ЗА ДИКТАТОРОТ

Преку својата официјална страна, Владата им соопшти на граѓаните дека: “Новиот концепт Менаџмент етика ќе ги унапреди позитивните резултати во администрацијата и услугите кон физичките и правните лица“. Во информацијата се вели дека: “Владата на Република Македонија е суштински посветена и работи на унапредување на администрацијата, и тоа во насока на обезбедување на професионална, стручна […]

ЗА ВЛАСТА КОЈА ГИ МРАЗИ СВОИТЕ ГРАЃАНИ

Почнува многу да ме развеселува читањето на закони кои ги предлага и донесува актуелната власт. Во моментот кога ќе помислиш дека го достигнале сопствениот врв, тие ќе излезат со нови и сосема неочекувани идеи. Го знаете она чувство кога нешто ве скокотка во стомакот и се нешто ви иде да се изнасмеете. Е такво ми […]

ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ГРУЕВСКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ?

Одеднаш, во средина на сопственото севластие, премиерот Груевски, фрли ракавица на предизвик до опозицијата за одржување на предвремени избори во октомври 2013 година. Секој просечно паметен човек би се запрашал зошто некој кој е веќе на власт, кој наводно ја води државата во континуиран напредок и просперитет и кој има визија за перспективата на државата, […]

ЗА КОМИСИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Наспроти медиумските известувања, наспроти однесувањето на претседателот и членовите на комисијата и наспроти однесувањето на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Комисијата за настаните од 24.12.2012 година, не е комисија за договарање, преговарање или изнаоѓање компромисни решенија. Според официјалната страна на Претседателот на државата оваа комисија е формирана со цел: 1. Да се расветлат настаните кои […]

НЕ Е САМО ИМЕТО ВО ПРАШАЊЕ, или, ЗОШТО ВЛАСТА ГО ЗАБОШОТИ ПОПИСОТ

 Парламентарното Собрание на Советот на Европа донесло резолуција со која и се наложува на Македонија да го направи пописот на населението во најкраток можен рок. Оваа резолуција не се појави во владините соопштенија. Премиерот не ја спомна, а ни министрите. Па и новинарите не се испотепаа да ја објават. Пописот е една од алатките на […]