ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА

Во напливот на ентузијазам и желбата што е можно побргу да се направат промени, многу лесно се заборава дека формата претставува суштински елемент на демократијата. И најдобрите решенија кои не се донесени во соодветна процедура и со почитување на демократските правила нема ни за инч да не поместат од диктатурата во која не заглави ДПМНЕ. […]

КОМПЛЕКСНОТО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА-ПРОБЕН БАЛОН ЗА ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ НА ДИКТАТУРАТА

Прво неовластено влегоа. Потоа започнаа хајка. Следно беше противзаконско лишување од слобода. Заврши со фактичко оневозможување на работата на А1. Започнаа со етикетирање на неистомислениците. Продолжија со сеопшт грабеж. Се поткрепија со медиумски кампањи и воскреснување на Гебелс. Завршија со искористување на украдените пари за формирање на партиски НВОа, партиски медиуми, партиски универзитети, партиски синдикати. […]

ЗА ЦРКАВАТА, СПОМЕНИЦИТЕ, ПЛОШТАДОТ И СВЕТСКИТЕ МЕТРОПОЛИ

Црква на плоштад. Не убедуваат дека секоја метропола има. Така бил редот. И слики дури, од разни метрополи. И црквите на средина. Моќни. И споменици на војсководци. Некој од архитектите го употреби терминот ТУРБОФОЛК, во описот на она што се случува со архитектурата во Република Македонија во последните години. Мислам дека споредбата е многу соодветна. […]