ЛАЖЛИВЦИ И ИЗМАМНИЦИ

ВМРО ДПМНЕ се појасно се профилира како банда, пардон, партија на лажливци и измамници.

1. На мојата реакција во врска со дезавуирањето на годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет од страна на Александар Бичиклиски Александар Бичиклиски најбесрамно ја повтори истата лага, дека јас сум претседател на Хелсиншкиот комитет, дека сум била претседател во време на кандидирањето за градоначалник и дека сум учествувала во подготовката на извештајот на Хелсиншкиот комитет. Тоа значи дека или умствените капацитети на спомнатиот господин не му дозволуваат да проникне во тешките интелектуални објаснувања кои ги дадов, или, едноставно безочното и отворено лажење му е веќе усвоен манир кој му проаѓа кај рајата.

2. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, отворено го прекршил законот со тоа што на јавен оглас за фирма која ќе користи урбана опрема избрал фирма која што не

била регистрирана и не постоела во моментот на конкурирање на објавениот оглас и истото најотворено го призна во камера пред граѓаните, меѓутоа нема маж ниту жена меѓу полицајците, судиите и јавните обвинители, а за инспекторатот и да не зборуваме, кој/а ќе поведе постапка против спомнатиот прекршител на законот.

3. Во фарсата наречена собраниски инцидент, наместо министерката за внатрешни работи веднаш да го уапси граѓанинот кој со оружје влегол во Собранието на Република Македонија, односно, да ги казни соите вработени кои не го направиле тоа, таа ни објаснува дека пратениците му оневозможувале на службено лице да ја врши својата должност.

Според член Член 33 од Законот за полиција

1) Полицискиот службеник во униформа при примена на полициските овластувања, е должен да се легитимира.

2) Кога полицискиот службеник ги применува полициските овластувања во цивилна облека, е должен најнапред да се легитимира.

Иста ваква одредба има во член 28 од Законот за внатрешни работи и во член 3 од Правилникот за полиција.

Доколку спомнатиот човек не се легитимирал, тој е граѓанин со оружје и како таков претставува непосредна опасност за сите околу себе. Во таква ситуација единствено што им забележувам на пратениците на СДСМ е што не направиле граѓанско апсење, односно, требало да го разоружаат, да го онеспособат и да го приведат спомнатиот човек до најблиската полициска станица.

Со сите овие постапки, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ се профилира како банда, пардон, партија на лажливци и измамници и како таква треба да биде препознаена од страна на граѓаните. Доколку тие не се способни за тоа, толку полошо за нив самите.