КАНАЛ 5, АМА И А1 ПОВТОРНО СЕ ПОСРАМОТИЈА

Во денешните вести новинарите од Канал 5 и од А1 ни соопштија: Македонските научници не објавуваат трудови во меѓународни списанија . Навистина не знам по кои критериуми мислат дека е ова соодветно пренесена информација. Дали погледнале на интернет страната како гласи и до кога важи конкурсот? Дали прашале зошто баш сега министерот ја дава оваа информација? […]

НОВ НАПАД НА КЕЦАРОШИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

Човекот со многу ограничени интелектуални капацитети, големо незнаење но затоа со потполно отсуство на искуство, кој е именуван за министер за образование отворено и безкрупулозно лаже. Лаже дека спорот меѓу професорите и него е заради тоа што: професорите одбиле да имаат обврска да држат предавања, одбиле да имаат електронски систем на евиденција, како и да имаат […]

НЕДОПИРЛИВИ – ВЛАСТА КОЈА МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА ПО ПРИНЦИПОТ: … МИ Е – ДВОР МИ Е

Во врска со приговорите на решенијата за не-финансирање на проекти поднесени до Министерството за образование, конечно добивме одговор. Не, не добивме одговор, туку добивме парче хартија на која се отпчатени букви и бројки. Бидејки на ова парче хартија не се одговара на ниту едно од прашањата поставени во поднесените приговори сметаме дека до нас е […]

БЕЗОБРАЗНА И БЕЗОБЗИРНА ГЛУПОСТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ЧЕЛО СО МИНИСТЕРОТ ЛИЧНО

На објавениот конкурс на Министерството за образование за поддршка на научно-истражувачки проекти, од околу 400 поднесени проекти беа избрани 40. Министерството не достави информации за начинот на избор, за критериумите и за ранг листата. По барање на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања по 1 месец од поднесеното барање ни беа дадени рецензиите од двајцата […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ТРЕБА ДА ДАДЕ ОСТАВКА ИЛИ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН

Функцијата министер подразбира права и обврски. Основна обврска на министерот (според член 13 од Законот за Влада) е “самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“. Ова е прецизирано во одделните закони, меѓу кои е и Законот за основно образование. Во овој закон […]