НЕКОИ УТОПИСКИ РАЗМИСЛИ ПРЕД НАРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Овој текст го објавив во дневниот весник УТРИНСКИ (кој веќе не постои заради преголемата медиумска слобода која владее во Република Македонија) на 24 април 2001, во рамките на циклусот написи под наслов  “ И боговите лично пред  глупоста остануваат неми “.  Во изминатите 17 години требаше да отидеме подалеку, чинам. У Т О П И Ј […]

ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (6)- изборни изјави

На прашањето за постоењето на дискриминација и посебно дискриминирање на луѓето со нехетеросексуална определба, предложениот кандидат за претседател, Ѓорѓи Иванов, изјавил дека во Македонија не постои дискриминација од ваков вид и дека хомосексуалците сами се стигматизираат. Оваа изјава е посебно интересна во контекстот на програмските определби на партијата којашто го предложи за кандидат, според кои […]

ЗА ШТО СЕ БИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Во предизборно – изборните кампањи веќе почнаа да се спомнуваат разно-разни работи кои кандидатите за Претседател на државата ќе направат доколку бидат избрани на оваа функција (влез во Европа, прекин на изолационизмот, решение на спорот со името, обединување, давање глас на тие кои го немаат, па тадури и економска благосостојба во земјата).