во нешто или некого надвор, а не во самиот себе. Се воспоставува шемата во која се појавуваме “ние“ како добри и праведни и “тие“ кои над нас вршат редица од неправди.Photobucket

Токму оваа шема претставува плодно тло за развој на националниот мистицизам кој во основа го оневозможува колективното национално созревање (чија прва претпоставка е соочување со самиот себе).

Идејата за нација – жртва еPhotobucket недвосмислено присутна во презентирањето на историјата и во перцепцијата на денешнината (Над 70% од македонските граѓани сметаат дека македонскиот народ немал шанса да се развива соодветно заради некакви надворешни причини). Успесите на другите и неуспесите на Македонија не се поврзуваат со конкретното делување на македонските политичари туку се резултат на голема подметачина од надвор. 

Овој синдром на неодговорност на целиот народ се пресликува и во неодговорност на раководните структури во државата, а и едно пошироко неприфаќање на сопствената одговорност, туку барање оправдувања, изговори, олеснителни околности и сл. Овој пристап оневозможува согледување на грешките кои се направени, на реалната ситуација во која што се наоѓаме и градење стратегија за натамошно делување врз реални основи.

Заради ова, премиерот и сите министри во владата треба да поднесат оставка, заедно со сите досегашни учесници во преговарачкиот процес и сите оние чија задача била да обезбедат услови за постигнување на саканата цел, а очигледно не ги создале тие услови.

Заради ова и претседателот на државата треба сериозно да размисли за сопствената улога во се што се случуваше и за својата морална и фактичка одговорност која што треба да ја преземе, наспроти изјавата дека:  “Единствената пречка зошто Македонија денеска не доби покана за во НАТО се фрустрациите на нашиот јужен сосед Грција“.

мирјана

СЕЛЕКТОРСКА ПРОМЕНА – ИЛИ НЕ

Редица одлични мисли и идеи, но и – базично неразбирање на концептот на политичка одговорност. Оттука, одговорот на „што понатаму“ го гледам во два правци: А) дали со истиот или нов „селектор“ и Б) дали се потребни нови стратешки постулати. Притоа, искрено никого не гледам како „предавник“ или како „патриот“, туку исклучиво како компетентен или не за донесување одлуки.

Уште при стапувањето на оваа Влада на должност, г-а Дора Бакојани јавно и најотворено го окарактеризира нашиот министер за надворешни работи како: млад и неискусен. Народот срипа и бараше жесток одговор. Политичкото, во вистинскиот збор Дуо-трио, значи Министерот за надворешни – Премиерот и Претседателот – решија да одмолчат. Значи, тоа била нивна одлука; не наша, народна.

Верувам дека веќе со тоа грчкиот врв се обиде да го процени противникот и врз основа на тоа да ја постави стратегијата. Можеби токму верувајќи дека актуелното Дуо-трио е „младо и неискусно“ и плус во тешка завада е основа да се заигра на картата дека ќе ги повторат грешките на политичката гарнитура од периодот 1992/93 година. Наспроти тоа, нашето Дуо-трио се реши за картата „не таласај“. Тоа беше нивна одлука; не наша, народна.

Кога, наместо да се „таласа“ по суштински прашања, се поставуваа античките бисти пред Владата, дури на народот не му се даде никаква алтернатива. На пример тие бисти да бидат поставени на она прекрасно зеленило на плоштадот Македонија каде ќе ги видеја и најголемиот број туристи (вклучувајќи ги и денешните патеписци) и сите оние наши граѓани надвор од Скопје кои не се затрчуваат пред Владата. Вака, таа привилегија ја имаат оние што протестираат пред Владата и политичко-дипломатскиот кор што доаѓа службено во зградата на Владата (и кој ќе направи доверлива телеграма за виденото). Тоа беше нивна одлука; не наша, народна.

Кога се прекрсти аеродромот „Петровец“ во „Александар Велики“ Владата ниту помисли да го консултира народот ниту пак помисли да и’ понуди на грчката Влада да го промени името на нивниот аеродром „Македонија“. На тој начин, се испушти моментот тоа да се прикаже како најнормален, меѓународно дозволив – реципроцитет. Тоа беше нивна одлука; не наша, народна.

Кога Грците ја лансираа својата кампања, нашето Дуо-трио беше изненадено од снегот среде зиме. Прво добро си се испокараа меѓусебно, а потоа – ги прифатија преговорите. Тоа беше нивна одлука; не наша, народна.

Кога Грција дозволи „мератниот Нимиц“ наводно да ’процури’, нашето Дуо-трио се реши да продолжи со својата конспиративна метода. Иако народот се понуди да помогне, со верба дека барем по некој да каже по едно паметно зрнце – ќе се направи прилично купче. Впрочем, така велел уште античкиот филозоф Зенон. Не. Дуо-трио го одби колективниот ум. Тоа беше, исто така, нивна одлука; не наша, народна.

Кога, срамежливо или ретко-ретко, се јавија гласови кои сугерираа дека во таа фаза може да се направи обид да се промени не името туку референцата и на нејзино место да се истрча меѓународно име и дека во тој процес треба да се истакнат и сопствени барања (мој предлог беше тнр. „Инвестициски договор“), нашето Дуо-трио, можеби сметајќи дека се работи за ризична опција – се одлучи за ’не’. Тоа беше нивна одлука; не наша, народна, а понајмалку моја.

Кога требаше крајно енергично да се реагира и да не се дозволи да се рашири дезинформацијата дека кратенката е дозволена и договорена (???), па дури и прекршочно да се казнува секој во Македонија што ќе ја шири таа лага – нашето Дуо-трио мислеше дека тоа е нешто неважно. Тоа беше нивна одлука; не наша, народна.

Кога се слушнаа гласови дека треба да се има резервен план (contingencyplanning) за случај „што ако не“, а посебно за случај Грција да го нападне внатрешното име наместо да се задоволи со меѓународно име – нашето Дуо-трио се реши да заигра на картата „се’ или ништо“. Тоа беше нивна одлука; не наша, народна.

Како заклучок: посочените, заедно со уште редица други се серија од одлуки што Дуо-трио ги донесуваше и затоа – сега е сосема основано да се отвори прашањето за нивна одговорност. Впрочем, стара поговорка е дека: многу бабици – килав пород. Затоа и имаме еден Министер за надворешни – еден Премиер и еден Претседател. Наше е да ги избереме; наше е да придонесеме со идеи и размисли; нивни се одлуките, а со тоа и одгворноста. Не се работи за индивидуален случај (како со хеликоптерот, иако дури и тогаш можеби можеше) – туку за глобална стратегија и цел серијал одлуки што не’ доведе до крајно непогодна преговарачка позиција во однос на Грција. Затоа, сега е само прашање до каде треба да се оди со одговорноста: само Министерот, или и Премиерот или дури и Претседателот. Тука е и прашањето дали ова Дуо-трио како „пакет“ има сили за сериозни промени, односно да ги изнајде најдобрите опции за „што понатаму“.

За тоа – УТРЕ.

Маниту Велики

ШТО ПОНАТАМУ

По прашањето за „што понатаму“, музика за моите уши беше изјавата на поранешниот австриски амбасадор во Македонија, чие мислење може да се сублимира вака: НАТО не ви треба – чекајте ЕУ да падне на колена и да ве моли да станете негова членка. Музика дотолку повеќе што доаѓа од земја која со векови се справува со различните притисоци на својот огромен сосед Германија, па дури беше и анектирана од Хитлеровските сили, а која и ден-денешен не е членка на НАТО. Во тој контекст, потенцијалниот договор за воена соработка со САД се чини исклучително добра опција и, барем за извесно време го одлага прашањето за нашето зачленување во НАТО.

Второто, за ЕУ, очигледно се базира на суштинска проценка на актуелните преговарачки позиции. Во моментов ние сме потполно препуштени на милост на земја која може да ни понуди се’ и сешто – освен милост. Е, тука, можеби сепак има некои потези што можеме да ги направиме за да ја смениме ситуацијата. И повторно – не се работи за некаква „историска пресвртница“ или „судбоносно да/не“ – туку за најнормална, сосема редовна стратегија што треба да ја донесе нашето Раководство, а потоа и да ја реализира. Значи, нема никаква потреба сега сите да се „обединуваме“, да носиме „единствена стратегија“ – туку да избереме селектор и, само евентуално, да ја одобриме или не неговата веќе „спакувана“ стратегија. До такво нешто – повторно да ги понудиме нашите размисли и идеи…

Елем, зошто не би било можно исто онака како што НАТО се подели на 26 земји и Грција по прашањето на македонскиот влез, така и ние сега да го поделиме ЕУ на Грција и – сите други членки? Дури и некои претставници на ЕУ посочија дека во оваа фаза преговорите со ЕУ не се предмет на консенсуална туку гласачка одлука!

Понатаму, како што извонредниот професор (но, за жал не толку извонреден како политичар) г. Ѓ. Марјановиќ љубеше да каже: богатиот не го плаши парична туку затворска казна, а сиромавиот обратно – само немој да му брцнеш в’ џеб. Грција во моментов е презадолжена, со сериозни финансиски проблеми. Стотина милиони евра обешететување – сигурно добро би ги уплашиле, па дури можеби и би ги приближиле нашите преговарачки позиции.

За тоа ни е потребна правна основа. За разлика од кафанските муабети, каде дезинформацијата е одлична основа за градење „кули во облаци“, ако малку се прочепка по изјавата на грчкиот портпарол дека Грција никогаш не ја ратификувала Привремената спогодба – можеби ќе дојдеме до интересен податок, односно дека се работи за блеф. Имено, дури и според текстовите Привремената спогодба обајавени и на грчките Веб-сајти (в. на пример Hellenic Resource Network), се работи за вид владина спогодба што не подлежи на ратификација. И тоа е сосема јасно кажано во чл. 23 од Интерим акордот. А веднаш потоа следи и клаузулата дека сведок на тој договор е поранешниот шеф на Нимиц, т.е. г. Сајрус Венс.

Значи, одлична основа да ги суспендираме и примената од наша страна на Привремената и процесот на ОН-медијација во врска со разликите околу името, како и да плеснеме една „мрсна“ тужба со која ќе бараме дебело обештетување за сите трошоци врзани со НАТО (вклучувајќи ги и нашите мисии на Истокот). Впрочем, Грција преку устата на г. Т. Пангалос „смртно“ ја навреди Германија, па не само што остана неказнета – туку во Букурешт г-а Меркел, која не’ поддржа, сепак покажа разбирање за грчката позиција. Како и за редица други самоволија на Грција, верувам дека и овој потез на „галеничето“ на Европа ќе остане – неказнет. Токму затоа, можеби потенцијата да „брцнеме“ во нивниот џеб би променила нешто.

Прашањето за стратешки сојузници, во момент кога се чувствуваме издадени практично од сите – можеби е добро малку да се одложи. Извесно е дека таму многу „скитавме“ и дека во ниту еден момент не се формираше стабилен круг. Сепак, стабилно јадро – да. Уште како министер за надворешни, г. Д. Малески се определи за „европската опција“ како една единствена, како безалтернативна определба. Подоцна, ја замени со „САД опцијата“ застанувајќи зад тогашниот министер г. С. Црвенковски. Тој оптикум го промени министерот А. Димитров кој практично „избриша“ се’ и реши „во четири очи“ да ја среди работата со Грците. Последиците се супер-видливи и супер-тешки. Враќањето на „американската опција“ значеше огромни компромиси (читај отстапки) на планот на косовското прашање, но, пак и извонредно чувство на одговорност на американска страна во услови кога ЕУ ја „торпедираа“ агендата на г. Џ. Буш на Самитот во Букурешт. Таквата лојалност навистина ме импресионира. И ме тера да почекам како во однос на потпишувањето на воениот договор така и во однос на промената на власта во САД. Врз основа на тоа, можеби би можеле да процениме дали навистина ни е отворена „атлантската опција“.

Другите прашања врзани со Грција – не гледам потреба да чекаат.

Маниту Велики

МРСНА ТУЖБА – (НЕ)Соодветна споредба

Во стручната методологија многу се инсистира на тнр. „соодветна споредба“.

Кај Љупчо, со еден волшебен потез и – елементот на договор а со тоа и принципот “pacta sunt servanda” – исчезнаа. Затоа, изнесената компарација е несоодветна. Друго би било кога таа женска, по која Ти потекле лиги, потпишала договор со Тебе дека и таа ќе вежба со Тебе или во истиот период или …

Многу симптоматично е тоа што кај Тебе исчезнува договорниот елемент, а во случајот Македонија – Грција, тоа е Привремената спогодба. Можеби заради онаа дезинформација што Грција ја лансираше – дека не била ратификувана од нивниот Парламент. Токму таквата дезинформација силно индицира дека тие ја лоцирале својата слабост и се обиделе да ја адресираат (впрочем како што би направил секој добар адвокат).

Колку и да ми е симпатичен Твојот романтизам, сепак верувам дека се имаме впуштено, сосема не по наша воља, во меѓудржавен спор што далеку ги надминува добрата воља и кафе-муабетите. Заглавени сме многу и верувам дека сите треба да помогнеме да се најде најдобриот одговор на грчката уцена. Тоа го гледам во – меѓународното право. Тие правници не се кој знае што или нешто недопирливо за нас. Напротив.

Клучно е дека Грција ги користи интерните механизми на ЕУ (па и НАТО) за да им сервира на своите „симпатизери“ приказни за мали деца. Саркози – супер пример. Но, тие интерни механизми за нас не се отворени. Значи треба да се најде ’плоча’ каде колку-толку или барем формално ќе бидеме еднакви или уште поточно – ќе имаме формално еднаков пристап. Токму затоа, не гледам подобра алтернатива од правните механизми, инаку механизми кои некои наши постари колеги ги негираа и упорно веруваа дека: „ќе сме променеле некое членче во Уставот и ќе измислиме супер-формула во ОН, па ќе сме седнеле на маса со Грците – и се’ ќе сме расчистеле“. Тој пристап банкротираше по сите линии. Наспроти тоа, вака или онака, Привремената спогодба ни ги отвори вратите на ОБСЕ, Советот на Европа и НАТО-партнерството за мир (и тоа токму по овој редослед). Затоа Привремената и е толку „опасна“ по Грција.

Наше е дали ќе бидеме малодушни, дали ќе се „јадеме меѓусебно“ или – ќе направиме се’ што можеме. Не во име на некаков си „патриотизам“, во кој поглед се согласувам со Тебе, туку во име на поквалитетно утре или барем да не минуваме голготи од типот на грчкото ембарго 1994/95 година (патемно, кое заврши со тужбата на ЕК против Грција пред Судот во Луксембург, а потоа со Привремената спогодба).

Ако е тоа мојот „правнички грев“ – тогаш, многу сум горд на истиот.

Маниту Велики

До Претседателот на Републиката

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

КОМУЊАРИТЕ И МАКЕДОНСКАТА САМОБИТНОСТ

Решив да ви поставам три квиз прашања. Сите почнуваат подеднакво. Што е заедничко меѓу… па сега следи: а) неокомунистите и антикомунистите; б) НАТО и српските Радикали; и в) македонската самобитност и политичкиот опортунизам.

Првото прашање е, се разбира од типот Која река тече под Савскиот мост, а по методата на Трендо – нали – служи за загревање. Сепак, изненадувачки колкумина знаат сепак да загрешат. Ама ако го напишеме вака: нео-анти-комунисти? Точно. Комунистичката ментална матрица. И едните и другите не се ништо друго освен – комунисти. Затоа и ми е смешно кога едните им викаат на другите: а, бе комуњари! Знам дека не се духовити по природа, па оттука, се плашам дека најсериозно го викаат тоа.

Разликите се, нормално, само привидни. Додека (нео)комунистите се бавеа исклучиво со „важни“ прашања (го решаваа судирот меѓу Истокот и Западот, или Владата одлучуваше за правосмукалките на аеродромот тогаш Петровец…), антикомунистите се бават исклучиво со – неважни прашања (садеа дрвца во време кога кај Католичка црква ги сечеа најстарите липи за нова „маркица“). Обата вида комуњара не се бавеа со клучното – човекот и неговото подобро денес (освен сопственото).

И реториката им се разликува само привидно. Првите, ако чуеја спротивно мислење – веднаш го потегаа арсеналот полн со пароли. И тоа во името на патриотизмот. Вториве, пак, во истата ситуација веднаш ви се нафрлуваат со најпогрдни зборови. И тоа во името на патриотизмот.

Меѓутоа, кога е во прашање врвното на комунистичката ментална матрица – одговорноста – е тука веќе се губат и најпривидните разлики. Првите измислија доживотен избор со акламација – илити: претседателска автократија (тој зихер не е крив – сите други се криви). Вториве измислија распуштање на Парламентот – илити: премиерска автократија. За процес (името, Грција) што дури не беше разгледувано како точка на Собранието ни – апсолутно беше во надлежност на Премиерот: Премиерот го распушти Собранието!?? Секоја чест за Премиерот.

Но, во ситуација кога Собранието требаше да ја распушти Владата заради неуспехот во Букурешт да си изгласаш „самораспуштање“ – е тоа е врв на неодговорноста на Премиерот, а што е можно само на еден начин: да се соберат „70 стамени мажи“ со комунистичка ментална матрица = така ни рече Шефот.

Кај второто прашање верувам дека ви треба помош од публиката составена од Македонците во Србија. Македонска ментална матрица. Елем, српските Радикали се заканија дека ако дојдат на власт – ќе ги испудат сите Македонци од Србија. Што лукавост смислија собраќата ни во Србија: почнаа да гласаат за Радикалите, нали за да ги – смилостиват.

НАТО во Букурешт ни удри кој знае која шлаканица по ред. Пред тоа, токму пред очита на КФОР Учките се шетаа преку македонско-косовската, „необележена“ граница. НАТО е можеби најсериозниот фактор во нашето „усреќување“ со Охридскиот рамковен договор. Сега ни тури супер-тесни рокови, за да … Што лукавост смислија Македонците во Македонија: на последното испитување на јавноста уште повеќе сакаат да сме влегле во НАТО, небаре ќе ни се смилостиват.

Ајде една спојка со првата строфа. Комунистите, уште пред да ја ослободат Македонија, изгласале дека ќе се здружиме со другите, братски југословенски народи. Антикомунистите, нали саде деца на борците за македонска самобитност, уште непризнати како држава – изгласаа дека ќе сме се здружеле со небратските народи од ЕУ/НАТО, но по некоја сосема непозната основа – сме биле од истото семејство.

Сега, пак, и едните и другите, алиас комуњариве – се дерат на цел глас дека ние, самобитните Македонци ќе сме се распаднеле како држава доколку не влеземе во ЕУ/НАТО???

Сигурен сум дека го слутите одговорот на третото прашање: македонска, комунистичка ментална матрица. Извесно е дека се изнаслушавме зошто не е добро да не влеземе во ЕУ/НАТО. Но, барем да се обидеа да замислат што би било добро доколку не влеземе во ЕУ/НАТО. Елем, повеќе од јасно е која „стратегија“ ќе биде определена: ма’ање по патриотски гради – мољакање по Брисели сепак да не’ примат (тетке, жими мајка, ние ептен добри сме – оние другите не’ зае…) – избирање на најлошата варијанта за името.

Јас, пак, жива наива, прво што си помислив е дека невлегувањето во ЕУ/НАТО, или барем не за х-то време е таа, во психологијата толку извикувана „втора шанса“. Жива згода да си го потсуредиме дворот (троа, не ’ногу). Да кажеме, прво и основно, едно големо стоп на федерализацијата на Македонија. Без ЕУ/НАТО би требало да можеме да го преиспитаме Бадентеровото гласање – во принцип тоа е противуставно. Да се утврди етноструктуираноста во македонските населени места од формирањето на нашата Држава (само да потсетам: 1944 г.) па се’ до 1991 година и така утврдените традиционални соодноси да не може да се менуваат по „косовскиот модел“.

Тоа, се разбира, ќе го отвори прашањето за преиспитување на сите новододелени државјанства, а посебно на оние на етничките Албанци. Е, ако се најдат фалсификати во документите или фалсификувана процедура – тоа дури и по Европската конвенција е доволна причина за одземање на натурализацијата. Тоа, пак, заедно со дихотомијата Танушевци – косовска Гора, ни овозможува да си склучиме со Албанија и Косово (а ако сакаат и другите ни соседи, посебно Бугарија – нали имаме ’ногу Бугари…) договори за размена на население – сосема легитимен и практично неизбежен меѓународно-правен институт присутен во сите фази на формирање на национални држави и практично да нема држава во Европа што не го направила во поголема или помала мера (вклучувајќи не’ и нас, т.е. Македонија). Илити, малку или барем за кратко да си ја вратиме Државата ни во нашите самобитни раце…

Зошто утопија кога ете ги комуњарите – иста банда со различен префикс (патемно уште не разбрав од која тоа плата Аларова заштедела за да плати 100.000€ данок и како тоа плаќање данок отпосле не е кривично дело затајување данок). Не можат ли толку да се угледаат, на пример на Французите: кога стана изгледно дека Л’пен може да стане претседател – се затрчаа да гласаат за неговиот противник. Но зошто веднаш ми излегуваат пред очи оние наши „70 стамени мажи“ составени од пратениците на антикомунистите и пратениците на етничките Албанци?

Упс, го заборавив одговорот на своето трето, посткомунистичко прашање, синтезата: македонска, комунистичка ментална матрица, илити желбата да се остане на власт по секоја цена.

Маниту Велики

РЕЛИГИОЗЕН КОМУНИЗАМ

Што не’ очекува по овие избори? “Од бројните сценарија, има едно кое сериозно ме плаши поради тоа што значи укинување на парламентарната демократија и унитарноста на Македонија. Имено, ако Вмро-Дпмне добие 61, а Дуи 20 пратеници и тие склучат владина коалиција. На тој начин тие би имале двотретинско мнозинство доволно за менување на Уставот и пратеници што не гласаат со своја глава – туку исклучиво и само по диктат на партијскиот лидер. Произлегува дека одлуките Photobucket” целосно ќе се носат надвор од Собранието, значи од парламентаризмот не би останало ниту „п“Photobucket, а бидејќи и во рамките на самите партии одлуките ги носат единствено и само лидерите – од демократија нема да остане ниту „д“. За да автократијата биде целосна – двајцата лидери ќе си ги поделат атарите, но со тоа, едновремено, од унитаризмот нема да остане ниту „у“.
Едно умно правило гласи: ако го исклучиш невозможното, она што ќе остане колку и да е неверојатно – е можно. Илити, колку и да звучи таквата владина коалиција неверојатна, таа е можна. Само да се потсетиме на 2001 година. Иако коалиција на „национален спас“ на многумина им изгледаше неверојатна, таа не само што беше можна – туку и се случи и тоа воопшто не најслучајно. Имено, Вмро-Дпмне, тогаш под водство на Љубче Георгиевски, а во најтесна интима со кумровачкиот сектор на екс-комунистите (веќе тоа беше сосема неверојатна и непринципиелна коалиција), политички „банкротираше“ по две години – излегувањето на ДА од Владата. Тоа не само што не беше сфатено како предупредување, туку напротив Вмро-Дпмне како да доби крилја. Тие крилја беа супер брзо потсечени и ни се случија тнр. „воени судири“.
Сегашната верзија на Вмро-Дпмне политички банкротираше за уште пократко време, или вкупно 18 месеци – неуспехот на Самитот на НАТО во Букурешт / Премиерот го распушти Парламентот. Наместо тоа да биде сфатено како предупредување, гледам дека многумина затвораат очи пред потенцијата пак да ни случат тнр. „воени судири“. Ако навистина победи Дуи во албанскиот табор, а Вмро-Дпмне во македонскиот соочени сме со класичен парадокс. Ако Г’уевски се одлучи за Дпа – следат (Дуи) воени судири. Ако се одлучи за Дуи – следат (Дпа) воени судири. Топло се надевам дека периодот меѓу 2001 и 2008 година бил доволен да се научи лекцијата и за да, некако, не се случат тие мератни воени судири. Само, не од суеверие туку од повторливоста на природниот ритам на Земјата, ме плаши што се работи токму за 7-годишен период.
Еве, ајде да бидеме оптимисти и – да претпоставиме дека тнр. воени судири нема да се случат. Што е тогаш толку страшно? Религиозната обвивка на актуелните (анти) комунисти. Ова анти го ставив во заграда бидејќи токму сношти, по повеќе години молк, повторно беше одбележен Роденденот на другарот Тито и Денот на младоста – 25 Мај, со огромен собир на централниот плоштад на Скопје (порано плоштад Маршал Тито), пораки до саканиот лидер (сега Никола), фешта па дури и Бенгалски огин со почеток четврт до Полноќ, па дури и уште едно дури: една од ракетите на Бенгалскиот огин се распрсна во форма на црвена, петокрака ѕвезда. Навистина не’ потсети на „оние“ денови. Расположението го расипа единствено грешката на нашите средства за јавно информирање кои, замислете, упорно тврдеа дека се работи за собир на Вмро-Дпмне!??
Да се вратиме на религиозната обвивка. Ако малку повнимателно го следиме блог-серијалот „Веронауката“ и се обидеме да согледаме како тоа може да се реперкуира на општествен план, едно „црно“ сценарио би гласело вака: концептот на овоземна одговорност е во директна спротивност со нивните верски определби – без овоземна одговорност нема демократија – без демократија нема Европа. Навистина, грозјето е зелено, па кога веќе ни прават вакви резили со Грција и Името – и не ни требаат.
Меѓутоа, многу пострашно од неодот кон Европа ми се чини е суперпродукцијата на таа неодговорност замаскирана со најпогрешната куратива што ни се нуди за распадот на општествениот вредносен систем. Срозувањето на животот во Македонија е на ниво кога навредата е нормален облик на комуникација,Photobucket а во партијските структури дури е и добродетел и/или највисок дострел. Колку повеќе испоплукаш наоколу – толку подобро фотељче ќе заработиш. И тоа така изгледа ама баш со сите партии. Но, пред се’ Вмро-Дпмне ни ја нуди како излез – религијата. Илити концепт базиран на отсуството на овоземна одговорност!!!
Можеби затоа тие, религиозните типови можеме да ги препознаеме по огромните, најчесто златни крстови што ги красат нивните рунтави гради,Photobucket автомобилите паркирани на сред среде тротоар (а ако видат тревник – нивни е), литрите алкохол испиени во и надвор од кафаните, а муабетите ги почнуваат со зборови од кои би се засрамиле и унгарските кочијаши, за секундарно мислат дека значи сега (во секунда), а за дубиозно дека е нешто многу, многу длабоко(мислено). И уште нешто: нивните кафански изјави дека „ќе ги сплескаат това Шиптарите како…“, но кога партијскиот лидер ќе им каже да гласаат за предлозите на нивниот коалиционен партнер од албанскиот кампус – тогаш ги дигаат рачињата како третоодделенци.
Надеж? Во добар број разговори со пријатели и познаници го слушнав следново: дека се уплашени од разните „патроли“, пардон делегации на Вмро-Дпмне што го испитуваат јавното мнение, па кога прашани за кого ќе гласаат велат категорично Вмро-Дпмне. Оваа Рада никако не ја бендисуваат (некогаш и право вели, но некако не ја биѓава; она „нејзините“ не се ништо подобри…), ама поарно и тоа отколку …
Елем да, тоа ми е надежта. Дека покрај грубите фалсификати на испитувањата на јавното мнение и ова е еден од факторите поради кои слушаме диспропорционалните проценти и дека на изборите гласачкото тело ќе најде начин да направи баланс, одн. дека главните партии ќе бидат приближни по освоените гласови. И така ќе животариме додека не се јави сериозна политичка опција што ќе ни помогне лека-полека да ги вратиме овие сега толку навалентни маргиналци во пазувите на општеството од каде се изнедрија. Без тоа – маф ни е работата.
МанитуВелики во соработка со мирјана

АЛБАНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1)

Што да се прави со Албанците во Македонија – е едно од најчестите прашања што го слушам во последно време. Во периодот од осамостојувањето до 2001 година упорно се повторуваше една крајно неточна флоскула: дека „Македонците и Албанците никогаш не се чепнале меѓусебно“. Дали таквата флоскула беше резултат на повеќе децениската теза дека развиваме „братство и единство“ или на „супер-оригиналната“ замисла на екс-претседателот Глигоров за мирна коегзистенција? Или, наједноставно, ние Македонците сме тотално наивни? Јербо, по се’ она што го видовме на Косово – од каде ни е тој оптимизам дека не се работи за територијална експанзија на Големоалбанизмот? За да си го објаснам себе си феноменот на нашето слепило спрема повторувањето на Косово во Македонија, ја прелистав малку историјата. И дојдов до сопствени заклучоци – не она што ми го сервираат те едни те други историчари. Сопствени заклучоци.

Прво ги раздвоив небото и земјата или поточно го раздвоив она што било пред и по периодот на формирање на националните држави. Тој период нас не’ затекнува во пазувите на Отоманската империја. Сосема нормално, посебно распаѓањето на повеќевековниот гигант значело големо незадоволство и создавање пријателства по формулата „непријателот на мојот непријател е мој пријател“.

Најдобра потврда за тоа најдов во периодот 1897 – 1903 година, кога се формираат неколку заеднички македонско-албански здруженија, се артикулира заеднички настап и се бара автономија или дури и самостојност од Империјата во распаѓање. Но, од аспект на јасна географска и секаква поделеност освен заедничката желба за автономија, најдоброто што го најдов е списанието „Автономија“ што излегувало 1902 година во Лондон на англиски и француски јазик (в. Катерина Наумоска, „Автономија“, ИНИ, 1995 г.).

Под мотото: „Македонија на Македонците“ – „Албанија на Албанците“ се здружиле луѓево и веќе во првиот број од 10 мај 1902 година побарале ’административна автономија’ (чл. 1) за двете провинции што би се формирале од постоечките вилаети и тоа на следниов начин: Албанската провинција би била составена од вилаетите Скутари (Скадар) и Јанина, додека Македонија од – Косово (Скопје), Битола и Солун (чл. 2).

Во наредните броеви, опишувајќи ги состојбите во сите сфери на општествениот живот, но и ’економската географија’ (стр. 66 и натаму), практично е недвосмислено јасно дека разграничувањето меѓу „Албанија“ и „Македонија“ е токму по линијата на големите планински масиви од ’последните ограноци на Динарските Алпи до Грамос и Пиндус’. (Едновремено, посебно од климатски аспект се употребуваат термините Северна и Горна Македонија.)

Photobucket

Од денешен аспект, своевидна поткрепа на таквата географско-етничка демаркација се – македонските Горани. Сместени меѓу Македонците и Албанците како во областа Гора на Косово, така и во областа Голо Брдо во Албанија долж актуелната граница со Македонија тие создале неверојатно јасна тампон-зона (buffer zone), бегајќи едновремено од албанскиот јазик и од македонското православие.

Сојузот на „пријателите по непријателство“ завршува 10 години подоцна на наједноставниот начин – се формира националната држава Албанија, но не и националната држава Македонија. Токму од тој момент и почнуваат национално-територијалните претензии на Албанија спрема Македонија. Најординерна човечка лакомост или она што во IV број на списанието „Автономија“ е кажано вака: „…Тешкотијата лежи во тоа што иако селата може да се населени со само еден народ, градовите се населени со претставници на сите досега наброени народи…“. Можеби токму затоа прво посегнале – по Скопје, како што деновите јавно кажува г. Веби Џемаили. Дали било тоа пљачкосување, како што тврдат едните, или ослободување, како што тврдат другите, извесно е дека уште неизладена хартијата со која на Албанија и’ е подарена национална држава – таа посегнала по она што дотогаш било како неспорно меѓу „сојузниците по непријателство“.

Најголемото посегање е сепак за време на Втората светска војна, вклучувајќи и јавно декларирање на Балистите на нивната борба за Голема Албанија. Задачата да се „расчистат“ овие сили, упорно верни на фашистичка Германија и запаѓа на Шестата македонска бригада (в. Кузман Смилески и др., издание на НИП Мугри, 1994 година, посебно глава IV и V). Проценките од крајот на октомври 1944 г. велеле дека се работи за 12-13 илјади (!!!) вооружени балисти (стр. 125). Борбите во Полог, Кичевско и Дебарско (со дополнително ангажирање и на XV македонска бригада) траат практично до мај 1945 година кога се разбиени и последните остатоци од балистичката дивизија „Скендер-бег“, одн. ликвидиран Џемо Хаса.

Во периодот на СФР Југославија и настаните врзани со неа, според мене, мошне индикативна е поддршката на движењата на Косово и тоа како при првите јавни манифестации така и при отвореното посегање по оружје (период 1967 – 1981 г.). Тоа, по се’ изгледа, се одрази и во бојкотот на референдумот од 1991 г. и усвојувањето на четвртиот по ред устав, а со кој Македонија излезе од Југославија, за да, преку декларирањето на концептот Илирида, во 1999 година не само потполно некритички се застане на страна на косовските Албанци, туку и се заокружи сопствениот национален идентитет како албански, а не како македонски. Логичен след беше релативно успешниот обид во 2001 година, веќе со оружје в’ рака, да се удрат темели за бинационализација на Македонија со перспектива за нејзина федерализација или нешто уште полошо.

На другата страна сме – ние. Не можев да најдам ниту најмал обид ние да чепнеме што и да е од нивната територија. Дури ни да посегнеме по Горичкото поле (Корча и нејзината долина) кое и географски и етнички било пологичен дел од Македонија отколку Албанија. Како да сме држеле слепо и наивно до Пакс АлМа од 1902 година или како да сме ги стискале ширум затворени очите и викале упорно и упорно – немаме ништо со вас, ништо, ништо…

Тоа ништо се гледа и во процесите од 1991/92 година. Една држава што сака да биде самостоен субјект во меѓународните односи не може и не смее да забошоти едно такво прашање како што е дефинирање на нацијата (не националниот идентитет…) во услови кога уште и сеуште концептот на националните држави се базира на „светата тројка“ – територија, население, власт. Дефинитивно во 1991 година бевме обврзани да кажеме дали се исто македонскиот народ и македонската нација. Ние тоа не го направивме. Ниту деклариравме дека не го признаваме албанското, но и другите малцинства како конститутивни елементи на македонската нација. И тука дефинитивно – се лизнавме. Всушност, оставивме дури и во уставните одредби да „виси“ сложениот југословенски модел: федерално заедништво на шест држави – пет (републички) нации – (автономни) националности – (многу) етнички групи. Модел примерен за федерална држава – за да потоа се чудиме зошто државата упорно ни се федерализира, а албанскиот народ се чувствува како конститутивен елемент, но не на нашата нација туку на нашата „држава“!!! Браво.

На одбивањето да го прифатиме националниот концепт, а кој би подразбрал албански Македонци, турски, српски, влашки Македонци и тн. се надоврза на периодот 1991-1994 година кога ниту едно барање на албанските Македонци во Собранието не можеше да прооди, а камоли да помине. Како да не успеавме да извлечеме ниту најмала поука од она што политичарите во 80-тите години така гордо го нарекоа „диференцијација“. Тоа е дефинитивно супер-елементарна логика на ниво на американските црно-бели филмови: има good gays & bad gays илити добри и лоши момци. Колку и да беше направено тоа несмасно и со супер-застарени методи – не смее да се негира логиката добро – лошо. Впрочем, ако се споредат бројките од 1944 и 2001 година дискрепанцата е видлива од авион. Дури и најнадуените проценки за 2001 се движеа околу 2.000. По некои мои, сосема груби проценки се работеше за крајно нехомогена структура од околу 400 – 600 „федералисти“. вклучувајќи и околу 60 – 90 окалени борци и платеници групирани дел како ударна единица, а дел распределени по разните „бригади“. Споредено со 13 илјади од 1944 се чини дека „братството“ и развојните процеси вака-или-онака завршиле работа.

ПРОДОЛЖУВА…

Маниту Велики

17 Јуни, 2008 – 06:22

АЛБАНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА (2)

Периодот 1994-1998 г. пак се карактеризира со извонредна кратковидост на нашите доблесни политичари. Беа со леснотија одбивани сите оние предлози во најразлични форми за „локализација“ на етничкото прашање (територијално оградување на употребата на албанскиот јазик) во комбинација со развивање заеднички едукациски форми (на пример: наместо оваа рогобатност од „Вандерштул“ – тројазичен педагошкиPhotobucket”  факултет во Катлановско). Дури ниту Европската повелба за регионални и малцински јазици не помина. Ни до ден денешен ја немаме ратификувано. Сета таа шема беше во функција на максимална заштита на малцинствата и максимална заштита на унитарноста на државата, одн. малцинствата да не се претворат во немнозинства. Денес имаме немнозински заедници.

Вака погледнато, дали е чудно што лека-полека исчезнаа големиот број цивилизирани дечки што зборуваат перфектно македонски јазик или чист тетовски дијалект, дотерани, со по едно или две деца и кои ако не им го запикасаш името нема ниту на соне да знаеш дека се албански Македонци? Или што одеднаш се наполнивме со некои чудни типови што или не знаат ниту збор македонски, или и ако употребат некој збор – не знаеш дали е српски или полски – логичен заклучок: ние да научиме албански па среќно-среќно да си се разбираме? Или едно-две излегуваат од Собранието и трчаат во планините, а во обата периоди во багажникот држат по барем еден „калашников“ и неколку базуки? За да најодзади ни кажат отворено преку устата на Тачи: или Македонија ќе влезе во ЕУ или тие ќе ни кажеле чао! Смерно толкување: ептен многу сакаат да влеземе во ЕУ. Малку пореално толкување: ако териториите ги чувствуваат како свои и не се делат од нив, тоа не е случај и со нас – со тешко срце но сепак ќе се одделат – од нас!!! Ако тоа се чини нереално – фрли око кон Косово.

Тоа ни од далеку не е концептот на размена на население и/или територии. За овој, инаку сосема валиден меѓународно-правен концепт напишав чланак уште во 1993 година. Помина незабележано; освен кај неколкумина. Кога Љубче го отвори тоа прашање – го направи на најпогрешниот начин: како поделба на македонската територија. „Познавачите“ на меѓународното право тогаш од редот на СДСМ веднаш го прогласија за ’ноторна глупост’. Но, го користеја терминот „размена“ а мислеа на „внатрешна поделба“. Толку и за едните и за другите. Останува дека по „диференцијацијата“, „националното дефинирање“, „интеграцијата“ и „локализацијата“, пропадна уште една опција – „доминантно моноетничка држава“. На другата, пак, страна – пораката „Македонците не не сакаат“ беше примена. Автоматски, следеа Косовската криза 1999 и обидот „косовскиот модел“ да зачекори на голема врата – Македонската криза 2001. И одлуката на меѓународната заедница номинално да не’ унитаризира, а фактички да не’ федерализира преку бројните двосмислености во Охридскиот рамковен договор.

Периодот од 2002 г. а посебно од 2006 г. го гледам како огромна ренесанса на најпогрешниот од сите методи – „(пасивна) мирољубива коегзистенција“. Во литературата за меѓународниот развој тук-таму може да се најде референца за некој си Норберт Елајас кој развил теорија наречена „две шкорпии во шише“. Дотичниот верувал дека двете скорпии (се мисли на САД – СССР) ќе кружат една околу друга до бескрај – и нема никогаш вистински да се нападнат или, не дај боже – едната да ја изеде другата. Едноставно речено, успеал привременоста (или транзицијата, како што сега милуваат) да ја побрка со динамичката рамнотежа. И успеал да превиди или не успеал да предвиди дека во денешни услови идеолошкото потчинување е најсилното. Она, буквалното уништување, е практично ирелевантен апсурд или интересна игра со зборови. Дотолку повеќе што физички поразениот би имал можност сосема солидно да го наруши физичкиот интегритет на победникот.

Кое е нашето „оружје“ против федералистите? Денес најраширеното „оружје“ на меѓународната заедница е принципот „морков и стап“. Photobucket” />„Морковот“ или „морковите“ со кои мислиме дека ги лажеме федералистите – ги гледам на секој втор чекор. Каде е „стапот“? Коегзистенција на Глигоров во ВМРО верзија добутка до ниво на груба, отворена (читај недипломатска) порака на Меѓународниве дека за прв пат изборите во Македонија беа нефер и неслободни независно што изборните неправилности биле, наводно, само во албанскиот кампус!!! Дури и да сме најфедералната држава на светот – или сме одговорни за целото или не сме држава. Јасно како ден. А и да не спомнуваме дека во тој дел од државата под албанскиот кампус – сеуште имаме по некое Македонче. А немаме „стап“ дури ни з’орт-з’аман. Онаа „сламка“ дека победничката партија не мора да коалицира со албанската партија со најмногу гласови – ни ја утепа лекоумноста на Фуере (независно што по реакцијата на Брисел ја смени „плочата“; штетата беше направена).

Од човекови права ниту „ч“? Само делумно точно, иако тоа делумно е ептен големо. Имено, по моја проценка уште од 1967 г. но многу повеќе од 1981 г. се почна со “дифренциран кривично-правен третман“ и на албанските Македонци и на федералистите. Еден аршин за македонскиот народ и лојалните малцинства – друг аршин за албанското малцинство. За жал, токму таа сфера е едно од најважните мерила за демократијата во една земја. Не случајно и сосема оправдано. Пречесто кривичниот прогон бил маска за – политички прогон. Оттука, кога ние гордо извикувавме дека сме стокмиле „криминалци“ – Меѓународниве уредно забележуваа дека ’…во Македонија повторно се кршат човековите права и слободи…’. Кога ние бевме горди дека ’ги разбиваме терористичките формации во Кумановско-липковскиот регион’ – Меѓународниве уредно забележуваа дека ’…македонската Армија го тероризира албанското население со употреба на тешки пешадиски, артиљериски и воздушни оружја’. Е тука – дефинитивно се лизнавме. И, што е најтрагично – сеуште се лизгаме…

Ако на тоа се надоврзе и огромното прекршување кај Меѓународниве по прашањето за „моноетнички“ (се мисли: доминантен етнос) версус „мултиетнички“ држави во услови кога ние не ја дефиниравме својата нација (сеуште стоиме на нивото на национален идентитет) уште поинтересни ми стануваат пораките на Лорд Овен.

МанитуВелики

АЛБАНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА (3)

Болен Дојчин ми повикал до три доктори. Елем, Лорд Овен, претходникот на Лорд Карингтон во Конференцијата за поранешна Југославија, години подоцна се обидуваше да докаже дека мултиетничкиот концепт не само што не е најдоброто – туку токму најлошото решение за екс-Југославија. Дека треба да се вратиме чекор-два назад, да се структуираат етнички што почисти средини и, на некој начин – да се почне одново. Извесно е дека со „чисти сметки“ и залечени рани – луѓето најприродно повторно ќе почнат да се мешаат, а перспективата „целиот Балкан во ЕУ“ ќе значи не само бришење на границите туку и изградба на заедништво (читај: братство и единство) на едно повисоко ниво и, најважно од се’ – на доброволна основа. Ненаметнато, недекретско и ненасилно.

Се’ супер – ама не помина и сеуште не поминува. Дури и соочени со драстичниот, белгиски пример – Меѓународниве никако не сакаат да ја признаат својата грешка. А, по мое најдлабоко верување, се работи за чиста грешка. Дури и во услови кога можам слободно да кажам дека најголем непријател не ни се Французите на Саркози, ниту Грците на двоецот Краманли – Бакојани, ниту Албанците-федералисти – туку самите Македонци. Со години слушам дека Федералистите се хомогени (а не како нас), дека сите работат за една цел (а не како нас), дека за пет минути собираат 100-илјадна маса пред Собранието (а не како нас)… Но, кога ќе дојде прашањето за владини и директорски фотељи, односно вработување „свои“ – букнува класичен антимакедонизам: „од овие комуњари не можи да се диши“ – „на ова Вмро-овциве да им дадеш две овци – три ќе изгубат“. Станавме апсолутни заложници на оваа дихотомија, а за тоа време Федералистите си работат и можеби не е далеку денот кога ќе ни побараат сите да си зборуваме по албански… Е, тогаш, можеби ќе сфатиме што Лорд Овен затскриено ни порачуваше – елем не ни се „оние другите“ криви; ние сме.

Ако Албанците се обидувале секогаш во услови на наша слабост да ни чепнат троа територија, која е актуелната слабост на која „играат“? Токму тој, наводно „слеп антикомунизам“ на Вмро-Дпмне или реваншизам до ниво на крвна освета. Цивилизацијата одамна сфатила дека тоа е ништо друго до вид самоубиствен синдром. Нели уште Петар Петровиќ Његош тоа толку сликовито го опеал. Но, нашиве политичари никако да ја научат таа лекција. Изгледа дека ич не ги плаши можноста применувајќи политичка освета да станат токму тие најголемите гробари на македонството. Значи, вака или онака, прв и основен предуслов за нешто од нешто да се направи е – да се прекине синџирот на омраза од Македонец спрема Македонец.

Извесно е дека градење „Вардарски ѕид“ е неможно колку што е неможна и ампутација на сопственото ’месо и крв’ т.е. на албанското ткиво во Македонија. Но, изградба на „доминантно моноетничка држава“ иако во потесен смисол, исто така е неможна, е – добар правец. Можно е малку да се вратиме наназад и да земеме залет ако сакаме да го прескокнеме јазот што не’ дели од европското семејство. Како прв чекор ми се наметнува – националното дефинирање. Дури не е неопходно да се направи со уставен амандман. Доволно е, на пример, во партијските платформи да се декларира дека македонската нација се сфаќа како заедница на Македонскиот народ и сите етницитети што традиционално живееле на територијата на сегашната македонска држава. Тоа, понатаму, ќе овозможи во Собранието да се примени најобичен формулар каде изјаснувањето на етничката припадност ќе се изразува како: албански Македонец, влашки Македонец и тн. Ист таков, најобичен формулар може да се воведе и во државната администрација.

Тоа, пак, ќе го овозможи вториот чекор: диференцијација. Само декларирањето како албански Македонец за редица Федералисти ќе биде непремостлива пречка. Не за сите; далеку. Од друга страна, за многумина во албанскиот кампус, фини луѓе на кои им е преку глава од непријателство и фанатизам, може да биде сигнал дека по подолго време институциите застануваат на нивна страна и дека ќе им пружат каква-таква заштита од криминализираните структури толку инволвирани во политичките процеси. Тоа би била вистинска можност за интеграција. Не за асимилација. И повторно: без никаква присила. Само оние што сакаат. Е, тие што сакаат ќе можат да се вработат во државна администрација. Оние другите – не ги казнуваме; само нема да можат да ги уживаат привилегиите или тнр. позитивна дискриминација при вработувањето во државната администрација. Затоа пак, за нив е отворен приватниот сектор…

Позитивните последици би можеле да се почувствуваат на две многу важни полиња. Прво, со примената на тнр. Отворен конкурс да не се форсира процентуалната застапеност на неквалитетни кадри во администрацијата од албанскиот кампус не само во Македонија туку дури и повеќе од Косово (а такви примери се’ повеќе гледаме на нашите телевизори). Впрочем, поминаа комај седум години од Охридскиот рамковен. Наспроти тоа, се чека и кога ќе се појави таков или таква македонска Албанка што не само го знае македонскиот јазик како песна туку и ги врви приемните тестови со леснотија – е тогаш следи „процентуално“ вработување. Второто поле е компензација за грубата грешка на Доста Димовска – разрушувањето на доушничката мрежа без која ниту најсовремените полиции не можат. Сега може да се гради „мрежа од соработници“ но исклучиво од редот на албанските Македонци. По ниту една цена не смее ниту да припарат Федералистите. Автоматски, сите оние прекршувања во кривично-правната сфера би можеле, заедно со осовременувањето на полицијата, да бидат лека-полека надминати.

Диференцијацијата значи и определени рестриктивни (терапевтски) методи. Пред се’, политичката одговорност. Најотворено Меѓународниве потврдија дека со свои очи виделе злоупотреба на полицијата на изборите на 1 јуни. Тоа што Полицијата сака сега ОБСЕ да ја изврши нивната работа – да соберат докази, е само доказ повеќе дека нашата Полиција мора под итно да биде реформирана и тоа вистински – не козметички. Па дури, се прашувам дали веќе не е време заменик-министерот за внатрешни работи да биде од редот на – опозицијата? Во секој случај, ако ДПА си дозволила да ја инструментализира Полицијата во изборниот процес – одговорноста значи дека не смеаат да го плодоуживаат тој пакет кривични дела. Или, ДПА никако не смее да биде дел од владината коалиција. Впрочем, ако Груевски ги прифати – веднаш ќе им порача на Меѓународниве, но и сите нам – дека тој лично стои зад таквата изборна инструментализација на Полицијата. Со тоа мора да оди и судски изречена забрана за вршење каква и да е политичка дејност на сите оние што ќе им се докаже дека на овој или оној начин биле дел од изборната бламажа. Тоа треба да го побара Јавниот обвинител …

Друг, многу конкретен вид рестрикција е преиспитувањето на сите државјанства доделени на лица од албанско потекло. Тоа е не само дозволиво со меѓународно-правната регулатива туку дури и практично единствениот вистински основ за отповикување на натурализацијата (стекнато државјанство) – в. Европска конвенција за државјанството, чл. 7/1-б (не е лошо да се имаат во вид и одредбите од истиот член под „ц“ и „д“) и чл. 17 од македонскиот Закон за државјанство. Впрочем, развојот на Косово сигурно е многу привлечен за редица од нив. Слично е и со Албанија – за некој ден членка на НАТО. Значи, само ќе ги поттикнеме – ништо друго.

Третиот чекор е, веројатно и најрадикалниот и воопшто не е само наша одлука (методот на Љубче). Имено, може да се влезе во преговори со албанските ни соседи (Албанија, Косово) и да се види дали на нивна страна има интерес да дојде до размена на население, размена на територии или размена на население и територии. Само доколку постои воља на нивна страна – можеме потоа да зборуваме тоа да се реализира. Но, во принцип, тоа не е можно доколку другата страна тоа не го сака. Ако пак одгворот од нив е ДА – тогаш можеме да го искористиме и поранешното ни искуство (Договорот Југославија – Турција за размена на население) и да го направиме тоа. И повторно ненасилно, туку човечки, па дури како господа (или дами). Индивидуата си поднесува барање – тоа се разгледува прво од нас – па од другата страна – па се врши имотно пребивање (на другар од друг) – па се издаваат потребните документи…

Крајната консеквенца е – децентрализација. Имено, и Меѓународниве упорно се залагаат прашањата за односите на различните етницитети да се решаваат на локално ниво. Значи, потполно се свесни од опасноста тие да се решаваат на централно ниво, а едновремено тоа се базира на една извонредна мудрост. Редица од проблемите воопшто не се до етницитетот. Туку до нерасчистени меѓи, до ѓубре на улиците, до тротоари што не постојат, до вода што дотекува во капки… И да, тоа едновремено ќе значи и своевидна од една страна „локализација“ на етничкото прашање, а од друга – ремаргинализација и карантин (зошто не и гето) на сите оние структури што прво пукаат па после викаат добар ден (ако во меѓувреме не заборават што сакале да кажат).

Маниту Велики