ЗА ПОЛИЦИЈАТА КОЈА ПОВРЕДУВА, ВЛАСТА КОЈА НЕ ОДГОВАРА И НОВИНАРИТЕ КОИ НЕ ИСТРАЖУВААТ

1 година од смртта на Мартин Нешковски и помалку од година од смртта на двајцата граѓани застрелани на паркинг и 6 години од убиството на детето Трајан Бекиров и 10 години од застрелувањето на келнерот во Скопје и …

Најголемиот проблем во нашата држава е што грешките на власта не се исправаат, туку се заташкуваат и забораваат за одново и одново да се репродуцираат на штета на граѓаните.

Има еден прекрасен инструмент кој го развила современата цивилизација, а тоа е Европскиот суд за човекови права. Убавината на овој инструмент не е само во тоа дека индивидуите можат да ја тужат сопствената држава кога таа не ги исполнува превземените обврски и да добијат индивидуална сатисфакција, туку е во тоа дека пресудите на овој суд даваат насоки за развој на правото, за менување на законите и за спречување на повторување истоветни грешки.

За да може ова да се случи власта треба да ги чита и променува пресудите, граѓаните да се повикуваат на нив, ановинарите да ги анализираат и да им поставуваат прашања на властодржците за промените кои гтреба да ги направат.

Кај нас ниту власта чита, ниту граѓаните се повикуваат на пресудите ниту пак новинарите анализираат и прашуваат.

Во таква ситуација осудени сме на живот во зоната на самракот во која одново и одново ни се повторуваат истоветни стравотии кои ние стоички ги поднесуваме и гледаме кон небото очекувајки помош лично од Господ.

Во прилог на одбележувањето на 1 година од смртта на Мартин Нешковски и потсетување на сите други знаени, незнаени, заборавени и заташкани убиства и повреди кои може да и се припишат на државата, направив една кратка анализа на последната пресуда на Европскиот суд за човекови прав во случај против Македонија: http://www.pravda.gov.mk/documents/gorgiev_mk.pdf –

И една вака провизорна анализа недвосмислено укажува на одговорноста на државата (како за настаните, така и за превземањето мерки вакви настани да не се повторат).

  САШО ЃОРГИЕВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(Жалба бр. 49382/06)

ПРЕСУДА

СТРАЗБУР 19 април 2012

2. Оценка на Судот

(a) Допуштеност за членот 2 од Конвенциајта

36. Согласно судската пракса на Судот, само во [исклучителни случаи физичкиот лош третман од страна на државните агенти кои не резултираат со смрт може да претставуваат повреда на членот 2 од КонвенцијатаU1 Во случајот на Мартин Нешковски и на двајцата убиени граѓани на паркинг е несомнена повредата на чл. 2 од Конвенцијата (правото на живот) и во жалба пред ЕСЧП може да се повика на овој член.] Точно е дека во постапките поведени согласно Конвенцијата, кривичната одговорност на оние поврзани со користење на незаконска сила не се доведува во прашање. Сепак, степенот и типот на употребената сила и намерата и целта на користењето на сила можат, меѓу другите фактори, да бидат релевантни во оценката дали во конкретен случај дејствијата на државните агенти во нанесувањето повреди, но не и смрт, се такви што ги ставаат фактите во рамките на заштитата дадена со членот 2 од Конвенцијата, земајќи ги предвид предметот и целта предвидени со тој член. Во скоро сите случаи каде лице е нападнато или лошо третирано од страна на полицијата или војниците, нивните жалби повеќе би биле предмет на оценка согласно членот 3 од Конвенцијата (види Makaratzis, цитиран погоре, став 51, и Đlhan v. Turkey [GC], бр. 22277/93, став 76, ECHR 2000­VII).

38. Во светло на погорните околности, Судот заклучува дека, без оглед дали Р.Д. имал намера да го убие или не, жалителот бил жртва на однесување кое, по самата своја природа, го стави неговиот живот во опасност, иако во случајот тој преживеаал. Така, членот 2 е применлив во конкретниот случај.(Ова е исклучително значајно за сите случаи во кои не може да се воспостави директна врска меѓу смртта на жртвата и дејствувањето на државниот службеник, меѓутоа е јасна ситуацијата на опасност предизвикана од негова страна).

(b) Директна одговорност на Државата според членот 2 од Ковенцијата (Ова е дел кој мора да го земе предвид државата, меѓутоа уште повеќе судовите, кога станува збор за ваков вид случаи. Воспоставувањето на концептот на индивидуална одговорност на државните службеници, го обесмислува постоењето на државниот апарат и хиерархијата во правата, но и во обврските). Тоа значи колку повеќе права и моќ, толку поголема одговорност за постапките на сите оние кои се подоле во хиерархиските скалила).

(i) Општи принципи

39. Судот повторува дека членот 2, кој го заштитува правото на живот и ги поставува околностите кога лишувањето од живот може да биде оправдано, се рангира помеѓу најфундаменталните одредби на Конвенцијата, од која не е дозволена дерогација (види Velikova v. Bulgaria, бр. 41488/98, став 68, ECHR 2000­VI).

40. Согласно важноста на членот 2 во едно демократско општество, Судот мора наводите за повреда на оваа одредба да ги подложи на највнимателно разгледување земајќи ги предвид не само дејствијата на агентите на државата кои директно примениле сила, туку и придружните околности (види McCann and Others v. the United Kingdom, 27 септември 1995, став 150, Серија A бр. 324).[U2Токму ова не го направи судот во Македонија при одредувањето на одговорноста на другите инволвирани полицајци во случајот на Мартин Нешковски. Имено, судот се задржа само на еден сторител во својство на граѓанин-индивидуа, а не на сторител како дел од државна структура]

41. Членот 2 не се однесува само на смртта која резултира од користењето на сила од страна на агентите на државата, туку и, во првата реченица од својот прв став, ја предвидува позитивната обврска на државите да преземат соодветни чекори за зачувување на животите на оние под нивна јурисдикција (ibid., параграф 57).[U3Ова значи дека не е важно само дека полицаецот повредил или убил, туку дека полицијата како институција не ја извршила својата основна обврска да го штити животот на граѓаните. Од тука произлегува одговорноста на полицијата за неизвршената обврска]

42. Оваа позитивна обврска значи, пред сè, примарна должност за Државата да донесе законодавна и административна рамка, дизајнирана да обезбеди ефективна превенција. [U4Обврска на државата (тие кои се на власт) е да создаде такви услови во кои полицајците ќе го штитат животот, а нема да одземаат животи. Тоа значи дека власта не ја извршила својата обврска да изгради легална и практична рамка за остварување на овие активности и дека е директен виновник за ситуацијата во која државен службеник има можност да одземе живот.]Оваа рамка мора да вклучува регулатива наменета за посебните карактеристики на одредени активности, особено внимавајќи на нивото од потенцијален ризик за човековиот живот. Државата мора да демонстира особено внимание и да ги дефинира ограничените околности кога службените лица за спроведување на законот може да користат оружје (види Abdullah Yilmaz v. Turkey, бр. 21899/02, ставови 56 и 57, 17 June 2008 and Makaratzis, цитиран погоре, став 59). [U5Тоа што власта не формулирала прецизни критериуми за тоа кој смее, а кој не смее да користи оружје, тоа што на улица пуштила човек кој очигледно не е во состојба да се контролира и тоа што на тој човек му дала право да го спроведува законот, ја прави власта директно одговорна за повредата/убиството.]

43. За Судот, и земајќи ја предвид неговата судска пракса, обврската на државата да го заштити правото на живот мора да се смета дека вклучува и преземање на разумни мерки за да се обезбеди сигурноста на поединците на јавните места и, во случај на тешки повреди или смрт, постоење на ефективен независен судски систем што ја обезбедува достапноста на правни средства способни за утврдување на факти, повикување на виновниците на одговорност и обезбедување на соодветен надомест на штета на жртвата (види Ciechońska v. Poland, бр. 19776/04, став 67, 14 јуни 2011).[U6Ова е порака од Судот да се преиспита независноста на нашето судство (посебно кога станува збор за случаи во кои е тужена државата) и способноста на нашето судство да донесе одлуки со кои ќе бидат казнети сите виновни и кои ќе имаат превентивно дејствие, односно ќе влијаат во насока на менување на системот.]

44. Меѓутоа, позитивната обврска треба да биде протолкувана на таков начин што не наметнува прекумерен товар на надлежните органи, имајќи ја особено на ум непредвидвидливоста на човековото однесување и оперативните избори кои мора да се направат во смисла на приоритети и ресурси (види Keenan v. the United Kingdom, бр. 27229/95, став 90, ECHR 2001­III, и A. and Others v. Turkey, бр. 30015/96, ставови 44­45, 27 јули 2004). Особено, изборот на средства за обезбедување на позитивните обврски согласно членот 2 е во принцип прашање кое потпаѓа под дискреционата маргина на државата договорничка. Постојат различни начини да се осигураат правата од Конвенцијата, и дури иако државата пропушти да примени една конкретна мерка обезбедена со домашниот закон, таа сепак може да ја исполни својата позитивна обврска со други средства (види Ciechońska, цитиран поворе, став 65 и Fadeyeva v. Russia, бр. 55723/00, став 96, ECHR 2005­IV).

(ii) Применливост на горенаведените принципи во овој случај

46. Во граѓанската постапка, жалителот барал домашните судови да ја утврдат одговорноста на државата за сторената штета. Судовите го одбиле барањето бидејќи утврдиле дека државата ја немала потребната легитимација за да биде тужена страна. Така било бидејќи Р.Д. не постапувал во службено својство, туку како приватно лице и штетата не била сторена во текот на или во врска со извршувањето на неговите надлежности.[U7Исто како и во случајот на Мартин Нешковски и исто како и во случајот на полицаецот кој застрела двајца граѓани на паркинг, државата не може да се откаже од сопствената институционална одговорност и да го сведе случајот на индивидуалниот сторител.]

47. Судот потсетува на својата судска пракса според која државата е директно одговорна за акти на насилство сторени од полициски службеници во извршувањето на нивните надлежности (види Krastanov v. Bulgaria, бр. 50222/99, став 53, 30 септември 2004). Конкретниов случај треба да се разликува од случајот Krastanov бидејќи се однесува на загрозувачко дејствие на државен агент преземено надвор од неговите надлежности.

48. Со цел да се утврди дали државата треба да сноси одговорност за незаконските дејствија на нејзините агенти преземени надвор од нивните службени должности, Судот треба да ги оцени сите околности и да се разгледаат природата и околностите на однесувањето кое е во прашање.[U8 Со ова недвосмислено им порачува на нашите судови дека не го разгледале случајот во целина и не ги испитале сите околкности кои се значајни за утврдување на вината на сите учесници, меѓутоа и за влијание кое ќе превенира слични идни случаи. Ова посебно се однесува на случајот на Мартин Нешковски.]

49. Во оваа смисла, Судот забележува дека инцидентот се случил во текот на работното време на Р.Д. [U9Исто како и во случајот на Мартин Нешковски ]Нема сомнение дека Р.Д., во релевантното време, требало да биде на должност во полициската станица. Тој го напуштил неговото службено место без одобрение на неговите претпоставени и , во алкохолизирана состојба се впуштил во опасно однесување ,доведувајќи го во во опасност животот на жалителот. Странките не ја оспорија оваа флагрантна неусогласеност со правилата за работа, што довело до инцидентот во прашање. Р.Д. бил униформиран кога пукал во жалителот. Во такви околности, не е неразумно дека тој бил перцепиран од јавноста како агент за спроведување на законот.(Оваа перцепција е исклучително важна кога станува збор за одговорноста на полицијата во целост но и за градењето на односот меѓу граѓаните и полицијата. Демонстрациите поврзани со смртта на Мартин Нешковски беа насочени токму кон градење на диференциран однос кон самата полиција и барање полицијата да го завземе местото кое и припаѓа во заштитата на животот и правата на граѓаните).

Понатаму, тој го застрелал жалителот користејќи го својот службен пиштол, што му бил даден од страна на надлежните органи.[U10Исто како и во случајот на полицаецот кој ги застрела граѓаните на паркинг. Употребата на службениот пиштол го прави помалку важен моментот дали некој бил службено ангажиран или не.]

50. Судот прифаќа дека надлежните органи не можеле објективно да го предвидат несубординираното однесување на жалителот и неговото последователно крвничко однесување во барот. Меѓутоа, нагласува дека државата мора да воспостави и  ригорозно да применува систем на адекватни и ефективни заштитни мерки дизајнирани за спречување таквите агенти, особено привремено мобилизирани резервисти, да го злоупотребат службеното оружје кои им е дадено во контекст на нивните службени должности.[U11Власта е одговорна за обезбедување мерки со кои ќе се спречи несоодветни луѓе да поседуваат оружје или моќ со која ќе повредат или убијат.] 

Владата не информираше за било каква регулатива во сила во таа смисла. Во тој поглед Судот повикува на членот 26 од Законот за внатрешните работи кој бара државните агенти, како што бил Р.Д., да ги извршуваат нивните обврски „во секое време, без оглед дали се или не се на службена должност.“ Јасно, примената на оваа одредба имаше очигледни користи за општеството, но таа исто така вклучувше одреден потенцијален ризик. Постојаното ангажирање на државните агенти како полициски службеници бара тие да имаат секогаш службени оружја со цел да ги извршуваат нивните надлежности.[U12 Ова дефинитивно се однесува и на случајот на Мартин Нешковски и на случајот на убиството на паркинг. Секое двосмислено толкување на оваа одредба значи дебаланс меѓу правата и обврските на полицијата]

51. Судот повторува дека од државите се очекува Понатаму, да воспостават високи професионални стандарди во рамките на нивните системи за спроведување на законот и да обезбедат дека лицата кои работат во тие системи ги исполнуваат бараните критериуми (види, mutatis mutandis, Abdullah Yilmaz, цитиран погоре, ставови 56­57). [U13Повторно, одговорноста е на државата. А и после една година од смртта на Мартин Нешковски, државата нема направено ништо во оваа насока. Не само што не е променета регулативата, не се прецизирани критериуми и не се воспоставени процедури и посебна контрола, туку, министерката Гордана Јанкуловска ја одбива и помислата за сопствена и генерална одговорност на раководството во министерството и помислата за потреба од промена] Особено, кога се опремуваат полициските сили со оружје, не само што мора да бидат дадени неопходните технички обуки, туку и селекцијата на агентите кои имаат дозвола да носат такво оружје мора да биде предмет на особена контрола.[U14Прашањето на критериумите, условите, капацитетите и контролата се индицирани со оваа порака]

52. Во овој случај, Владата не информираше дали било каква оценка била направена од националните органи во однос на тоа дали Р.Д. бил способен да биде регрутиран и вооружен со такво оружје кое доведе до инцидентот во прашање. Во такви околности, Судот смета дека штетното дејствие што Р.Д. го  презеде во барот мора да биде припишано на одговорната држава.[U15Ова ја става директно државата на обвинителна клупа (како што впрочем и се бараше во време на демонстрациите за Мартин Нешковски), а за што министерката Гордана Јанкуловска побара од демонстрантите да и се извинат нејзе и на сите полицајци на на Владата посебно. И ова е еден од клучните елементи кои националниот суд треба да ги има предвид во иднина кога станува збор за случаи поврзани со државни службеници]

ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО

1. Врши спојување кон одлуката по основаноста на прашањето за применливоста на членот 2 од Конвенцијата и приговорот на Владата за неисцрпување на домашните правни лекови;

2. Утврдува дека членот 2 на Конвенцијата е применлив во овој случај;

3. Го одбива приговорот на Владата за неисцрпување на домашните правни лекови;

4. Ја прогласува за дозволена жалбата согласно членот 2 од Конвенцијата и остатокот од апликацијата го прогласува за недопуштен;

5. Утврдува дека имало повреда на членот 2 од Конвенцијата;

6. Утврдува

(a) дека тужената држава треба да му ги плати на жалителот во рок од три месеци од конечноста на одлуката согласно членот 44 став 2 од Конвенцијата, следните износи, конвертирани во националната валута на тужената држава по курс на денот на извршувањето;

i) ЕУР 3,390 (триилјадитристаидеведесетевра), плус било кои такси што можат да бидат наплатени во однос на материјалната штета, и ii) ЕУР 12,000 (дванаесетилјадиевра), плус било кои такси што можат да бидат наплатени во однос на нематеријалната штета;

(b) дека од истекот на наведениот рок од три месеци до извршувањето, основна камата ќе се пресмета на наведениот износ според најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската централна банка за односниот период плус три процентни поени;

7. Го одбива остатокот на барањето на жалителот за правична отштета.

Доколку оваа пресуда не изврши влијание во насока на менување на легислативата и промена на пристапот на судовите во случаите од ваков вид, Македонија нема да излезе од зоната на самракот, а изградените споменици ќе бидат ништо друго освен надгробни обележја.