ЛАЖЛИВЦИ И ИЗМАМНИЦИ

ВМРО ДПМНЕ се појасно се профилира како банда, пардон, партија на лажливци и измамници.

1. На мојата реакција во врска со дезавуирањето на годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет од страна на Александар Бичиклиски Александар Бичиклиски најбесрамно ја повтори истата лага, дека јас сум претседател на Хелсиншкиот комитет, дека сум била претседател во време на кандидирањето за градоначалник и дека сум учествувала во подготовката на извештајот на Хелсиншкиот комитет. Тоа значи дека или умствените капацитети на спомнатиот господин не му дозволуваат да проникне во тешките интелектуални објаснувања кои ги дадов, или, едноставно безочното и отворено лажење му е веќе усвоен манир кој му проаѓа кај рајата.

2. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, отворено го прекршил законот со тоа што на јавен оглас за фирма која ќе користи урбана опрема избрал фирма која што не

била регистрирана и не постоела во моментот на конкурирање на објавениот оглас и истото најотворено го призна во камера пред граѓаните, меѓутоа нема маж ниту жена меѓу полицајците, судиите и јавните обвинители, а за инспекторатот и да не зборуваме, кој/а ќе поведе постапка против спомнатиот прекршител на законот.

3. Во фарсата наречена собраниски инцидент, наместо министерката за внатрешни работи веднаш да го уапси граѓанинот кој со оружје влегол во Собранието на Република Македонија, односно, да ги казни соите вработени кои не го направиле тоа, таа ни објаснува дека пратениците му оневозможувале на службено лице да ја врши својата должност.

Според член Член 33 од Законот за полиција

1) Полицискиот службеник во униформа при примена на полициските овластувања, е должен да се легитимира.

2) Кога полицискиот службеник ги применува полициските овластувања во цивилна облека, е должен најнапред да се легитимира.

Иста ваква одредба има во член 28 од Законот за внатрешни работи и во член 3 од Правилникот за полиција.

Доколку спомнатиот човек не се легитимирал, тој е граѓанин со оружје и како таков претставува непосредна опасност за сите околу себе. Во таква ситуација единствено што им забележувам на пратениците на СДСМ е што не направиле граѓанско апсење, односно, требало да го разоружаат, да го онеспособат и да го приведат спомнатиот човек до најблиската полициска станица.

Со сите овие постапки, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ се профилира како банда, пардон, партија на лажливци и измамници и како таква треба да биде препознаена од страна на граѓаните. Доколку тие не се способни за тоа, толку полошо за нив самите.

56 total views, no views today

ОНА ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПРАШААТ А НЕ ГО ПРАШУВААТ НОВИНАРИТЕ

На 19 и 20 Април во сите медиуми се појавија написи за тоа дека се уапсени над 30 докроти заради сомнение дека направиле малверзации поврзани со доделувањето на инвалидски пензии. Во медиумите е објавено дека на сите им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Ниту еден новинар не го поставил прашањето:

1. Зошто е изречена мерката притвор? По кој основ?

Според Законот за кривична постапка оваа мерка се изрекува  тогаш кога осомниченото лице:

1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

ИДЕНТИТЕТОТ НА СИТЕ ДОКТОРИ БИЛ ПОЗНАТ, НЕ СЕ КРИЕЛЕ, А МОЖНОСТА ЗА БЕГТСТВО СЕ ПРОЦЕНУВА ИНДИВИДУАЛНО И СЕ РЕШАВА ПРЕД СЕ СО ОДЗЕМАЊЕ НА ПАТНИТЕ ИСПРАВИ ИЛИ СО КУЃЕН ПРИТВОР.

2) постои основан страв дека ќе ги уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите и

ОВА СЕ РЕШАВА СО СУСПЕНЗИЈА, А ВО ИЗЈАВИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ЈАСНО СЕ ГЛЕДА ДЕКА ЦЕЛИОТ ДОКАЗЕН МАТЕРИЈАЛ Е ВЕЌЕ СОБРАН

3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.

ОВА ИСТО СЕ РЕШАВА СО СУСПЕНЗИЈА

2. Зошто е изречена мерка притвор во траење од 30 дена?

Според Законот:

Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко нужно време.

ПО ШТО Е 30 ДЕНА НАЈКРАТКО НУЖНО ВРЕМЕ И КАКО МОЖЕ ДА БИДЕ ЗА СИТЕ ЕДНАКВО?

Должност е на сите органи што учествуваат во кривичната постапка и на органите што им укажуваат правна помош да постапуваат со особена итност ако обвинетиот се наоѓа во притвор.

ЗОШТО СЕ ШИРАТ ГЛАСИНИ ДЕКА ИСТРАЖНАТА СУДИЈКА КОЈА ШТО ЈА ИЗРЕКЛА МЕРКАТА ПРИТВОР Е НА ОДМОР?

(3) Во текот на целата постапка притворот ќе се укине штом ќе престанат причините врз основа на кои бил определен.

КОЈ ГО СЛЕДИ ОВА И КАКО МОЖЕ ДА СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ ПОЕДИНЕЧНО АКО Е ИЗРЕЧЕН КОЛЕКТИВНО?

3. Дали истиот судија/судијка се појавува постојано во ваков вид случаи, со исто решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена?

4. Дали се докторите уште во притвор?

Веќе во неколку наврати Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа предупреди дека притворот во Македонија се користи како облик на тортура.

38 total views, no views today

КОЈ ЛАЖЕ ТОЈ И КРАДЕ И ЗАВРШУВА ВО ЗАТВОР, А ВО МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ПРАТЕНИК

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ направија претстава (фарса) од донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Прво го одбија законот изработен од работното тело составено од претставници од министерствата, невладините, експерти и народниот правобранител. Потоа си изработија сопствена верзија (која нема врска со закон за спречување и заштита од дискриминација). Потоа ја пуштија таа верзија  во расправа во Собрание. Следно беше отворање на натпревар во борба со ветерници. Си поставија за цел да се справат со непостоечки намери со овој закон да се промовира инцест, полигамија и содомија. Изјавија дека немаат намера да ги прифатат европските стандарди и на крај открија ново заболување и промовираа лечење на истото.

Откако ги исшамараа во повеќе наврати, решија да се вратат на играта демократија. Во оваа фаза земаат делови од претходно направениот закон на невладините и експертите (или од лешот на убиениот закон) и се обидуваат да направат Франкештајн кој ќе го промовираат во манекен и во врвно достигнување на македонскиот интелект.

Си седат така на комисиите, и без мува да ги лази си предлагаат делови од “нашиот“ закон, па си се фалатмеѓу себе колку убаво ги смислиле амандманите и ги вклопуваат во монструозна комбинација која ќе продуцира мешанец составен од Мики Маус и Салвадор Дали. Во сета таа шарада (или како мали Ѓокица замишља Парламент) се плашам дека дечурланата почнува ептен да  губи врска со реалноста и дека ќе почнат дури и самите да ги јадат колачињата од кал што ги прават за своите кукли. После ќе ги боли меше.

Со оглед на тоа дека од овие кал=колачиња и сите нас може да не заболи ептен стомак, во прилог го ставам денешниот прес (кој што го дадов како претседател на Одборот за заштита на човековите права на ЛДП).

ИЗЈАВА ЗА ЈАВНОСТА – 18.03.2010

Алиби амандмани на предлогот на законот за спречување и заштита од дискриминација поднесен од Владата на Република Македонија

После острите реакции на невладините организации и на меѓународната заедница на предложениот текст за Закон за спречување и заштита од дискриминација поднесен од Владата на Република Македонија, владеачките структури се најдоа во стапица: да продолжат понатаму игнорирајки ги забелешките или да ја признаат грешката и да го прифатат за расправа текстот изработен во соработка со невладините организации (кој сега го предлага група пратеници).

Владеачката структура изнајде трето “соломонско” решение. Ќе поднесе алиби амандмани со кои ќе создаде двоен привид:

1. дека прифаќа критика

2. дека се донесува добар закон

Според амандманите кои имав можност да ги видам:

1. порано или подоцна сексуалната ориентација ќе мора да биде внесена во текстот на законот (после многу навреди, омаловажувања, етикетирања и лаги)

2. комисијата за еднаквост ќе си остане канцеларииче под капата на некое министерсво во кое ќе седат неколку Мирјани Димовски задолжени да ја штитат власта (која и да е) од граѓаните

3. остануваат бесмислено  дефинираните прекршочни санкции кои дискриминацијата ја изедначуваат со фрлање опушок на улица

4. цела група од членови неопходни законот да проработи и да ги штити сите граѓани од различните видови на дискриминација, се едноставно поттурнати под килим

5. сите Гиневци во Македонија ќе можат слободно да поттикнуваат на дискриминација

5. во текстот се промовираат одредби со кои одново се потенцира бинационалноста наспроти мултикултурноста во Македонија

Наместо расправата за овој закон да ја отвори вратата на еднаквоста, владеачката партија го употреби донесувањето на Законот за промоција на дискриминирачко однесување, за непречен говор на омраза и за поттикнување на дискриминација и се разбира, натамошна бинационализација на државата. Најголем губитник ќе бидат граѓаните. Разбирале тоа тие или не.

90 total views, no views today

ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ – УШТЕ ЕДНА ШАНСА ЗА ВМРО-ДПМНЕ?

Се повеќе почнува да ме плаши двосмисленоста на паролата на ВМРО-ДПМНЕ. Што значи тоа “заедно” и што значи тоа “повеќе”?…

136 total views, 2 views today

ЕДНОПАРТИСКИ СИСТЕМ

Во услови кога значајно мнозинство (доволно за донесување на законите) припаѓа на една политичка паертија, кога Премиерот и најголем број министрите во составот на Владата се припадници на истата таа партија, доколку е скоро сигурно дека за Претседател на државата ќе биде избран кандидатот на истата таа партија и доколку (што е многу веројатно), градоначалникот на главниот град на државата, Скопје, биде припадник на истата таа партија, а поголем дел од градоначалниците на општините се исто така припадници на истата таа партија, тогаш во што се состои полипартискиот систем во Република Македонија?

Во развиените демократии граѓаните во вакви ситуации дури и намерно гласаат за друга политичка опција, се со цел обезбедување меѓусебна контрола на различните делови на власта и превенција од потполно дезавуирање на полипартијството.

Што ќе се случи кај нас? Дали на голема врата ќе го вратиме едноумието во неговото најлошо руво: апсолутно самоволие поткрепено со насилство, закани и ограничувања на основните слободи и права на граѓаните?

55 total views, no views today