******* МИ Е ДВОР МИ Е

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека согласно Уставот и законите  и согласно предвидената динамика и рокови, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до Собранието, парламентарните избори да се се одржат на 5-ти јуни 2011 година.

Со оваа изјава премиерот НИкола Груевски отворено и недвосмислено ни соопшти дека избори воопшто не ни се потребни. Со оглед на тоа дека тој решава кога ќе се распушти парламентот, кога ќе заседава, за што ќе заседава, што ќе се гласа и како ќе се гласа и кога ќе има избори, не гледам зошто ни е воопшто парламент.

Нам ни треба само Грујо. Или Бранко. Сеедно. Важно да е еден и семоќен и да командува и безпоговорно да го слушаат.

И ни треба промена на Уставот.

Член 2

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од премиерот и му припаѓа на премиерот.

Премиерот на Република Македонија власта ја остварува  преку свои именувани послушници по пат на закана, поткупување или бизнис-партнерство

Член 8

Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:

— основните слободи и права на човекот и граѓанинот ги определува премиерот

— слободното изразување на националната припадност за која ќе се договорат политичките водачи;

— владеењето на неправото;

— единство на државната власт;

— политичко едноумие разделено на повеќе делови и изведување на хумористичната претстава под наслов: слободни  непосредни и демократски избори;

— потполна заштита на сопственоста на премиерот и неговите соработници;

— слободата на премиерот и неговите соработници да прават што сакаат на пазарот со пазарот и околу пазарот;

— строга забрана за било кава манифестација на хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;

— феудална самоуправа;

— уништување и дехуманизацијата на просторот и разорување и уназадување на животната средина и на природата и

— непочитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Во Република Македонија слободно е се што ќе реши премиерот или што ќе му се сони претходната вечер.

24 total views, 1 views today

ЗА ШТО СЕ БИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Во предизборно – изборните кампањи веќе почнаа да се спомнуваат разно-разни работи кои кандидатите за Претседател на државата ќе направат доколку бидат избрани на оваа функција (влез во Европа, прекин на изолационизмот, решение на спорот со името, обединување, давање глас на тие кои го немаат, па тадури и економска благосостојба во земјата).…

7 total views, 1 views today