СУДИИТЕ ЗА КОИ НЕ ВАЖИ ПРАВИЛОТО ДЕКА ЗАКОНОТ Е ЕДНАКОВ ЗА СИТЕ И СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ ПРЕД ЗАКОНОТ НЕ СЕ СУДИИ ТУКУ КРИМИНАЛЦИ ОБЛЕЧЕНИ ВО СУДИСКА ОБЛЕКА

“Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивање на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу кои за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. Во образложението на одлуката за Груевски пишува дека со оглед на фактот што на обвинетиот му се одземени патната исправа и службениот пасош и мора секој петок […]

МОРА ДА ИМА РАЗЛИКА

Нема притвор за Латас и Пешевски, остануваат без пасоши Мора да има разлика меѓу третманот на луѓе кои имаат моќ, и позиција, и пари, и луѓе кои немаат моќ, позиција и пари. Првите можат да влијаат, да поткупуваат, да се закануваат, да го изиграат законот, за вторите сето тоа е многу потешко. По логиката на […]

КОГА СУДИИТЕ ЌЕ СЕ ПРИКЛОНАТ КОН НЕПРАВОТО

Судските одлуки се неприкосновени. И тоа стои во нашиот Устав. Меѓутоа со своето јавно соопштение судиите од Основниот суд Скопје1 го прекршуваат член 16 според кој: се гарантира слободата на мисла и јавно изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап и јавното информирање како и слободниот пристап кон информациите и слободата на примање и […]

СУДСТВОТО – ДИРЕКТЕН УЧЕСНИК ВО ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Случајот на “млекарот“ од Битола недвосмислено покажа дека целото наше судство со сите судии станало соучесник на власта во кршењето на основните човекови права и слободи. Во ситуација кога еден судија не го применува законот, кога ниту еден друг судија не регаира на тоа, кога Републичкиот судски совет молчи, не може да стане збор за […]

ОНА ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПРАШААТ А НЕ ГО ПРАШУВААТ НОВИНАРИТЕ

На 19 и 20 Април во сите медиуми се појавија написи за тоа дека се уапсени над 30 докроти заради сомнение дека направиле малверзации поврзани со доделувањето на инвалидски пензии. Во медиумите е објавено дека на сите им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Ниту еден новинар не го поставил прашањето: 1. […]