ВЕРОНАУКА (6)

Историјата на израелскиот народ – Книга на Исус Навин, Книга за израелеви судии, Рута, Прва книга Самоил, Втора книга Самоил, Прва книга цареви

Во овј дел, Библијата нема врска со света книга. Јас ја доживеав како прилично лош летопис во кој што се мешаат просторот и времето, а Господ се појавува прилично ретко. Улогата на Бог се исцрпува со изразување на неговото незадоволство од недоволната почит која што му се дава или во наградување на милениците (кои ги возвишува со тоа што им овозможува освојување, убивање и пљачкање од огромни размери. Се додека дел од ограбените добра доаѓаат до Господ тој ги поддржува во пљачкашките походи (стр. 255 “Го изгореа градот и се што беше во него: зедоа само сребро, злато, бронзени и железни садови, и ги ставија во ризницата на Господовиот дом“). Станува збор за Ерихон, еден од најстарите градови на Земјата кој бил изграден  повеќе од 8000 години пред Христа.

Photobucket

Господ е многу задоволен кога некој прекрасен град ќе биде срамнет со земја (стр. 255 “Тогаш Исус ја изрече оваа клетва: Проклет да биде пред Господовото лице човекот кој ќе се обиде да го изгради наново Ерихон: да ги гради неговите основи врз својот првенец, да ги крева неговите врати врз својот љубимец!. Господ беше со Исуса, па се пронесе глас за него по целата земја).

НВО – како гордо звучи тоа

Против дезинформациите и незнаењето кое се шири од страна на Бунка

Не знам од каде потекнува анимозитетот на одредени луѓе кон невладините организации (понатаму во текстот НВО), меѓутоа, ако повлечам паралела со стигматизацијата на лица кои се ХИВ+ и стравот од нив, може да се извлече заклучок дека најверојатно станува збор пред се за незнаење, митови и заблуди.

Незнаењето е многу страшна работа сама по себе, а ширењето и промовирањето на незнаење веќе е опасно за секоја заедница па и за блогерската.

ЈАС ГЛАСАМ ЗА ЉУБОВ

Не се приклучувам кон одбележувањето на 2.02 како датум со кој се искажува  хомофобичноста и со чие одбележување се стимулира повреда на достоинството на одредена група луѓе кои сe со нехетросексуална ориентација. Не мислам дека се смешни вицовите со кои се промовираат негативни стереотипи и предрасуди и со кои се стигматизираат луѓето заради својата сексуална определба.

Гласам за секој облик на љубов меѓу мажите и жените (во сите можни комбинации)…

ВЕРОНАУКА (5)

Четврта и петта мојсеева книга – броеви и второзаконие

По читањето на четвртата и петтата мојсеева книга, морам да повлечам дел од заклучоците до коишто стигнав во анализата на претходните три дела. Не е точно дека Библијата е непрактична и неупотреблива. Напротив. Во овие два дела таа повеќе личи на прирачник отколку на духовна книга (иако некои од нас секако можат да најдат духовност и во упатсво за употреба на миксер). Во овие два дела се содржани објаснувања за административните процедури кои треба да ги почитува населението во односите со својот творец (т.е. Бог), дадени се некои правни решенија со кои се регулираат односите меѓу луѓето и разработени се правила на војување (убивање, грабеж и палење). Сето тоа е прилично хаотично и со огромно почитување на принципот repetitio est mater studiorum па во книгата се повторуваат одново и одново исти работи (на различен начин кажани).  …

ЈАС ГЛАСАМ ПРОТИВ

Прво ја прогласија верата за знаење,

Photobucket

Потоа донесоа едногласна одлука наместо училишта

Photobucket Photobucket Photobucket

Photobucket Photobucket Photobucket

да се градат цркви.

Сега и најотворено го прекршија Уставот и едногласно донесоа одлука на среде плоштадот да се изгради црква, за да можат тие во злато и срма да ни воспостават линк со Господа.

PhotobucketPhotobucketPhotobucket

Јас гласам против. Против трошењето на моите пари на цркви и  свештеници. Гласам за училишта и за Дарвин и за биологија и хемија и физика и информатика. Гласам за екологија и за иднината. Мислам дека е редно да се спротиставиме на повампирување на минатото и да не дозволиме утре да се изградат бесилки за неверниците и богохулниците и тие што знаат и тие што имаат два грама мозок во главите и тие поинаквите и тие на кои едноставно не им е гајле.

И гласам за луѓето кои се обидуваат да ги добијат сопствените пари дадени на оваа држава.

Photobucket Photobucket

И да се потсетиме на уште една мисла на Ајнштајн (кога веќе беше спомнат): дека “Светот не е опасно место за живеење заради луѓето кои прават зло, туку заради луѓето кои седат и дозволуваат тоа зло да се случи“.