РЕШЕНИЕТО И ЖАЛБАТА

Во прилог е решението со кое се прогласувам за виновна за сторен прекршок и мојата жалба до второстепената комисија.

 

 

Бр. УП 1.19.1.4-1528/16-2018

 

Преку: Комисијата за прекршоци Скопје 04, МВР

 

До: Државната комисија за одлучување

во втор степен во областа на

инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

при Владата на Република Северна Македонија

 

Жалител: Мирјана НАЈЧЕВСКА,

 

 

 

Ж А Л Б А

против Решението на Комисијата за прекршоци Скопје 04

Бр. УП 1.19.1.4-1528/16 од 27.11.2018

 

Со Решението на Комисијата за прекршоци Скопје 04 со бр. УП 1.19.1.4-1528/16-2018 (натаму: Решението), е одлучено дека сум одговорна за дејствие со што наводно сум сторила прекршок по чл.  27 од Законот за прекршоците против ЈРМ и ми е изречена санкција глоба во износ од 6.160 денари.

 

Во својство на Жалителот изјавувам дека Решението е целосно неосновано, како материјално така и процедурално, па, имајќи предвид дека Решението ми беше врачено на 26.02.2019 година (дваесетишестти февруари), благовремено ја изјавувам оваа Жалба од следниве причини:

 

  1. Целосна застарба на постапката;
  2. Неправилно утврдена фактичка состојба;
  3. Индицирана дискриминација;
  4. Отсуство на елементи за прекршочно дело; и
  5. Прекршени човекови права.

 

 

Врз основа на тоа, како Жалител бараМ Второстепената комисија, согласно чл. 74 од Законот за прекршоците (Службен весник на РМ бр.124/15)  да ја уважи оваа Жалба, да одлучи поинаку и со ново решение да го замени решението со кое се прогласувам за одговорна за сторен прекршок.

 

Едновремено БАРАМ, Второстепената комисија да изврши целосен увид во досието за овој случај на Комисијата за прекршоци Скопје – 04, како и да направи споредба со други случаи по истата основа заради индицирана дискриминиација и да ме извести за своите наводи како би можела да поднесам кривична пријава против лицата Спасен Софески, Сеад Мемеди, Благоја Петрушевски,  Мустафа Магди и Гоце Николовски заради основано сомнение дека е направено кривично дело при вршењето на службена должност.

 

О б р а з л о ж е н и е

 

Обжаленото Решение е ништовно од следниве причини:

 

  1. Целосна застарба на постапката . – Прекршочната постапка морала да биде завршена во рок од два месеци од поднесувањето барање за поведување прекршочна постапка, согласно чл. 65 ЗП: “… За прекршоци за кои е пропишана глоба во износ до 15.000 евра во денарска противвредност постапката пред прекршочната комисија мора да се заврши во рок од два месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка“.

Индикативно е што, прво, самиот Записник е составен на 07 јуни 2016 година, или шест седмици по наводно инкриминираниот настан.

Барањето за прекршочна постапка  е поднесено на 11 јули 2016 година. Обжаленото Решение е донесено на 27.11.2018 г. или дури по две години четири месеци и две седмици од поведувањето на прекршочната постапка.

Со оглед на тоа што сиве податоци се содржани во самото Решение, извесно е дека или се работи за намера или за толку голема небрежност што ја изедначува со намера за злоупотреба на службата во функција на целосно противправен полициски прогон.

 

  1. Неправилно утврдена фактичка состојба. – Било подносителот на Барањето прекршочна постапка било Комисијата за прекршоци Скопје 04 било сите тие заедно постапувале врз основа на лажно тврдење дека, цитирам: „…пријавена … не се јави на поканата, не се изјасни по однос на наводите во барањето и не го оправда своето отсуство…“.

Се работи за отворена лага, од причина што aдвокатката Кети Јованова Јандријеска, а која ја ангажирав за овој случај, презентираше Полномошно на 25 мај 2016 година кога пред очите на повеќе собрани активисти и повеќе медиумски камери влезе во полициската станица Беко. Во таа пригода, таа во полициската станица остави Полномошно и било нотирано дека сите обраќања понатаму ќе бидат упатувани до неа.

Тоа, според нејзино тврдење не е направено, па оттука Комисијата е должна да приложи доказ во спротивна насока. Веќе отсуството на таков доказ во прекршочната постапка укажува дека лажното тврдење е свесно направено. Комисијата е должна да приложи доказ за достава до адвокатката.

Уште повеќе, истата Комисија за прекршоци донела Решение бр. УП 1.19.1.4-1525/16 за наводно оштетување токму на таа Полициска станица и токму на тој датум што наводно токму јас го имам направено.

Понатаму, во самото Решение никаде не се наведува ниту дека бил изведен доказ дека јас сум направила некакво оштетување ниту пак дури и дека јас ја имам погодено со боја зградата на МНР. Не, само дека  сум, цитирам: „…фрлала предмети наполнети со боја…“. Меѓутоа, и да сум „фрлала“ не значи дека сум успеала да ја погодам зградата ниту пак е изведен доказ за која од повеќето бои видливи и ден денешен сум одговорна токму јас. Или сум одговорна за сите оние бројни бои што се’ уште стојат на зградата на МНР – ама тоа мора да се каже и да се докаже!

Крајно индикативно е дека во овој случај пред зградата на МНР како и еден месец подоцна пред зградата на полициската станица Беко, се појавува како сведок на настанот истиот полицаец – Гоце Николовски.

И, можеби најважно од се’, во Решението, иако се наведува текст на законска одредба (чл. 27 од ЗПЈРМ) каде делото се сторува „оневозможување за користење или оштетување“ нема никаков доказ било дека е „оневозможено користењето“ било дека постои „оштетување“ и, ако го има: за каков вид се работи, во што се состои оштетувањето и колкаво „оштетување“ сум направила.

Од изнесеното јасно произлегува не само дека МВР немаат ниту најмал доказ туку и дека сосема свесно ја злоупотребуваат својата положба.

 

  1. Индицирана дискриминација. – На социјалните мрежи и во медиумите, токму по повод ова Решение беа искажани ставови дека и некои политичари на актуелната власт добиле вакви решенија и дека наводно платиле глоба (премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов). Притоа, сепак, не покажаа ниту примерок од решение ниту уплатница за платената глоба.

Други политичари на власт, а кои се видливи на истите снимки не се изјаснија ниту дека добиле решение ниту дека платиле глоба (на пример, вицепремиерката Радмила Шеќеринска).

Трети пак, како на пример г. Петрит Сарачини, советник во Владата на Република Северна Македонија, отворено во медиумски настап (28.02.2019 / ТВ „24 часа“) нагласи дека фрлал боја во рамките на протестите на тнр. „Шарена револуција“ но ниту добил решение ниту платил глоба!

Од изнесеното многу силно е индицирана дискриминација по основа на политичка припадност, санкционирана со чл. 3 од Законот за спречување и заштита од  дискриминацијата (Службен весник на РМ бр. 50/2010).

Тоа, едновремено, и од овој аспект потврдува дека петмината припадници на МВР свесно ја злоупотребиле својата положба.

 

  1. Отсуство на елементи за прекршочно дело. – Најфлагрантното прекршување на правото е токму тоа што со Решението никако не се објаснува како „фрлањето предмети со боја“ е ПРЕКРШОК. Нема да се впуштам во докажување ноторен факт дека на тој начин не можело да се „оневозможи користењето јавна зграда“. На Комисијата било да докаже дека тоа сум го сторила и како.

Вториот и поточно сегментот на кој Комисијата се повикува е – „фрлање предмети со боја“. Дури и со самата формулација се избегнува да се каже каква штета е направена и пред се’ – ДАЛИ Е ВООПШТО НАПРАВЕНА ШТЕТА. Без тоа – нема дело!

Ова веќе недвосмилено докажува дека петмината припадници на МВР свесно ја злоупотребиле својата положба.

 

5. Прекршени човекови права. – Правото на протест е заштитено на повеќе начини,

а ограничувањата се јасно дадени во закон (Закон за јавните собири, Службен весник на РМ, бр. 55/1995). Според Законот за јавни собири (член 6) “Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавен собир во случаите кога истиот е насочен кон: загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните“. Со оглед на тоа дека МВР не го прекинала протестот, може да се изведе заклучок дека не била утврдена опасност по имотот на граѓаните.

Според членот 7 од Законот за јавните собири (Член 7) “Организаторот на јавниот собир е должен да ја надомести евентуалната штета што ќе настане при одржување на јавниот собир.“ Бидејки МВР во ниту еден момент не ме идентификува како организатор на јавниот собир, останува прашањето доколку била направена било каква штета дали е направен обид овој организатор да се повика на одговорност.

Во Законот за јавни собири се предвидени парични казни (член 9 и 10) за организаторот на јавниот собир, а за физичко лице само доколку носи оружје (за што јас не сум обвинета).

Второ право кое е загрозено со ова Решение е слободата на мислење и изразување која во поширокото разбирање на поимот подразбира и невербална комуникација посебно кога станува збор за изразување незадоволство од владеачката структура до ниво на употреба на Преамбулата на Универзалната декларација за човековите права на ООН.

Следствено, извесно е дека петмината припадници на МВР свесно ја злоупотребиле својата положба.

 

Од горенаведените причини, како и имајќи предвид дека се работи за полициски прогон што е можеби започнат во 2016 година, но е  реализиран во ноември 2018 година и поточно во период кога упатив сериозни критики спрема актуелната власт, па дури и доставувањето е направено со тримесечна задршка, како Жалител ги повторувам обете бараЊА наведени во диспозитивот на оваа Жалба, вклучувајќи и дека очекувам да бидам известена за пошироките наводи на Второстепената комисија како би можела да поведам кривично- правна постапка.

 

05 МАРТ 2019 година

 

Ж а л и т е л:

Мирјана НАЈЧЕВСКА

 

471 total views, no views today

ХАЈД ПАРК

Мицкоски даде изјава за медиумите. И медиумите ја пренесоа. Некои повеќе, некои помалку.

Што има во изјавата:

  1. Еден куп невистини (како на пример онаа дека “Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. “. Или, онаа дека “Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија“.). Изгледа Мицковски не бил во Македонија кога се случи инцидентот на Кале, или кога беа тепани студентите од Архитектонскиот факултет, или кога се степаа средношколците во Струга, или етничките немири во Скопје, или …
  2. Преземени содржини од написите и настапите на граѓански активисти во периодот на борбата со режимот на Груевски (како на пример “никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност“. Сигурно ова му останало на Мицковски како начин на добивање оценки со препишување од основно и средно училиште, па ете си продолжил и сега.
  3. Барање за избори, што е и единственото нешто кое ВМРО-ДПМНЕ научи да го прави изминатите години ( во 11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа одржани 5 избори за пратеници во Собранието на Република Македонија).
  4. Измотавање (како изјавата “Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години.“ која е многу смешна ако се има предвид дека имале 11 години време сето тоа да го направат, а не го направиле).

Демократијата е премногу важна работа за да може да биде препуштена на шарлатани.

Тоа не значи дека и тие (шарлатаните) немаат право на мислење и на изразување. Никако.

Само во развиените демократски општетсва ним им се посветува внимание соодветно на вредноста на нивните изјави.

И ние имаме убави гајби на кои можат колку што сакаат и што сакаат да си зборуваат. И да им биде посветено соодветно внимание.

Само никако не смееме да го помешаме нивното шлакање со сериозни изјави на луѓето кои би требало да го трасираат патот на демократијата.

 

 

253 total views, no views today

КОЈ ЛАЖЕ ТОЈ И КРАДЕ, А КОЈ КРАДЕ ОДИ ВО ЗАТВОР


Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови (Аеродром, Гази Баба, Ѓорче, Карпош, Кочани, Штип, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Битола, Радовиш) изгласаа да има референдум за мигранти на денот на локалните избори.

Димитров да и објасни на јавноста за подготвеноста на Македонија да доселува мигранти. 

Со стратегијата за мигранти и бегалци, најголемиот товар ќе го имаат општините

Нашата поддршка е константна. И во моментот кога бевме владеачко мнозинство и сега кога сме дел од парламентарната опозиција, на оваа политика, на заштита на браниците на Република Македонија од напливите на мигрантската криза и тоа несомнено ќе продолжиме да го правиме без разлика на политичкиот контекст  и политичките односи внатре во Република Македонија. За нас заштитата на границите е врвен приоритет и заштитата на интересот на граѓаните на Република Македонија исто така е врвен приоритет, ова на денешната собраниска седница во врска со одлуката да се продолжи кризната состојба на јужната граница го истакна Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Димовски, исто така потенцираше и побара од новата Влада никако да не размислува во нашата држава да дозволи изградба на бегалски кампови за долгорочно и трајно сместување на мигранти.

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека трајното населување на десетици илјади мигранти ќе предизвика дисторзија на пазарот на работна сила.

Ова се изјавите на претставници на ДПМНЕ во врска со стратегијата на новата влада за третман на мигрантите во Република Македонија.

Истите овие високи функционери преку владата во која тие членуваа и преку претседателот на државата кој е нивна незатскриена марионета , организираа конференција под наслов “Миграциите и предизвиците на интеграцијата преку дијалог меѓу религиите и културите“ и  станаа дел од декларацијата усвоена на 5 ноември 2016 во Битола, (Deklaracija-na-cetvrtata-Svetska-Konferencija)во која се вели:

“Свесни дека основните причини за миграција се: воените конфликти, еколошките фактори, сиромаштијата и неразвиеноста отежната со демографските и економските дисбаланси, додека миграциски движења се случуваат главно кон развиените земји од западот секоја земја на пат станува земја на транзит или крајна дестинација.

Сведоци сме дека денес човечката мобилност е зголемена до толкава мерка што голем број на луѓе, живеат во земја различна од онаа во која што се родени. Мигрантите се присутни во сите земји во светот.

Ја истакнуваме потребата да работиме заедно во духот на меѓусебното партнерство за подобро управување со миграцијата во нашите земји во еден сеопфатен, интегриран начин, секогаш имајќи ја предвид ефективната заштита на правата на мигрантите, вклучувајќи ги и оние на жените мигранти и децата.

Повикуваме на ефикасна заштита на мигрантите и перманентно зачувување и промовирање на меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог.

Истакнуваме дека  успешното интегрирање на мигрантите не значи само интегрирање во општествените активности туку и  во религиозните заедници. Овозможувањето на културна  и религиска толеранција е предуслов за нивна успешна интеграција.

Убедени сме дијалог меѓу религиите и културите   може да помогне на намалувањето на  предизвиците на интеграцијата на мигрантите…“

Во говорот на отворањето на конференцијата, онаа марионетата на ДПМНЕ која седи во претседателскиот кабинет, изјави:

“Во изминатите две години, најголем дел од бегалците што дојдоа во Европа потекнуваа од Блискиот Исток. Тоа е простор каде со векови и со милениуми гостопримството кон туѓинецот се смета за светост. Доаѓајќи во Европа, тие сосема природно очекуваа дека со нив ќе се однесуваме онака како што и тие би се однесувале кон нас – со почитување на вроденото и неотуѓиво човечко достоинство. Наместо тоа, во многу случаи наидоа на затворени врати, на страв, предрасуди, недоверба и ксенофобија.

Со ваквиот однос кон мигрантите, некои европски земји создадоа гета без ѕидови, во кое различните се толерираат без вистински да се почитуваат, во кое се трпат, без да се прифаќаат. Моленбек, Сен Дени и други острови на сиромаштија и исклучивост во богатите европски метрополи станаа гнезда за радикализам, насилен екстремизам и тероризам.

Освен политичките, постојат и економски и еколошки фактори кои придонесуваат кон сè поголемата раздвиженост во светот. Милиони луѓе ги напуштаат своите домови поради уништувањето на животната средина, екстремните климатски појави, ширењето на пустините и подигнувањето на нивото на океаните. Ќе ве потсетам дека пред само две години го имавме првиот климатски азилант од Кирибати.

Како последица на сево ова, повеќе од кога и да е порано, живееме во време на бегалци и мигранти, раселени и прогонети кои го искусиле чувството на загуба на домот, семејството, татковината…

Слободата во пропаднатите држави на Блискиот Исток и во Северна Африка, во сиромашните општества на третиот свет е само мисловна именка. Во такви услови, развиениот свет треба да им помогне на бегалците и на мигрантите да го остварат овој идеал.“

А министерката за култура  ја пренесе пораката на владата на ДПМНЕ:

Наша цел ќе биде и интеграцијата на имигрантите, остварувањето на нивното право на вработување, инвестирањето во нивното образование, запознавањето со јазикот, културата, историјата, на државата во која се доселуваат, недискриминирачкиот пристап на институциите кон нив, заедничката интеракција на имигрантите и домашното население. Токму во овој сегмент, улогата на културно-религиската димензија е најдоминантна и претставува предизвик на кој сите ние , со заеднички ангажман ќе успееме да одговориме.

Каков заклучок може да изведеме?

Ова, прво, покажува дека високите функционери на ДПМНЕ лажат. Во некој момент. Или пак цело време. Или лажеле на светската конференција или лажат сега, или лажат постојано, меѓутоа факт е дека лажат. 

Второ, ова покажува дека високите функционери на ДПМНЕ во своите настапи очигледно рачунаат  на незнаењето и неписменоста на сопствените поддржувачи, односно се потпираат на уверувањето дека тие кои ја поддржуваат оваа партија немаат  капацитет да се сеќаваат на настани кои се одвивале неколку месеци претходно, или пак немаат интелектуални капацитети да поврзат различни настапи на сопствените водачи.

 

95 total views, no views today

ЗА ЕДНО СООПШТЕНИЕ НА ДПМНЕ (НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА)

Кој разбере – разбере, кој не разбира, толку полошо за него.

Една мала анализа на соопштението на ДПМНЕ (навистина мислам дека од називот на оваа партија мора да се исфрли делот ВМРО)  објавено на 15.09.2016 година.

Специјалното јавно обвинителство денеска даде најдобар пример за двојните аршини по кои работат.

ТОЧНО.

СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Е ФОРМИРАНО ЗАТОА ШТО РЕДОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО РАБОТЕЛО СО ЕДЕН АРШИН ЗА ВЛАСТА, А ДРУГ ЗА ГРАЃАНИТЕ И НЕГОВАТА НАМЕНА Е ВО ЕДЕН КОНКРЕТЕН ПЕРИОД ДА ГО ПОКРИЕ ДЕЛОТ НА ОБВИНЕНИЈА ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО НА ОНИЕ КОИ СЕ/БИЛЕ НА ВЛАСТ (А КОИ РЕДОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ОДБИВА ДА ГИ ПРОЦЕСИРА).  

Обвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани кои одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротиставија на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради Црквата Свети Константин и Елена.

НЕТОЧНО.

  1. 1. НЕ ТРГНАЛА ФАТИМЕ ФЕТАИ ПРОТИВ НИКОГО, ТУКУ СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО. ИМЕТО НА ФЕТАИ СЕ УПОТРЕБУВА ВО КОНОТАЦИЈА НА МЕЃУВЕРСКИ ОДНОСИ МНОГУ НАМЕНСКИ ЗАРАДИ ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЧОВЕК ОД ДРУГА ВЕРСКА ОПРЕДЕЛБА. МЕДИУМОТ МОЖЕ И ТРЕБА ДА БИДЕ ГОНЕТ ЗАРАДИ РАЗГОРУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА И ВЕРСКА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ.
  2. 2. НЕ ТРГНАЛО СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРОТИВ СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ИЗЛЕГЛЕ НА ПРОТЕСТ ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ, ТУКУ ПРОТИВ ПОТТИКНУВАЧИТЕ НА НАСИЛСТВО КОИ СЕ СПОМНУВААТ ВО ПРИСЛУШУВАНИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРИ ПОВРЗАНИ СО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ. 
  3. 3. ЖЕРНОВСКИ ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ НЕ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ГРАДЕЊЕТО НА ЦРКАВАТ (ШТО БЕШЕ СПРОТИВНО НА БАРАЊАТА НА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ ГО ИЗГЛАСАА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, МЕЃУ КОИ БЕВ И ЈАС,  И ЗАРАДИ ШТО ЈАС ЛИЧНО ВЕЌЕ НИКОГАШ ВО ЖИВОТ НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА ЖЕРНОВСКИ ДА БИДЕ ИЗБРАН НА БИЛО КОЈА РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА).

Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра. Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат штетите од милиони евра предизвикани од вандалите на платеничката револуција.

НЕТОЧНО.

  1. 1. НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ФАТИМЕ ФЕТАИ ТУКУ ЗА СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО. ИМЕТО НА ФЕТАИ СЕ УПОТРЕБУВА ВО КОНОТАЦИЈА НА МЕЃУВЕРСКИ ОДНОСИ, СО ШТО МЕДИУМОТ МОЖЕ И ТРЕБА ДА БИДЕ ГОНЕТ ЗАРАДИ РАЗГОРУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА И ВЕРСКА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ.
  2. 2. НЕ СЕ ОБВИНЕТИ ВЕРНИЦИТЕ ЗАРАДИ ТОА ШТО ПРОТЕСТИРАЛЕ ТУКУ СЕ ОБВИНЕТИ ОНИЕ КОИ БИЛЕ НА ВЛАСТ ЗАТОА ШТО ГИ ПОТТИКНАЛЕ НА НАСИЛСТВО.
  3. 3. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА КАТИЦА И ФЕТАИ ГИ ИГНОРИРААТ ШТЕТИ НАПРАВЕНИ ПРИ ДРУГИ ДЕМОНСТРАЦИИ. ЕДНОСТАВНО, СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА МНОГУ ОГРАНИЧЕНА НАДЛЕЖНОСТ И НЕ СМЕЕ ДА ПОСТАПУВА НАДВОР ОД НЕА.
  4. 4. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА Е НАПРАВЕНА ШТЕТА ОД МИЛИОНИ ЕВРА. СЕ УШТЕ НЕ Е НАПРАВЕНА ПРОЦЕНА НА ШТЕТАТА.
  5. 5. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕКОЈ БИЛ ПЛАТЕН ДА ДЕМОНСТРИРА ПРОТИВ ВЛАСТА. ВООБИЧАЕНО ЛУЃЕТО ГИ ПЛАЌААТ ДА ДЕМОНСТРИРААТ ВО КОРИСТ НА ВЛАСТА, А МНОГУ ВООБИЧАЕНО Е ДА ДЕМОНСТРИРААТ ПРОТИВ ВЛАСТА ПО СОПСТВЕНО УБЕДУВАЊЕ.
  6. 6. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА Е НАПРАВЕНА ШТЕТА ОД 20 ЕВРА. ЗА ОВА ВЕЌЕ ПОСТОИ ПРОЦЕНА.

 

Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат повиците на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Радмила Шекеринска и нивната поддршка во палењето, демолирањето, ограбувањето и уништувањето на институции и културно историски споменици при вандалското однесување на членовите на платеничката револуција.

НЕТОЧНО.

  1. 1, НЕ Е ТОЧНО ДЕКА КАТИЦА И ФЕТАИ НЕШТО ИГНОРИРААТ, ТУКУ СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ИГНОРИРА.
  2. 2. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА МОЖАТ ДА ПОСТАПУВААТ ПО БИЛО КОЈ ДРУГ СЛУЧАЈ ОСВЕН СЛУЧАИТЕ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО НИВНАТА МНОГУ ТЕСНА НАДЛЕЖНОСТ ДАДЕНА ВО ЗАКОН.
  3. 3. НЕМА ПОДАТОЦИ КОИ БИ ГО ПОТВРДИЛЕ ТВРДЕЊЕТО ДЕКА ЗОРАН ЗАЕВ Е КРИМИНАЛЕЦ.
  4. 4. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЗОРАН ЗАЕВ И РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА ПОВИКУВАЛЕ БИЛО ШТО ДА СЕ ПАЛИ, ДЕМОЛИРА, ОГРАБУВА И УНИШТУВА.
  5. 5. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ. СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОТИВПРАВНО ПОСТАВЕНИ УРБАНИ ОБЈЕКТИ.

Фатиме Фетаи и Катица Јанева имаат само една цел. Се обидуваат неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот. Фатиме Фетаи и Катица Јанева не го познаваат ВМРО. ВМРО издржало многу покритични напади од нивните. ВМРО ќе ги издржи и овие нарачани политички случаи и ќе остане со народот.

НЕТОЧНО.

1. БИ МЕ ИЗНЕНАДИЛО КАТИЦА ЈАНЕВА И ФАТИМЕ ФЕТАИ ДА ИМААТ САМО ЕДНА ЦЕЛ ВО ЖИВОТОТ. СИГУРНА СУМ ДЕКА И ДВЕТЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ ЦЕЛИ КОИ НЕМААТ ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА, ПРАВОТО, А НАЈМАЛКУ ОД СЕ ИМААТ ВРСКА СО ДПМНЕ И НЕГОВОТО РАКОВОДСТВО.

  1. 2. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕКОЈ СЕ ОБИДУВА НЕОСНОВАНО ДА ГО ОЦРНИ РАКОВОДСТВОТО НА ДПМНЕ. СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ И СЕ ГРАДАТ ОБВИНИТЕЛНИ АКТИ ЗА ОСНОВАНО ОБВИНУВАЊЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА ДПМНЕ, НИВНО СУДЕЊЕ И СООДВЕТНА КАЗНА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ.
  2. 3. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА РАКОВОДСТВОТО НА ДПМНЕ Е НА СТРАНА НА НАРОДОТ. СО МЕСЕЦИ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПОКАЖУВАА И СЕ УШТЕ ЈАСНО ПОКАЖУВААТ ДЕКА ИМА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НАРОДОТ КОЈ НЕ МИСЛИ ДЕКА РАКОВОДСТВОТО НА ДПМНЕ Е НА СТРАНА НА НАРОДОТ.
  3. 4. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА НАРАЧАНИ ПОЛИТИЧКИ СЛУЧАИ ТУКУ ЗА ПОСТАПКИ ПРОТИВ ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ КОИ ОД ПОЗИЦИЈА НА ВЛАСТ ГО ПРЕКРШИЛЕ ЗАКОНОТ И НЕ САКААТ ДА ОДГОВАРААТ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕТО КОЕ ГО НАПРАВИЛЕ.

ПОЈМА НЕМАМ ДАЛИ КАТИЦА И ФАТИМЕ ГО ЗНААТ ВМРО. И МИСЛАМ ДЕКА ВО СЛУЧАЈОВ ВООПШТО НЕ Е БИТНО. НЕ МУ СЕ СУДИ НА ВМРО ТУКУ НА ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО ВЛАСТА ОД РАКОВОДСТВОТО НА ДПМНЕ ЗА КОИ ПОСТОИ ОСНОВАНО СОМНЕВАЊЕ ДЕКА УБИВАЛЕ, МАЧЕЛЕ, РЕКЕТРИРАЛЕ, КРАДЕЛЕ, МАМЕЛЕ, …

60 total views, no views today

КАКО ДРЖАВАТА СО КОЈА РАКОВОДИ (ВМРО)ДПМНЕ МИ ГО ОДЗЕДЕ ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО И ЗОШТО ТРЕБА ДА БИДЕ КАЗНЕТА

Правото на избор е еден од темелите на современата демократија и заштитата на ова право е должност на секоја демократска држава.

Оневозможувањето на изборот, ограничувањето на правото на избор, манипулацијата со изборите се гонат кривично, по службена должност и се казнуваат многу строго. Тоа е задача на државата.

Државата на чија раководна позиција се наоѓа ДПМНЕ 10 години ја злоупотребуваше својата надлежност и го загрозуваше правото на избор на своите граѓани.

Еден од начините на злоупотреба беше (е) манипулацијата на избирачкиот список.

  1. Државата во која власта ја држи ДПМНЕ континуирано внесуваше хаос во избирачкиот список со тоа што не го ажурираше (не ги бришеше починатите, оние кои веќе немаат македонско државјанство или пак одамна ја промениле адресата на живеење).
  2. Државата во која власта ја држи ДПМНЕ преку криминалната испостава која работи во просториите на Министерството за внатрешни работи издаваше (па и се уште издава) лични карти (документи за идентификација), на луѓе кои не се граѓани на Република Македонија и кои не би требало по ниту еден основ да имаат ваков документ, ниту пак право на глас во Република Македонија.
  3. Државата во која власта ја држи ДПМНЕ преку криминалците инфилтрирани во работата на Државната изборна комисија, со години спречуваше било кој облик на фактичка проверка на гласачкото тело.
  4. Државата во која власта ја држи ДПМНЕ оневозможи попис на населението и со тоа оневозможи било каква проверка на ситуацијата со гласачкото тело.
  5. Државата во која власта ја држи ДПМНЕ инфилтрираше свои криминалци во сите државни институции во кои се собираат податоци за населението и на тој начин овозможи лажирање на бројките на сите нивоа.

На овој начин државата во која власта ја држи ДПМНЕ можеше без проблеми да манипулира со бројките и да си обезбеди континуирано лажирање на сите изборни циклуси.

Дури и тогаш кога лагите излегоа на виделина и кога нелогичностите го достигнаа она ниво кога веќе не можат да останат незабележани, државата во која власта ја држи ДПМНЕ не прифати одговорност и не се согласи да го направи најнормалното нешто кое треба да го направи една власт која себе се нарекува демократска – да го провери избирачкиот список.

Заради ова, мораа да дојдат луѓе од страна, да извршат крајно непримерен притисок врз власта и да наметнат методологија со која ќе се провери дали меѓу оние кои се запишани на списокот има умрени, луѓе кои не живеат во Македонија, луѓе кои не се државјани на Македонија и луѓе на кои во последните 10 години им се издадени лични исправи со кои се тврди дека се државјани на Македонија и покрај тоа што не се.

Многу едноставно нели?

ДПМНЕ реши да ги употреби сите ресурси на државата кои му стојат на располагање и да најде начин како да избегне од избирачкиот список да бидат тргнати имињата на луѓето чии гласови можат да бидат употребени во нивна корист.

  1. Ги искористи инфилтрираните криминалци во државните институции и го лажираше процесот на споредба меѓу различните бази на податоци.
  2. Ги искористи криминалците инфилтрирани во Државната изборна комисија и создаде хаос во процесот на проверка.
  3. Преку криминалците инфилтрирани во Државната изборна комисија ги украде податоците од избирачкиот список и ги лажираше.
  4. Во методологијата внесе низа нелогични прашања кои овозможуваат манипулација со крајните резултати.

Резултат на овие активности беше:

  1. Сите имиња на луѓе кои немаат избирачко право да останат на избирачкиот список.
  2. Да се направи листа од имиња на луѓе кои по ниту еден основ не се сомнителни како гласачи
  3. Да се принудат луѓето да го докажуваат правото да бираат, наместо обратното, да бидат изнесени аргументи со кои се оспорува нечие право.

Државата во која власта ја држи ДПМНЕ прогласи дека ме нема во ниту една база на податоци во државните органи кои ги раководат криминалците на ДПМНЕ, дека не живеам на адресата на која живеам веќе 35 години, дека лажно се претставувам како државјанин на Македонија, дека сум ги фалсификувала мојата лична карта и патна исправа, дека противзаконски работам веќе 35 години во државна институција, дека немам имот на мое име и дека не плаќам даноци.

На тој начин, државата во која власта ја држи ДПМНЕ ми го одзеде правото на глас. Ме избриша од бирачкиот список на кој сум запишана веќе 42 години. И нешто повеќе. Државата со која раководи ДПМНЕ ме прогласи за криминалец.

Picture1

За да си го вратам правото на глас јас треба да докажувам дека не сум криминалец кој фалсификува јавни исправи, дека сум државјанин на оваа држава,  и во крајна линија треба да докажувам дека постојам.

Државата е должна да ги штити моите права. Во моментот кога ми е одземено правото на глас од страна на  државата со која раководи ДПМНЕ таа ги прекршила Уставот, меѓународните конвенции и националните закони.

Претставниците на таа држава кои се задолжени во рамките на Државната изборна комисија да го заштитат моето право на избор, мора кривично да одговараат. Тоа важи и за претставниците од другите партии и наводно независните експерти тоа го го дозволиле – тие станале соучесници во овој криминал. И тие мора кривично да одговараат заедно со оние од ДПМНЕ.

6579C7D4-693D-4A09-9FB9-C49EF867CE61_w987_r1_s

78 total views, no views today