ПОБАРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ПРАТЕНИК

Според нашиот Устав и законите, пратеникот не може да биде отповикан од функцијата пратеник. Тоа значи еднаш избран, ќе си седи до крај на својот мандат независно од мислењето на тие кои го избрале и независно од незадоволството на граѓаните.

Меѓутоа, тоа не значи дека пратеникот е амнестиран од одговорност за она што го кажува во Собранието, за начинот на кој учествува во креирањето на политиките на државата и за начинот на кој гласа во конкретна ситуација.

Во текот на целиот мандат пратеникот останува “претставник на граѓаните на Република Македонија“. Не на партијата од која доаѓа, не на избирачите кои го избрале, туку на граѓаните.

“Пратеникот има право и должност да ги информира избирачите за извршување на своите и на обврските на Собранието“.

“Пратеникот е должен да прима мислења и предлози од избирачите и истите да ги има предвид во своето работење и одлучување“.

Бидејки е очигледно дека Владата нема намера да ги слушне граѓаните (Министерството за образование и наука ги затвори вратите за студентите и не ги пушта на јавната расправа за државниот испит), ниту пак да ги земе предвид нивните загрижи (Нема одлагање на плаќањето продонеси за хонорари), мислам дека е време граѓаните да ги побараат своите пратеници.

Граѓаните можат да им пишат на своите пратеници. И да им објаснат што мислат, што предлагаат и во кој случај ќе мислат дека пратеникот ги зел предвид нивните мислења.

Можат да ги повикаат на разговор во градовите и селата од каде што доаѓаат и каде што го добиле својот мандат. Сериозен разговор, на кој граѓаните ќе им објаснат што очекуваат од нив . и како треба да гласаат. Сериозен разговор во кој ќе им се даде на знаење дека тие доаѓаат од таа средина, тука живеат  и тука ќе се вратат по завршување на мандатот. А мандатот трае само четири години (или многу пократко).

Можат да побараат прием кај своите пратеници. Во Собранието. 5, 10, 100, 1000, 10000, граѓани можат да побараат прием кај својот пратеник со цел да му објаснат што мислат за предложените измени на законите, и што очекуваат од него како пратеник.

Затоа што, на крајот на краиштата, Владата не може да направи ништо без пратениците. А тие живеат меѓу нас. И со нас. Во нашиот комшилук.

 

ШТО Е ПРОБЛЕМАТИЧНО ВО ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАЦРТ АМАНДМАНИТЕ ФОРМУЛИРАНИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА?

ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И

НАЦРТ АМАНДМАНИ

1. Предлогот е даден во период на политичка криза, кога од работата на Собранието отсуствува опозицијата. Тоа значи дека постои нецелосно претставување на граѓаните и било која промена на Уставот претставува своевидна узурпација на власта.

2. Јавна расправа не се спомнува во ниту еден од документите поврзани со предлогот за промена на Уставот. Имено, доколку власта навистина сака да го слушне мислењето на граѓаните и да го земе предвид ова мислење во крајната формулација на промената тогаш мора тоа да го направи на многу организиран начин уште во формулирањето на предлогот: а) дистрибуција на материјалот до единиците на локална самоуправа, до –струковите здруженија, невладините организации, професионалци, експерти и секако академската фела (2 месеци); б) претставување и објаснување на предлогот за измени (2 месеци); в) оставање доволно време (минимум 6 месеци) за расправа и прибирање на различни мислења; г) сортирање, класифицирање, подредување и сумирање на различните мислења и подготобка на извештај од спроведената јавна расправа (минимум 6 месеци); д) презентирање на извештајот од јавната расправа (3 месеци); ѓ) прибирање мислења за извештајот и заклучоците презентирани во него (2 месеци); е) подготовка и презентирање на завршен извештај од јавната расправа со измени на дадениот предлог направени врз основа на добиените мислења од страна на граѓаните (3 месеци) – ВКУПНО – 24 месеци, или – 2 години (минимум).

3. Од формален аспект, Предлогот е крајно непрофесионално и неписмено подготвен. Ако ги тргнеме настрана сите правописни и технички грешки, ако ја тргнеме на страна несоодветната структуираност, останува документ кој не исполнува ни минимум стандарди потребни за предлог за промена на Уставот. Промените се несоодветно формулирани, кај дел од нив нема никакви објаснувања, нема соодветно прикажување на различни искуства (позитивни и негативни и посебно искуства на праксата која се развива врз основа на направен уставни/законски промени), нема образложение на потребата за промена, односно, штетата која настанува во отсуство на новото решение кое се нуди.

Всушност, направена е кармакашија од двата дела: предлог и образложение и не се знае што е предлогот (нема јасна и прецизна формулација), а што образложението (кое се наоѓа и во првиот и во вториот дел од документот).

4. Некои од образложенијата дадени во објаснувањето за потребата од промена на Уставот се просто непристојни и претставуваат отворено измотавање со правото, демократијата и граѓаните. На пример, образложението за потреба од уставно дефинирање на фискални правила е дадено во 4 реда:“Причините за овој предлог се зајакнување на фискалната дисциплина и фискалната стабилност што е основен столб за стабилен финансиски систем.“. Кое е тоа решение со кое ќе се зајкне фискалната дисциплина, како ќе се зајакне фискалната дисциплина со ова решение, што е она што во моментов е причина за отсуство на фискална дисциплина, кои ќе бидат законските импликации од уставната промена, во што ќе се променат заштитно-казнените елементи на системот, … ништо од ова не е објаснето. Најверојатно нашите граѓани треба да им веруваат на жими мајка (бидејки ова е на апсолутно истоветно ниво со овој вид на ветување) на предлагачите на промената.

Втората промена (за меѓународната финансиска зона) е уште попрецизно образложена во 3 реда “Со создавањето на финансиската зона ќе се поттикне развојот на финансиските услуги во Република Македонија преку создавање на услови за  привлекување на меѓународни финансиски и трговски друштва.“ И толку. Нема објаснување за тоа зошто ни се потребни, како ќе изгледаат, какви обврски ќе наметнат, кои промени во правниот систем ќе подразберат, каков ќе биде дносот со домашната бизнис заедница, на кој начин ќе се разреши проблемот на нееднакво постапување во еднакви услови, какви заштитни механизми ќе се воспостават, кои правила ќе се применуваат, а кои не, што ќе значи тоа за меѓународните договори кои се веќе склучени или треба да се склучат, какви се досегашните искуства на држави кои практикуваат вакво решение …

Образложението дадено во нацрт амандманите формулирани од страна на Владата не е ништо подобро.

ОВА Е ВСУШНОСТ НАЈПРОБЛЕМАТИЧНАТА ПРОМЕНА КОЈА СЕ ПРАВИ ВО УСТАВОТ И НАЈВЕРОЈАТНО ТОКМУ ЗАРАДИ ТОА И НЕМА НИКАКВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ.

Picture1

Образложението на овој амандман (за разлика од амандманот за брачната заедница кое е дадено на 2 страни) е содржано во една реченица:Picture2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Зошто само една реченица за уставна промена?

Затоа што било кое образложение на овој амандман ќе изнесе на виделина што всушност содржи.

а) се формира екстериторијална зона на која нема да важат македонскиот Устав и законите, ниту пак ќе делуваат македонските органи. Наместо законите на оваа територија ќе се применуваат акти кои ќе си ги донесат самите корисници на зоната. Тоа значи дека некој управник со поединечен акт ќе реши кои и какви правила ќе важат на еден дел од територијата на Македонија и никој ништо нема да му може.

ЗАКОНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАМЕНУВААТ СО НЕЧИИ АКТИ. СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ КОЈ СЕ ПРАКТИКУВА ТОКМУ НИЗ АКТИТЕ НА ДРЖАВАТА И НЕЈЗИНИТЕ ЗАШТИТНИ МЕХАНИЗМИ Е ПОТПОЛНО ОТФРЛЕН. ПОГОЛЕМО УНИШТУВАЊЕ И ОМАЛОВАЖУВАЊЕ НА ЕДЕН НАРОД НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАМИСЛИ.

б) Овие правила ќе бидат од областа на прекршоците, работните односи, здравствена и социјална заштита, пензиско осигурување, даноци, сопственички односи, исплати, банкарско работење, …

в) Тоа што во зоната ќе се применуваат одредбите на Кривичниот законик, нема апсолутно никакво значење ако се има предвид досегашната пракса јавниот обвинител да не гледа криминал во ниту едно дејствие кое е спротивно на интересите на оние кои се на власта или конкретна, мала, група луѓе.

 

5. За промената која промовира уставно  дефинирање на бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена воопшто не сакам да разговарам. Вакви бесмислици може да виреат единствено во многу заостаната и неука средина, а мој впечаток е дека оваа промена има само улога на decoy (свртување на вниманието од вистинските промени кои власта сака да ги протурка на штета на граѓаните, а на сопствена добивка).

 

6. Уставната жалба е следната опасна промена. За оваа промена исто така нема никакво образложение. Навидум се дадени искуства на други држави, меѓутоа тоа е само замаглување на потребата од давање вистинско и аргументирано образложение зошто и на кој начин проширувањето на уставната жалба (бидејки таа веќе постои за одреден вид прекршувања на човековите права) ќе придонесе за поголема и поедноставна заштита на правата на граѓаните.

Со оглед на тоа дека во дадените примери од другите држави (меѓу кои впрочем нема ниту една стара демократска држава) не е дадено практичното искуство од примената на уставната жалба/тужба, всушност немаме информација дали нивните решенија имале позитивен или негативен ефект.

Од друга страна, централизирањето на заштитата на човековите права во едно тело многу лесно може да биде насочено токму кон ограничување на заштитата (можност за полесна манипулација со едно тело, загушување на Уставниот суд со преголем број случаи кои го надминуваат неговиот капацитет, изигрување/отежнување на можноста на граѓаните да ја тужат државата пред Европскиот суд за човекови права).

 

   ЗАКЛУЧОК:

  • Предложените промени на Уставот по својата содржина и посебно, по процедурата во која се донесуваат претставуваат натамошно рушење на правниот поредок на Република Македонија.
  • Расправите кои се водат во врска со овие промени ќе бидат искористени единствено како алиби од страна на владеачката структура во создавањето на привид на демокеатско одлучување.
  • Промените во најголема мера се спротивни на интересите и потребите на граѓаните и не ги решаваат нивните проблеми, а ќе имаат негативни ефекти со продолжено дејство.
  • Промените може да овозможат поголема партиска контрола над одредени сегменти на државата и сигурно ќе обезбедат лична материјална корист на одредена група луѓе која во моментот се наоѓа на власт.

 

Трајко Вељановски – работодавачот

Кутрото адвокатче кое од адвокатското гранапче го поставија за Претседател на Собранието на Република Македонија (што само по себе е омаловажување на највисокото тело на власта на државата и не изложува на оправдан потсмев во поблиската и поширока околина) решило да ги примени правилата на своето грнапче во Собранието.

Кутрото човече си се замислило дека тоа ги вработува пратениците (исто како што него го вработила партијата)  и дека сите тие како него пратеничката функција ја разбираат како решавање на сопствената егзистенција.

Според него “пратениците во делот на обврските не се и не треба драстично да бидат  различни од сите останати граѓани во државата каде работат и кои секојдневно мора да ги исполнуваат работните обврски.“. Потврда дека пратеничката функција за Трајко Вељаносвски е вработување за добивање на плата е неговото натамошно објаснување: “А што да кажат оние граѓани кои се невработени, кои се борат да се стекнат со своето работно место, да земат своја плата и конечно да најдат свое место, свои права и одговорности  во нашето општество.“ Ова значи дека, ако пратениците на опозицијата не сакаат да работат како што им се наредува има други (армија невработени) кои во секој момент може да станат пратеници и совесно да доаѓаат на седници и да гласаат како што ќе им биде кажано и сите закони како по вода да се лизгаат и никој да нема проблеми, а светот ќе ни аплаудира на прекрасната демократија која сме ја воспоставиле.

Очигледно е дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ всушност воопшто не се избраници на граѓаните туку вработени на платниот список на ВМРО-ДПМНЕ кои можат да бидат отпуштени, кои можат да бидат прогласени за технолошки вишок, кои подлежат на дисциплински постапки, кои ќе бидат казнети со намалување на плата ако не работат како што сака нивниот работодавач.

Поголемо понижување на пратеничката функција и на сиот мој кутар народ кој си игра избори не можам да замислам.  Не, овој народ не е шутрачки. Тој е едноставно глуп.

ВЛАСТА ЈА ДРЖАТ КЕЦАРОШИ И РЕТРОКОМУНИСТИ

Кецарошите и ретрокомунистите кои ја држат власта, систематски и безмилосно го уништуваат секој траг на демократската правна држава.

Измамата дека постојат демократски институции и механизми добива огромни размери и почнува да станува толку очигледна што е прашање само на време, доволна концентрација на свест кај граѓаните или барем доволна концентрација на незадоволство, за да пукне како балон од сапуница. Барем се надевам дека е така.

После уништувањето на секој можен контролен механизам (судство, независни тела на контрола, внатрешна и надворешна ревизија, инспекциски надзор и сл.), дојде ред на потполно дезавуирање на демократската процедура и демократските механизми.

Започна со донесување на закони по итна и скратена постапка, а кога се намножија реакциите (внатрешни и надворешни) дека е тоа спротивно на логиката на демократијата и владеењето на правото, кецарошките ретрокомунисти во власта најдоа нов начин на мамење (препишување).

Овој нов начин се состои во лажирање на јавни расправи. Како се прави тоа?

1. На граѓаните не им се даваат никакви информации а се викаат да дадат свое мислење. Ова се прави за секое посложено прашање од исклучително голема политичка важност (Охридскиот договор, влез во НАТО и ЕУ, прашање за името).

2. Местата на јавните расправи се прикриваат, а времето на јавните расправи се определува во најнезгоден момент за граѓаните (време на одмори, несоодветни часови). Ова најчесто се прави кога станува збор за промени на урбанистички планови.

3. Јавните расправи се закажуваат откако ќе дојде до конфликт заради веќе донесена одлука на власта. Ваков е примерот со изградбата на црквата што не е црква на скопското кале. Ова во народот се вика: после смрт болест.

4. Наместо јавни расправи министрите со отворена лага и измама ги провираат низ институциите своите сопствени решенија и покрај големо спротиставување на засегнатите граѓани. Ваков е случајот со измените на Законот за високо образование.

5. Наместо расправа во која власта треба да ги слушне мислењата на граѓаните, се прават собири на кои министрите и останатите кецароши од власта им објаснуваат на граѓаните зошто нивното решение е најубаво на светот и како треба најдобро да се примени од страна на сите. Ова се случува постојано. Само како пример, наместо да ги консултира во процесот на изработка, министерот им ја претставува својата програма на заинтересираните граѓани.

Последниот бисер е јавната расправа закажана за Нацрт амандманите на Уставот на Република Македонија. Јавната расправа е закажана на 21.02.2011 година (објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 21 од 2011 година) и “сите заинтересирани граѓани, политички партии, здруженија на граѓани, органи и организации“ можат своите предлози да ги упатуваат до Владата на Република Македонија. Оваа расправа ќе трае точно седум дена од денот на објавување во Службен весник. Во тие седум дена граѓаните треба да дознаат (на таинствен начин дека има таква расправа), да се организираат, да разговараат, да сумираат ставови и мислења и да ги достават до Владата.

Само како пример, ваков вид на јавни расправи во Велика Британија траат меќу 2-3 години и се формира посебно тело за анализа и сумирање на мислењата кои доаѓаат од граѓаните.

Кецарошите од власта не ја разбираат разликата меѓу концепт (идеја) кој се става на расправа и усвоено решение за кое се бара формална потврда, а фактичка беспоговорна примена.

Заклучок:

Оваа Влада составена од кецароши и ретрокомунисти ги третира сите граѓани во Република Македонија како безмерно глупи или како луѓе со големи интелектуални пречки и ограничена деловна способност.

Граѓаните на Република Македонија кои дозволуваат на власт да имаат кецароши и ретрокомунисти се или навистина неизмерно глупи или навистина имаат интелектуални пречки и заслужуваат да им биде ограничена деловната способност.

Бирајте што ви одговара повеќе.

ЕФТИНИ ПРИКАЗНИ (СО Ф)

Покретенско, помалоумно, поманипулативно, подебилно нешто од прекинување на седница на Собрание за да може пратениците да присуствуваат на подигањето на македонското знаме на јарболот пред Собранието не сум слушнала во својот живот.

Дали станува за посебен ден, дали секој ден сите пратеници присуствуваат на подигањето на знамето, дали постои деловничка процедура или е ова моментално измислен дебилен патос со кој се изигрува патриот и се прибираат гласови од лековерните граѓани?

За самиот настан од 1 јули:

1. не, не е точно дека пратениците имале работа со службено лице во вршење на службена должност, туку имале работа со вооруженн човек кој неовластено бил присутен во Собранието, неовластено снимал и одбил да каже по кој основ е присутен таму и го прави тоа што го прави.

2. не не е точно дека пратениците направиле нешто што не треба. Точно е дека направиуле помалку од тоа што треба. Како што веќе реков требало да го онеспособат, да го врзат и така врзан да го спроведат во полициската станица Беко како најблиска станица до Собранието. На тој начин ќе се заштитат од можен напад од страна на наоуружаното лице себе и сите останати во близината, а и од можно заложништво, киднапирање и други можни криминални дејствија.

3. не, не е точно дека треба да одговараат пратениците. Точно е дека треба да се побара дисцлипинска одговорност од обезбедувањето на Собранието затоа што во него влегло лице со оружје (а без соодветна легитимација), затоа што не реагирале на отвореното прекршување на законот од страна на тоа лице и на барањето на пратениците да го легитимираат и отстранат. Точно е дека спомнатиот човек (доколку е навистина вработен во МВР) треба да одговара дисциплински, а и кривично. Точно е дека министерката за внатрешни работи треба да одговара по основ на командна одговорност.

4. точно е дека се прекршени Законот за Собранието, Законот за внатрешни работи и Законот за полиција. И за тоа мора да одговара тој што ги прекршил.

Прашање: дали доколку човек во цивил, со оружје и со  камера влезе во некое училиште, одбива да се легитимира и ги фотографира децата, наставниците треба да си стојат на страна или треба да ги употребат сите средства (па и физичка сила како дел од нужната одбрана) со цел да ги заштитат децата?

Прашање: дали сакаме вооружени лица без ознаки да се шетаат низ нашите паркови, на нашите работни места, на улиците? По што тогаш се разликува полицијата од вооружена банда?