Сите се еднакви пред законот и законот е еднаков за сите

За Груевски, одењето еднаш неделно во суд е политичка деградација

Со оваа и ваква изјава всушност Груевски бара за него да не важат законите, тој да биде поинаку третиран од страна на судот отколку другите граѓани и да биде привелигиран на начин кој не е предвиден во Уставот и во законите.

Политичарот кој бара ваков (поинаков) третман, всушност јавно изјавува дека ја злоупотребувал и ја злоупотребува функцијата на која се наоѓа за лична добивка (привилегии, материјални и нематеријални бенефиции). Крајниот резултат на ваквите барања е неказнивоста на високите функционери во власта (карактеристична за сите недемократски општетсва).

Ваквиот политичар треба да биде збришан од политичката сцена на една демократска држава, од страна на самите граѓани.

Се разбира само доколку станува збор за демократска, а не феудална држава и доколку во државата живеат граѓани, а не кметови (крепосни селани кои му припаѓаат на феудалецот).

НЕ Е САМО ИМЕТО ВО ПРАШАЊЕ, или, ЗОШТО ВЛАСТА ГО ЗАБОШОТИ ПОПИСОТ

 Парламентарното Собрание на Советот на Европа донесло резолуција со која и се наложува на Македонија да го направи пописот на населението во најкраток можен рок.

Оваа резолуција не се појави во владините соопштенија. Премиерот не ја спомна, а ни министрите. Па и новинарите не се испотепаа да ја објават.

Пописот е една од алатките на современите општетства во развојот на политиките. Едноставно не може да се замисли цивилизирана држава во која на секои 10 години не се врши попис кој овозможува собирање на податоци кои ќе помогнат во евалуациите и  ќе ги овозможат стратегиите.

Пописот е уреден со закон: ЗАКОН ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2011, Службен весник на РМ, бр. 156 од 6.12.2010 година.

Во Македонија пописот беше прекинат без никакво објаснување. И прекинувањето беше озаконето: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2011, Сл. Весник на Р. Македонија, бр.36 од 23.03.2011 година.

А на крај беше донесен и: ЗАКОН ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2011 ГОДИНА (донесен на седница на Собранието на Република Македонија одржана на 15 октомври 2011 година. Број 07- 4294/1).

И после тоа – МОЛК.

Поминаа 2 години.

Народецот заборави. Власта забошоти. За новинарите стара вест.

Ама овие од Европа не можат да не вбројат во редот на цивилизирани држави без попис.

И секако се поставува прашањето: кој се плаши во Македонија да се спроведе попис:

1. Зошто Владата на Груевски не спроведува попис?

2.ЗОШТО БИЛ ПРЕКИНАТ ПОПИСОТ ВО 2011

3. Има ли сега клима за нов попис

4. Избори без попис како Прометеј без пенис

5. Ако имаше попис,процентот на Албанците во Скопје ќе паднеше под 20 отсто

6.  Новковска: Попис само кога ќе се исполнат меѓународните стандарди

Па ако не исполнуваме елементарни стандарди за спроведување на еден попис (ова според претставник на власта), тогаш од каде ни паѓа на памет дека сме спремни за влез во ЕУ?

Ако оваа власт не може да спроведе наједноставен попис, тогаш што навистина може да направи (се разбира крадењето не се рачуна, бидејки тоа го прави секоја криминална група, односно, не мора злосторничкото здружување да се вика држава). И, ако оваа влст не знае како да го преброи сопственото население, тоагаш како можев оопшто да развива било какви стратегии и политики? И ако оваа влста нема сили да спроведе попис, тогаш како можам да имам елементарна сигурност на нејзината територија.

И, ова нема врска со името. Ама има врска со елементарните цивилизациски претпоставки за функционирање на една држава.

ЦРКВА ПРОТИВ УСТАВЕН СУД

Во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 26 од Законот за основно образование со којшто се воведува веронаука во формалното образование, Поглаварот на МПЦ повика на непочитување на одлуката на Уставниот суд и спротиставување на граѓаните на спроведувањето на оваа одлука.

Со тоа се воспоставени две крајности во однос на одлуките на Уставниот суд. Од една страна (според политичките партии) граѓаните (и посебно невладините организации) не смеат да ги коментираат одлуките на Уставниот суд, а според Поглаварот Стефан, верниците на МПЦ не треба да ги почитуваат и спроведуваат.

Свештеникот има многу едноставно решение: ако одлуката не е уставна треба да се смени Уставот. Како не ни текна порано и да се спасиме од проблемите и главоболките што ни ги создава владеењето на правото.

Да живее верата и чудата и Македонија во којашто се е можно.