ВЕРОНАУКА (14) – НОВ ЗАВЕТ

По малку подолга пауза продолжувам (на големо разочарување на десничарот) со моето патешествие низ можниот наук на предметот веронаука кој што најверојатно ќе стане дел од редовното образование на нашите деца.

МОЈАТА ДРЖАВА НЕ ЈА БИДУВА

Ако отидеш на место каде што сите одат на рацеPhotobucket” , човекот кој оди на нозе изгледа смешно, не се вклопува, не може да комуницира, неприфатлив е за заедницата. Доколку проба да им објасни на луѓето дека на други места не е вообичаено да се оди на раце, тие ќе го исмеат или ќе му кажат дека тоа е дел од нивната уникатност. Ако заговара поголема функционалност на одењето на нозе (што овозможува искористување на рацете за попаметни работи), станува опасен за заедницата и мора да биде замолчен. Ако почне да ги преобратува сите што одат на раце ќе биде прогласен за будала и егзекутиран.

ВЕРОНАУКА (13) – НОВ ЗАВЕТ

13-тиот дел од мојата анализа ќе ја започнам со коментарот што стиховен калибар го остави на мојата претходна анализа:Еве да речеме дека си во право и дека христијанството во себе содржи дискриминација но ајде да ги земеме Хришна или Буда на анализирање па да видиме и тамо дали има неккава агресија имајќи во предвид дека будизмот е уште постара религија од христијанството а и ден денес егзистира….Сега знам како ќе ми реплицираш… Дека и Далај Лама изиграва мајмун и ја злоупотребуе религијата во политички цели а??? Тоа што христијанството успева да се одржи 20 века и ти го нарекуваш манипулација со масите е пи.кин дим у споредба со посраните идеолошки матрици како комунизмот феудализмот капитализмот робовладетелсвото каде човекот му е роб на својот владетел или газда за разлика од религијата каде му се потчинуваш само на твојот Создател (БОГ)…..п.с.На крај незнам зошто имаш напишано 12 статии а тоа е огомно драгоцено и изгубено време за да се демистифицира Бог и да се докаже дека тој не постои….Не вреди толку замарање за нешто што не постои…Незнам која е таа сила што атеистите ги тера да трошат толку време и интелектуален напор во докажување на нешто што не постои….“.

Сакам да го искористам овој коментар уште еднаш да објаснам зошто се впуштив во анализа на Библијата. Како што веќе спомнав, немам ништо против тоа луѓето да веруваат во што сакаат и слободно да го изразуваат своето уверување. Имам многу против тоа да биде воведено верско образование како составен дел на формалното образование. Во тој момент Библијата станува обавезна литература, а низ образованието се промовираат религиозните догми сместени во неа. Не се анализира напишаното како дел од човечкиот развој и во контекстот на времето на сопственото настанување, туку се нуди како неспорно раководство во секојдневното живеење, за кое дури и не смее да се дискутира, а камоли да се оспорува. Заради тоа не ги анализирам Буда и будизмот туку религијата која ќе стане предмет во основното и во средното образование.

Немам намера да докажувам дека Бог не постои (во принцип тие што тврдат такво нешто треба да ми го докажат неговото постоење. Впрочем и Исус Христос бил распнат на крст затоа што луѓето не му поверувале и покрај сите чуда што наводно ги правел, дека е божји син).

Јас сакам да покажам дека пораките што ги нуди Библијата се спротивни на целите на современото образование кое треба да биде насочено кон:

а) развој на личноста на детето, развој на надареноста и менталните и физичките способности до крајни граници;

б) развој на почитувањето на правата на човекот и на основните слободи, како и почитување на принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации;

в) развој на почитувањето на родителите на детето, неговиот културен идентитет, јазикот и вредностите, националните вредности на земјата во која детето живее и на земјата од која тоа потекнува, како и на цивилизациите што се различни од неговата;

г) подготвување на детето за одговорен живот во слободно општество, во духот на разбирањето, мирот, толеранцијата, еднаквоста на половите и пријателството помеѓу сите народи, етнички, национални и верски групи и лица од автохтоно потекло;

д) развој на почитувањето на природната средина.

Заради тоа ќе продолжам со мојата анализа, и отвореното спротиставување пораките, параболите, толкувањата, догмите, вредностите, толкувањата и тврдењата дадени во Библијата да станат дел од  формалното образование во основните и средните училишта.

Да продолжиме. Според Матеј, Исус Христос се служел со отворени ЗАКАНИ кога ќе видел дека луѓето не му обрнуваат должно внимание: “Тогаш почна да ги укорува градовите, во кои се случија најмногу Негови чуда, зашто не се покајаа. ”Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон се случија чудата, што се случија при вас, одамна би се покајале во вреќиште и пепел. Но, ви велам: полесно ќе им биде на Тир и Сидон во судниот ден, отколку вам. И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден“.

Според Матеј, Исус Христос си ги прилагодувал законите така како што нему му одговарало: “Во она време, Исус минуваше низ посевите во сабота; а Неговите ученици огладнеа и почнаа да кинат класје и да јадат. А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: „Гледај, Твоите ученици прават, што не е дозволено да се прави во сабота. А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него? Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците? Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во сабота во Храмот, ја осквернуваат саботата и не се виновни?  Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот. Ако би сте знаеле што значи: ‘Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините.  Зашто СИНОТ ЧОВЕЧКИ Е ГОСПОДАР И НА САБОТАТА.”

Според истиот тој Матеј, Исус бил многу егоцентричен и само бендиса промотор на едноумие: “КОЈ НЕ Е СО МЕНЕ, ТОЈ Е ПРОТИВ МЕНЕ; и кој не собира со Мене, растура.“

И според Матеј Синот божји никако не е милозлив, туку прилично суров промотор на едноумие: “А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.  Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот, а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели. Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат Photobucket” />од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие, И ЌЕ ГИ ФРЛАТ ВО ОГНЕНА ПЕЧКА; ТАМУ ЌЕ БИДЕ ПЛАЧ И ЧКРТАЊЕ СО ЗАБИ. Така ќе биде и на свршетокот на векот; ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните,  и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање на заби.”

Пораките очигледно им се многу јасни на  нашите денешни политичари. Во својот христијански порив да се придржуваат до словото Христово (или она што некој Матеј тврди дека е слово Христово): тие се закануваат, за нив не важат законите (ги менуваат како им одговара) и сите што мислат поинаку се осудени на пропаст (или, ќе останат без работа, а може и во затвор да завршат). А мислам дека најмногу се придржуваат до оваа парабола: “кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има“. Секоја чест за симболиката, ама во пракса…

ВЕРОНАУКА (12) – НОВ ЗАВЕТ

Евангелието според Матеј продолжува со навистина впечатлив број правила за однесувње. Некои се попознати и почесто спомнувани, како: моли ќе ти се даде, барај ќе најдеш, чукни и ќе ти се отвори,  се што сакате да ви го прават луѓето правете им и вие така. Некои не се толку познати, како: “Никој не става крпа од ново сукно на стара облека, зашто крпежот ќе кине од облеката и скинатото станува полошо. Ниту ново вино се налева во стари мевови; инаку мевовите се кинат, виното истечува и мевовите пропаѓаат. Туку ново вино се налева во нови мевови, па се запазуваат и двете заедно.”

Се на се, една импозантна збирка на бисери на народната мудрост, ставени во устата на еден човек. Може да дискутираме за смислата и значењето на секоја од овие пораки (посебно од аспект на нивната употребливост и корисност во современи услови), меѓутоа, некои од нив се дефинитивно опасни (како во нивното буквално, така и во симболичкото значење).

ВЕРОНАУКА (11) – НОВ ЗАВЕТ

Ова е мое видување на Новиот завет. Не претендирам на екслузивитет и не тврдам дека содржи некоја конечна и единствена вистина. Анализата се базира единствено врз текстот на Новиот завет и уште од сега изјавувам дека немам намера да читам други верски книги, житија, проповеди и сл. Сметам дека на тој начин можам да се изложам на многу сериозна закана за мојот интелект (многу слична на онаа која што доаѓа од гледање на шпански серии или следење на директниот пренос од собраниските седници и состаноците на собраниските комисии) и без некоја сериозна потреба не би го прифатила ризикот на натамошно експонирање на влијанието на оваа и ваква литература.