НАВИСТИНА?

Претставници на Владата ќе одат на годишнината од пучот во Турција.

Се надевам дека ова не е вистина.

Под закрилието на борба против пучистите, во Турција се апсени и затворани новинари, професори, слободномислечки интелектуалци, писатели, уметници, студенти, …

Под закрилие на борба со пучистите се убиваше, измачуваше, се ограничуваа основните права на луѓето.

Под закрилие на борба против пучистите се зациментира диктаторската власт во Турција.

Нема тука ништо за славење.

И нема место за ниту еден претставник од актуелната Влада на Република Македонија на ваков настан.

 

 

14 ГОДИНИ ТАПКАЊЕ ВО МЕСТО/2 посветено на Владата на Република Македонија, заедно со сите амбасадори, сите директори на јавни претпријатија и секако сите нивни пулени во централната и локалната власт

од времето кога Миленко го кршеше законот а јас се обидував да ја градам државата

Некои луѓе едноставно се родени да управуваат. Во многу рана возраст се пројавуваат како идни управници, функционери, дирекотри, градоначалници, парламентарци, министри и се понатаму. Не се издвојуваат со својата памет или некое посебно знаење. Не можете да ги препознаете по умешноста или стручноста. Не пројавуват забележлива интелигенција или бистрина. Не се шармантни, духовити, интересни. Не е да не се случува да поседуваат и некоја од горните карактеристики (одвреме – навреме, не многу често, се случува и тоа). Меѓутоа, тоа не е она по што можеме да ги преопознаеме и тоа не е она што ги исфрла на врвот со што доаѓаат на чело на секоја манифестација (освен онаа која може да биде опасна по нив самите). Овие луѓе ќе ги препознаете по тоа што во секој разговор подолг од пет минути ќе изговорат четири неизбежни Nikola_Gruevski_Premierфрази. Како прв секогаш се појавува зборот САКАМ.

Сакам да буидам претседател на одделение, сакам да ме изберат за претседател на  Унија на средношколци, многу сакам да станам претседател на студентската организација. Сакам да станам советник во општина, градоначелник, дирецтор, пратеник, амбассадор, конзул, управник, претеседател, премиер. Добро е се што значи  фотеља, секретарка, шофер е секогаш добредојден, потчинети, а јас главен.

Овие луѓе навистина сакаат и го кажуваат тоа на  цел глас и во тоа име се подготвени да молат и да колат, подготвени се да ветуваат и да лажат, подготвени се д ате продадат и д ате купат, подготвени се да го згазат секој свој збор и подготвени се да станат пријатели и со црниот ѓавол. О, овие луѓе се подготвени апсолутно дан се, смао ако значи тоа некаква моќ,  управување со други, само ако значи дека некој по редот на нештата ќе мора да седи и да ги слуша и потврдно да клима со глава и понизно да се смешка. Едноставно сакаат да решаваат за човечки судбини и да бидат барани и молени. Сакаат да се појавуваат на телевизија и на раидо и во весник и некој да ги прашува за нивното мислење, зс кое во други услови никој жив не би дал ни пет пари. Проклето многу ја сакаат таа раководна функција која единствена може д аим обезбеди  да бидат третирани како да се некој и нешто, затоа што обично по сите свои способности се никој и ништо.

Вториот збор е ЗНАМ. Овие луѓе знаат. Знаат се и знаат целосно и безгрешно. Однапред И без никој ништо да им каже. Залудно е да се обидете на ваквиот човек дам у пренесете каква било информација, тој знае. Не можете дам у објасните нешто затоа што тој веќе знае. Губење време е да пробате да споделите што било, тој е секогаш понапред од вас и знае. Овие луѓе се родени со целокупното знаење што кога било ќе им притреба во животот. Знаат како да управуваат, знаат како да градат и како да уриваат, знаат да направат се што е потребно и знаат што не е потребно. Знаат што мислите и знаат што ќе направите, знаат што е најдобро за ского одделно и за сите заедно. Тоа се луѓе што не учат и не можат ништо да научат, луѓе за кои бројките се само убави шари за покажување, а податоците служат за разубавување  на речникот. Ним не им требаат ни свои нит уѓи искуства. Тоа се луѓе кои нема да прочитаа ниту една информација или ивештај, а упорно ќе се повикуваат на истите тие информации и извештаи.

Знаат како, зошто, колку, кога, каде. Знаат без да дознаваат, знаат дури и без да знаат. Меѓу нив тешко ќе се пробие оној кутар мудрец кој се осмелил да извика: сега знам колку не знам. Нему дефинитивно не му е месдтото во ова друштво.

Знам и верувај ми и следи ме, не грижи се и не прашувај. А зад секое знам, по една дупка. Колкук поголемо знам толку поголема бездана. Колку поголема  бездна толку повеќе жртви за да ја исполнат за да не пропадне тој самиот, што знае се.

Третиот збор кој природно следува од знам е МОЖАМ. Можам се. Можам д направам, можам да постигнам, можам да организирам, можам да добијам, можам да обезбедам, можам да разберам. Нема што не можам. Можам да бидам што сакам. Можам да бидам пилот,  и капетан на број и дипломат, политичар, дирецтор на се и сешто , министер. Можам да возам со заврзани очи и без раце. Можам  во исто време да бидам и профессор и државен службеник и независен експерт и партиски човек и бизнисмен и законотворец. Никој не ги учел, никогаш не пробале, првпат гледаат такво нешто, ама можат. Можат да напишат закон за една ноќ и учебник на еден ден, можат да преговараат и да договараа, можат да отидат и да се вратат. Можат да одат на лево и на десно и право и горе и долу, насекаде. Главно е да се каже можам, за некој да не помисли дека некој друг а не јас навистина може. Потоа ќе видам како, а тука е и последниот збор, оној најважниот: НЕ СУМ КРИВ.

Не сум крив  е решение за се и излез од не знам и не можам. Не сум крив за неуспехот, за утнувањата, за погрешните процени и несоодветните потези, за назадувањето, за загубата и за грешките. Не сум крив и секогаш тука, поготвено, искрено со раширени раце и поткренати рамења. Секогаш има некој друг кој ја сплеткал работата. Некој друг нешто потрешно направил и ја оплескал.Криви се оние пред мене и нивните остатоци и оние околу мене што не работат како што треба и оние за мене, и  пријателите и непријателите и луѓето и животните и времето  и невремето. Криви се соседите и оние богатите и оние бедните. Јас – не. Може  морав, ама јас не сум крив, а ако сум малку крив дефинитнивно се многу покриви оние другите.

Ме сум крив е супер,така можам свечено да ги напуштам овие кривите и да одам И да им  се придружам на оние другите и третите и сите што доаѓаат.

Не грижете се доколку детето не ви учи добро или не покажува посебен  интерес за ништо. Доколку ги изговара брзо и без размислување зборовите: сакам, знам, можам и не сум крив, се е в ред. Го чека сигурна и светла иднина.

УТРИНСКИ, 20 февруари 2001, САКАМ, ЗНАМ, МОЖАМ, од серијалот: И боговите лично пред глупоста остануваат неми

ЗА УСТАВНИОТ СУД, РЕГИСТРИТЕ НА ОСУДЕНИ ЗА ПЕДОФИЛИЈА И ЈАВНОСТА

Интересно нешто – кога судовите носат одлуки кои ги милува власта тогаш тие одлуки не смеат да се коментираат, а власта ги штити авторитетот и независноста на судиите. Наспроти на тоа, кога се носта одлуки кои се спротивни на ставовите на владеачката структура, тогаш ширум е отворена вратата за навредување, омаловажување, закани, јавен линч, притисоци, етикетирање на судиите.

Не сакам погрешно да бидам разбрана или пренесена. Според мене педофилијата е страшна работа. Тоа е злоупотреба на моќта на возрасниот, злоставување кое остава долготрајни и комплексни последици, чин кој бара организирана реакција на целото општетсво.

Сметам дека треба да има високи казни за секој акт на сексуална злоупотреба на децата, дека треба да се изнајдат начини за превенција на актите на педофилија и механизми за предупредување на децата и родителите на опасноста.

Меѓутоа од самиот почеток се спротиставив на идејата за јавни регистри на луѓе осудени за педофилија. И ја поддржувам превземената активност на Уставниот суд за преиспитување на уставноста на ова законско решение. И пред се, најостро се спротиставувам на личните напади, повикот на линч, навредите, омаловажувањето, етикетирањето на судиите кои решиле да се расправа за ова прашање.

1. Прво, затоа што сметам дека се треба да биде предмет на расправа. Не смее да има табу теми за кои некој ќе рњши без да бидат разгледани сите аргументи за и против.

2. Второ, затоа што сметам дека власта е таа која под никакви услови не смее да врши притисок врз судството. А токму власта (олицетворена во миноистерот за труд и социјална политика и во медиумите покорни на власта) си дозволи да го оспори правото на судиите да расправаат за одредено прашање и најотворено врши притисок врз нив во насока на донесување соодветно решение.

3. Трето, затоа што ограничувањето на основните права и слободи мора да се прави многу претпазливо и на начин кој нема да задре во нивната универзалност и нема да отвори врата на нови ограничувања кои во крајна линија ќе го негираат самиот концепт на човековите права.

Јас лично мислам дека постоењето на јавен регистер на луѓе осудени за педофилија е проблематично од аспект на концептот за човекови права од повеќе причини:

1. Прво, се поставува прашањето зошто баш регистер на луѓе осудени за педофилија, а не и за други кривични дела? Зошто баш сексуалниот чин ги издвојува како посебна категорија од останатите насилници врз децата? Зошто не и регистер на оние кои тепаат деца. На оние кои толку ги запоставуваат што децата се претвораат во монструми. На оние кои ги изгладнуваат и со тоа трајно им го нарушуваат здравјето. На оние кои ги изложуваат на насилни содржини, кои ги учат на насилство, кои хушкаат едни против други како во борби на петлиња, на оние кои им го одземаат воздухот за дишење и водата за пиење. На оние кои им ја одземаат иднината на достоинствено живеење?

2. Второ, се поставува прашањето ако веќе сексуалниот чин претставува посебно важен елемент на кривичното дело, зошто на ист начин не се направи регистер на сите силувачи, злоставувачи, подведувачи, трговци со жени?

3. Трето, се поставува прашањето за непогрешливоста на судот. Што ако судот згреши? Што ако е осуден човек кој не го направил делото, а неговото име веќе стоело испрчалено во нкој јавен регистер? Дали ќе има и регистр на погрешно осудени?

4. Четврто, ваков регистер само ја поттикнува хајката базирана на незнаење. Хајка во која се шират невистини, како на пример: Профил на македонскиот педофил е 35-годишен необразован човек од рурална средина.Најчесто се затворени и некомуникативни кон средината,но сепак психолозите велат дека постои начин да се препознае педофил. Или: Лек за педофилија нема, а ниедна казна не преобратила педофил велат психолозите.

Во светот се зборува за педофилијата, се анализира и се бараат начини како да се заштитат децата од злоупотреба. Едноставното поставување на осудените за педофилија на срамен столб ништо не решава: ниту ќе ги дестимулира останатите, ниту пак ќе ги заштити децата.

Вистинска заштита е: превенција (секојднево испитување на менталната состојба на оние кои се бават со деца), едукација на децата (да научат дека имаат право да се спротистават, да кажат, да се бранат), третман на луѓето кои веќе биле активни сторители на педофилски акт.

Педофилијата е ментално растројство кое многу често корените ги има во минатото на сторителот (кој во некој момент и самиот бил изложен на акт на педофилија или на друг начи бил злоставуван како дете). 

Што вели Библијата за педофилијата? А за Александар и да не зборуваме.

И да повторам, секое злоставување, малтретирање, искористување, злоупотреба, на дете има трајни последици врз неговиот психички и физички развој и се рефлектира во она во што ќе се претвори како возрасен човек. И мора да биде спречено и санкционирано.

И да повторам, судиите на Уставниот суд треба да расправаат, власта не смее да врши притисок врз нив, а сите медиуми кои си дозволија линч на конкретни судии заради искажано мислење треба да бидат соодветно санкционирани.

Така се прави во демократските држави.

Протестот е демократско право и начин на изразување на мислењето на граѓаните

Јас ги поддржувам протестите против поскапувањето на струјата, водата, парното, бензините и се останато и против решенијата на Регулаторната комисија со кои власта ги поддржува и овозможува овие поскапувања.

Наспроти обидите на власта да го дезавуираат значењето на протестите и да ја префрлат вината врз приватниот сектор јас мислам дека протестите се неопходни, корисни и можат да дадат позитивни (за граѓаните) резултати.

1. Луѓето со векови се бореле за слободата на изразување на мислењето, слободата на собирање и слободата на протестирање. Тоа се едни од највисоките дострели на современата демократија. Само многу глупи луѓе чии мозоци ги измила фашизоидната власт кој во моментов ја имаме во Република Македонија, не го разбираат тоа. Протестот е начин на кој граѓаните најасно кажуваат кога нешто не им се допаѓа, кога нешто треба да се промени и кога имаат очекување од власта тоа да го направи доколку и понатаму важи одредбата дека суверенитетот во Република Македонија им припаѓа на граѓаните. Што поголем број толку е посилен гласот, толку е помоќна пораката и толку пострашни треба да бидат за власта доколку не сака да ги слушне. Протестите сигурно имаат лимитирани ефекти, меѓутоа неискажувањето на мислењата значи молк кој може да биде пртолкуван како прифаќање. Од друга страна, само со искажување на мислењето може да започнеме да бараме нови и поинакви решенија по принципот повеќе глави подобро мислат.

2. Протестите треба да бидат против власта, а не против приватникот. Власта е таа која ги одредува правилата на игра, власта е таа која ги поставува границите и власта е таа која што се обврзала да ги штити правата и слободите на граѓаните. Не за бадијала постои Регулаторна комисија (како орган на власта, а не на приватните сопственици). Таа комисија треба да го заштити јавниот интерес наспроти несомнениот интерес на приватникот да зграпчи што е можно поглем профит. Таа комисија треба да постави брана на лакомоста на приватникот и да најде баланс меѓу приватниот и општествениот интерес. Таа комисија  треба да им одговори на граѓаните зошто е создадена ситуација во која го штити приватникот за сметка на општетсвениот интерес.

3. Многу глупо и примитивно е објаснувањето на власта дека секаде во светот се поскапува струјата, и парното и водата. И безобразно. И само маломен неедуциран народ може да го прифати ова како валидно објаснување. Зошто? Затоа што:

  • Постојат начини на кои може власта да интервенира во цените на овие услуги (пред се со намалување на своите зафаќања, со прогресивно оданочување или со различно оданочување на различни количини од потрошеното).
  • Постојат енергетски проекции кои треба да го предвидат овој тренд и со кои власта треба да најде најсоодветен начин за заштита на граѓаните (поддршка на алтернативни извори на енергија, искористување на сончевата и термална енергија, субвенционирање/вистинско не оние шарени лажки кои во моментов ни ги продава власта/ на термоизолацијата на куќите, откуп на електрична енергија која би ја произведувале граѓаните со сончеви колектори).
  • не може да се изедначи цената на чинење на овие услуги со цената во земји каде што платите на луѓето се 10-20 пати поголеми од оние на граѓаните во Македонија.

ЗАРАДИ ОВА СМЕТАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОТЕСТИ И ВПРОЧЕМ МИСЛАМ ДЕКА ОВАА ВЛАСТ ТРЕБА ДА БИДЕ СРУШЕНА.

 

НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ИСМЕЈУВАЊЕ, ПАРДОН, УСВОЈУВАЊЕ НА ПРАВТОТО НА ЕУ

На 16 декември Владата на Република Македонија ја усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2012 година.

Документот има над 500 страници и заслужува да биде прочитан и анализиран.

Во моментов (заради недостаток од време и живци) јас ќе се задржам само на неколку бисери ко ми паднаа во очи при површно прелистување на програмата:

1. Мене навистина ме интересира за кој тоа приорите е направена јавна расправа и кои тоа закони се донесени со консензус.

2. Многу ме интересира, кому тоа ќе му поднесуваат извештај судиите и ЈО? На Владата или? Бидејќи е ова програма на Владата таа може да одредува единствено известување до неа. Дали тоа значи дека Владата им наредува на судиите и на ЈО да ја известуваат? Дали тоа значи дека Владата ќе постапува врз основа на тие извештаи? Каде е тогаш издвоеноста од извршната власт и од влијанието на Владата?

3. Ова посебно ме бендиса. МВР ќе пружа информации за човековите права и ќе ги обучува Народниот правобранител и невладините организации за тоа што се човекови права. Никаде не се спомнува одговорност, надворешна контрола или не дај боже потреба од нивна обука.

4.  Родовата еднаквост е сместена во социјалните и економски права. На тој начин е испратена порака дека не се перцепира дискриминација врз основа на пол во контекстот на граѓанските и политичките права. Во делот за социјални и економски права, од крајно непознати причини, е сместена и дискриминацијата и Комисијата за заштита од дискриминација.

5. Според тврдењата на Владата:

Јас не можам да ја најдам. А вие?

Целокупната проблематика поврзана со дискриминацијата е ставена под точката 3.19 – социјална политика и вработување. Дали тоа заради претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација кој е вработен во Министерството за труд и социјална политика или едноставно заради незнаењето или затоа што никој немал време да го прочита Уставот и да провери каде се наоѓа недискриминаторската одредба?

6. Под наслов: Тековна состојба на социјалниот дијалог се дадени семинарите, обуките, студиските посети, конференциите и шетањето на сите владини структури. Програмата предвидува продолжување на активностите во оваа насока.

7. Ако продолжиме со ова темпо може да постигнеме невиден напредок и во наредната година да имаме само 31% невработеност што ќе не направи единствена и уникатна држава која бара членство во ЕУ со вакво ниво на невработеност.

8. Копи-пејстот е многу тажна работа, па низ текстот човек малку губи претстава дали станува збор за извештај, за програма и за која година се програмира:

9. Ова дефинитивно не знам како да го разберам:

Тоа Владата мисли дека е ова нејзин придонес? Или позитивен аспект. Или доказ за почитувањето на човековите права?

10. Континуираното претставување и промоција на Комисијата се состои од два настапи на претседателот на Комисијата пред медиумите и промотивен материјал кој може да се најде само на интернет страната на Комисијата.

11.

Ахахаха. Ова е најдобро. Бидејки одбија декриминализација на клеветата можат повтроно да го стават во програмските активности. Ау. Ова е навистина бисер од поголема вредност.

12. 

Ова е уште еден од подобрите бисери. Ова во власта го замислуваат под надлежноста на Комисијата да формира база на податоци поврзана со дискриминација.

13. Со измените на Законот за научно-истражувачка дејност ќе се формираат центри за извонредност. Претпоставувам дека овие центри ќе работат на утврдувањето на новата раса – Гоцева, на нашето величенствено античко минато и на библиските врски директно со најгорниот.

Ова се навистина само мал дел од бисерите. Секој може да си најде забава читајки ја Програмата и да си открие свои сопствени бисери поврзани со конкретни области.

А дека е смешно, смешно е.