Сите се еднакви пред законот и законот е еднаков за сите

За Груевски, одењето еднаш неделно во суд е политичка деградација Со оваа и ваква изјава всушност Груевски бара за него да не важат законите, тој да биде поинаку третиран од страна на судот отколку другите граѓани и да биде привелигиран на начин кој не е предвиден во Уставот и во законите. Политичарот кој бара ваков […]

НЕМАМ ПОЈМА КАКО ДА ОБЈАСНАМ

Навистина почнувам да се прашувам, дали можеби сепак проблемот е во мене самата. Не е возможно граѓаните на оваа држава да се толку забегани или толку глупи или толку мизерни и исплашени за да не можат да разберат едноставни рационални објаснувања. Мора да е до мене. Јас не знам да објаснам, или го правам тоа […]

ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСТАВАТ НОВИНАРИТЕ, А ЗА АДВОКАТИТЕ И ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ

Според Законот за кривична постапка, судијата треба по службена должност да ја испита законитоста на постапувањето на полицијата во случај кога пред него бидат изведени луѓе кои претходно биле повикани/приведени/задржани – лишени од слобода. За утврдената законитост се донесува решение. Дали судијата во случајот на осомничените/обвинетите од случајот “Рамковски“ ја испитал законитоста на постапувањето на […]