ЗА ШТО СЕ БИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Во предизборно – изборните кампањи веќе почнаа да се спомнуваат разно-разни работи кои кандидатите за Претседател на државата ќе направат доколку бидат избрани на оваа функција (влез во Европа, прекин на изолационизмот, решение на спорот со името, обединување, давање глас на тие кои го немаат, па тадури и економска благосостојба во земјата).…

7 total views, 1 views today

ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (4)-Ѓорѓи Иванов

Многу ми беше тешко да седнам да напишам збор два за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Иванов. Не дека не го сакам или го сакам. Едноставно впечатокот за него ми е толку безличен што морам прилично да се потрудам за да може да оформам некоја слика и мислење. Тој себе си се нарекува обичен. Можеби и има право. Јас би рекла, некој толку ординерен што ни на сон не може да биде наречен лидер.…

19 total views, no views today

ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (3)-Љубомир Фрчковски

Ако се имаат предвид основните функции на претседателот на државата (да ја претставува државата и да биде врховен командант на вооружените сили) изборот на Љубомир Фрчковски за кандидат за претседател на СДСМ претставува повеќе од чуден избор.…

28 total views, no views today

ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (2)

Кои пораки ги добивме во предвечерието на претседателските избори?

I Не е важно:

1. Кои се квалитетите на претседателскиот кандидат поврзани со функцијата Претседател на државата

2. Со каков тим зад себе ќе настапи кандидатот

3. Каква програма ќе понуди

4. Што мислат граѓаните

II Важно е:

1. Да се најде кандидат кој најмалку ќе им пречи на политичките партии на власт (па и на оние во опозицијата)

2. Како ќе се испазарат двата најголеми етнички субјекти

III Што ни порача Срѓан Керим:

1. Дека не е важен гласот на граѓаните туку договорот на политичките партии

2. Дека не е спремен да се впушти во претседателска трка доколку не му е однапред обезбедена победа

3. Дека плурализмот треба да го заборавиме кога станува збор за избор на претседател на државата

3 total views, no views today