ВЛАДАТА ГО ПРЕКРШУВА ЗАКОНОТ И ЗА ТОА ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ СИТЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНОВИ

Во Службениот весник на Република Македонија бр. 122/2011е објавено решение на Владата потпишано од Претседателот на Владата Никола Груевски со кое се именува државен секретар во Министерството за надворешни работи – Владо Мисајловски. На интернет се појавува како Владо Мисајловски-Кендо, роден во 1985 година (значи со наполнети 26 години) со завршен факултет за политички науки. […]

ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОЛИТИЧКАТА ОДГОВОРНОСТ НА МИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОВСКА?

Политичката одговорност на министерката Јанкуловска не е поврзана со тоа дали настанот е политички или не. Овој вид одговорност е поврзан со функцијата министер. Јанкуловска е политички одговорна затоа што е дел од Владата, а Владата и секој нејзин член за својата работа одговараат пред Собранието (чл. 4 од Законот за Владата). Одговарањето пред Собранието […]

НЕЗНАЕЊЕ, ГЛУПОСТ, НАСИЛСТВО, БАНДИ И ЛУЃЕ КОИ СЕ НА ВЛАСТ

На официјалната страна на МВР е поставен спот од лишувањето од слобода на Љубе Бошковски. Со поставувањето на овој спот и активностите прикажани на него се прекршени повеќе членови од Законот за внатрешни работи, од Законот за полиција и од Кривичниот законик заради кои мора да бидат повикани на одговорност: сите инволвирани во лишувањето од […]

МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЛАЖЕ ИЛИ НЕ ЗНАЕ

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска: – Одговорноста и однесувањето на политичките функционери го ценат соодветните органи кои ги именувале и пред се таму станува збор за политичка одговорност. На новинарско прашање дали ќе иницира политичка одговорност за Бучи, Јанкулоска децидна дека министерот за внатрешни работи нема надлежност да иницира промена на членови на […]

ПОЛИЦИЈА ИЛИ БАНДА?

Во моментов портпаролот на МВР Котевски, ни соопшти дека луѓето кои се приведени во полиција (Велија Рамковски, Анета Кочишка и десетина други) вечерва во 23 часот, воопшто не се осомничени, туку се приведени на службен разговор. Бидејки Котевски исто така ни соопшти дека секој треба да го почитува законот се надевам дека МВР ќе поче […]